Ако се извадени од стари видеа, не верувам дека имаат некоја голема моќност, измери ги димензиите на средишното јадро (околу кое се наоѓаат намотките) и ќе ја дознаеш моќноста точно. Околу одредување на примарот и секундарот - примарот лесно ќе го најдеш со мерење бидејќи има доста поголем отпор од секундар(ите), најчесто 200-300ома за разлика од секундарите кои обично се по неколку ома, кога еднаш ќе го одредиш примарот приклучи го на мрежа и само измери ги секундарите.