Провери ги напоните на напојувањето, види дали навистина ги даваат означените ознаки во празен од (кога не е поврзано напојувањето за матичната плоча и екстерните уреди: HDD, CD-ROM...) и кога е оптеретено напојувањето (кога е врзано напојувањето за матичната плоча). Напоните не би требало да отстапиваат повеќе од 10% од нивните назначени вредности (кога е оптеретено напојувањето, иако во некои случаи и 5% се многу, но мислам дека за волку стара матична и 10% нема да прават проблем
).
Доколку се е во ред со напоните, пробај пушти ја матичната плоча без да има приклучено нитуедна компонента на неа и види дали ќе добиеш звучни сигнали од BIOS-от. Без да има ништо приклучено на неа, би требало да даде некаков звучен сигнал (побарај на интернет за звучните кодови на BIOS-ите, колку beep-ови што значат, мислам дека три значат дека нема RAM или дека има некој проблем со RAM-от, или така нешто, за останатите, не ми текнува во моментов, на net има подетално што како, и јас сум ги заборавил
). Ако не даде никаков звучен сигнал плочата, провери дали правилно си го врзал звучничето, провери два или три пати ако треба
. Ако си сигурен дека звучничето е правилно врзно, напоните се во ред, но сепак плочата не дава никаков звучен сигнал иако нема ништо приклучено на неа, најверојатно плочата е изгорена (а бидејќи и процесор си врзал за изгорената плоча, има големи шанси и он да е изгорен, така да провери го и него :S).