Не дека сакам да го правам,само сакав да знам дали некој монтирал вакви калеми на некој проект.Инаку се гледа дека претеруваат по ладилниците,електролитите,бакарните плочки на напојувањето.Инаку ова треба да е некој проект на Doca.
Шемата е класичен Пи LC филтер (паралелно C, сериски L, паралелно C).
Калемите, исто како кондензаторите се акумулатори на енергија.
Наместо да поставуваш големи вредности на кондензатори, можеш да примениш и ваква комбинација на помали кондензатори и дополнителен калем.
Можеби градителот немал големи кондензатори (или му биле поскапи), па си поставил ваква комбинација..... за да постигни ефект на поголеми кондензатори. Можеби оптимизирал по тоа што има дома, или по она што би го чинело помалку за да го изгради. Обично, овај спој, има добар ефект во намалувањето на брумот, односно се постигнува убаво пеглање на исправениот напон.
Дополнително, како што споменаа на форумот, за вториот кондензатор ќе има ублажена "ударна струја", но за првиот кондензатор калемот нема ефект од аспект на ударна струја.
Поздрав.