Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Претставувања => Topic started by: bumbar on 08.08.2012, Wednesday, 16:22:11
-
Член сум на форумов од пред 1,5 месец ми се чини. Жал ми е заради непретставувањето досега ама дури сега детално го разгледав форумот и видов дека има и ваква рубрика.
Значи вака и вака:
Од Скопје, мислам дека се веќе 43 години, од 11 години електроничар ама не и дипломиран. Самоук до ниво на имбецилност :)
Некои работи ми се заборавени за жал....
Дипломирав нешто сосема друго кое нема врска со електроника.
На 12 години направено прво појачало (засилувач). Оттогаш бројот на слушнати, направени и поправени е голем. Од 2000 до 2009 без капка калај во себе. Во 2009 му ветив на колега дека ќе му направам засилувач. Сега сум повторно заљубен во аудио-електрониката. По принципот - Мушкарци су као аутобус, увек се враќају на прву станицу!
П.С. Штета што струјата пак поскапе. Бројот на луѓе кои ќе се обидат да прават А-класа ќе биде се помал. Ова не го кажаа на ниту едни вести какоз агуба за македонската хај-фај реалност
Бесплатни совети при купување „засилувач на старо“ или звучници. Особено оние што беа „извикани“ во 80-те, па до средината на 90-те години од минатиот век...
-
е ај задоцнето да ти речиме добредојде на форумов и имај пријатен престој :D
се надевам дека убаво ќе си врвиме без многу да се расправаме и опоменуваме :D
-
Како што рече Devil, еве и едно задоцнето добредојде ;D.
-
Добредојде и од мене... 8)
-
е ај задоцнето да ти речиме добредојде на форумов и имај пријатен престој :D
се надевам дека убаво ќе си врвиме без многу да се расправаме и опоменуваме :D
Се извинувам што упаѓам вака во муабет, но сум забележал дека скоро во сите теми во *претставување* има ваков тон од страна на *администрацијата* на форумот. Зошто е тоа така ?
-
Добредојде bumbar

Повеќе на шала е ;). Не е нешто премногу сериозо ;).

Ок разбирам, но малку е демотивирачки некој да продолжи да биде член или подржавач на некое движење/организација доколку е добредојден со *Играј по нашите правила или чао*. Каде е транспарентноста овде ? :)
-
Devil не мислеше ништо лошо, тоа го кажал само колку да се обврне повеќе внимание на правилата, а со самото тоа форумот станува поквалитетен :)
-
е ај задоцнето да ти речиме добредојде на форумов и имај пријатен престој :D
се надевам дека убаво ќе си врвиме без многу да се расправаме и опоменуваме :D
Се извинувам што упаѓам вака во муабет, но сум забележал дека скоро во сите теми во *претставување* има ваков тон од страна на *администрацијата* на форумот. Зошто е тоа така ?
за да избегнам разговори од овај тип, а ако не ги сака правилата, чаопријатно
јас давам од мој џеб за форумот да постое така да.има да се следат некој правила

Транспарентно 100% :) Фала на појаснувањето
-
Ок разбирам, но малку е демотивирачки некој да продолжи да биде член или подржавач на некое движење/организација доколку е добредојден со *Играј по нашите правила или чао*. Каде е транспарентноста овде ? :)
Тоа што Devil го пиша е повеќе во контекст на тоа да бидете учтиви и културни со останатите членови, да се почитуваат правилата на форумот, итн. Ако си ги почитувате правилата, во принцип, нема никакви проблеми ;).
-
Еве и од мене едно Добредојде , имај убав престој на форумот :)
-
Се надевам дека ќе се „расправаме“ квалитетно.
Особено ако има поддржувачи на мојата идеја за Аудио-клуб или Клуб на аудио-самоградители каде „во живо ќе можеме да си ги измериме направените аудио-компоненти“...
Дотогаш, одам да побарам квалитетен мајстор за фарбање медијапан за предната плоча од новиот „покус“ со звучници.
-
Се извинувам што упаѓам вака во муабет, но сум забележал дека скоро во сите теми во *претставување* има ваков тон од страна на *администрацијата* на форумот. Зошто е тоа така ?
Повеќе на шала е ;). Не е нешто премногу сериозо ;).
Ок разбирам, но малку е демотивирачки некој да продолжи да биде член или подржавач на некое движење/организација доколку е добредојден со *Играј по нашите правила или чао*. Каде е транспарентноста овде ? :)
Тролко,кажи ми каде има демократија,па да најдеш овде? Демократијата е за во книгите,ама на Форумов (извини) мора ред да има.Само ,тоа ти е *ко бајаги* бидејки Форумов е сепак подемократичен од ,на пример - Парламентот.Овде барем не дозволуваме никој никого да навреди.А правила мора да има- тие се и основа на демократијата,ако баш сакаш на таа тема.
-
Се надевам дека ќе се „расправаме“ квалитетно.
Особено ако има поддржувачи на мојата идеја за Аудио-клуб или Клуб на аудио-самоградители каде „во живо ќе можеме да си ги измериме направените аудио-компоненти“...
Дотогаш, одам да побарам квалитетен мајстор за фарбање медијапан за предната плоча од новиот „покус“ со звучници.
Идејата за аудио клуб е одлична, ама најверојатно ќе биде само во склопот на некоја друга организација (како на пример Народна Техника, или како и да се викаше сега). Тешко дека сам по себе може да опстои таков клуб :S.
-
Во пракса,можат 5 мина да си направат некое граѓанско здружение ,со Статут,жиро сметка,како Куќните совети ;D ;D ;D и да побараат дури од Општината каде се регистрираат да им отстапи и некој простории.Потоа може да учествуваат на конкурси за проекти и да направат дури нешто како Фестивал на новоизградени аудио компоненти... :D :D ;) Па после да видиме на кој му е подугачак звучникот и да видиме дали сите Тѕ компоненти се вградени или не.Е тука иде Клио,па не знам што и на крај може и тепачка да испадне 8) ??? Шала на страна - ова е една од можностите.Иначе НТ не се бави со вакви клубови ( барем досега не сум чул некаде во склоп на НТ да има вакво нешто!).