Македонски форум за електроника
Останато => Електронски компоненти => Topic started by: GigaWatt on 10.08.2018, Friday, 17:14:34
-
Во оваа тема може да дискутирате за квалитетот на компонентите од продавниците низ Македонија ;). Пишете во темава за други процавници и нивна локација, ќе бидат додадено во листата на можни одговори на анкетата ;). Исто така, корегирајте ме во врска со имињата на продавниците, дали се напишани правилно, не знам дали се, некаде се пишани на кирилица, некаде на латиница, некаде со цртички, некаде без цртички... кој знае точно како се викаат :S.
Моментално немам време да пишам некој подолг коментар во однос на квалитетот на деловите, но сметам дека Loging моментално се лидери... солени, но сепак, ми се нема случено да купам нешто од таму и да е неисправно. Во таа група спаѓа и Алфа. Немам купувано премногу од нив, но од она што го имам земено, се е исправно :), а и во однос на цена се далеку поевтини во споредба со Loging ;).
Ако веќе имате дадено некое мислење во оваа тема (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=14345.0), можете едноставно да го цитирате мислењето од таму и да додадете или допишете нешто, ако сакате :).
-
Сметам дека секој кој што сака да напише нешто во врска со темата да не биде „истресено“ од ракав туку да биде аргументирано со конкретни случаеви и тоа не само од една ситуација туку од подолга и повеќекратна „соработка“ со посочената фирма или продавач.
Анкетата јас би ја сметал за релевантна под услов да гласале најмалку педесетина гласачи. Затоа секоја негативна или позитивна критика ќе ја сметам за тенденциозна или како реклама!
-
Еве и тука нека стои:
Прошлата недела ми донесе муштерија делови од Гац да му направам нешто, го склопив уредот ама не работи. Проработи дури откако го сменив TL081 со друг што го имав дома, му кажав на муштеријата дека му продале неисправен дел, падна малце пцуење и се заврши тоа. Не знам што ми текна пред да го фрлам, го проверив со тестерот за интегралци, ми напиша TL082, го пробав на друга плочка, работи, значи фабрички погрешно обележан дел, првиот е единечен, вториот двоен ОЗ со скроз различен распоред на изводи... :o Исто имаше земено и некои TL084, кои додуша работеа, ама ознаките им беа како некое дете да ги пишувало со бела мрсна боица, ни производите, ни серија, ништо...
Муабетот ми беше, кој знае во која шупа ги прават деловите што завршуваат по нашите продавници, или не работат, или ако работат кој знае какви карактеристики имаат... :P
Еве слика и од тие TL084 да видите како изгледаат:
(https://s25.postimg.cc/x962pe5pb/image.jpg) (https://postimages.org/)
-
Од гац имам земрно каскада, ко баејаги заменска, ај што беше еднаш залемена па и не одговараше. После зедов триак кој покрај што беше поскап од логин и не работеше како што треба.
Со логин генерално сум имал добро искуство, освен што некако поединци ми се некако изметкани па ги грешаваат деловите. Значи проверка обавезно на лице сместо.
Алфа( од бт) порано имаа проблем со персоналот 3 кондензатора да порачаш 5 ќе ти пратат и тие грешни. Инаку да си појдеш в продавница се ок се како ќе си провериш на лице место. Сега гледам шиткаат и градежен алат, механичарски алат, мешалки за малтер, скали, скелиња разбијачи на бетон, али секторот за елетроника си е сеуште во ф-ја.
На солунска 75 (улица е во Битола) исто има продавница, праќаа на времето по бус, сега може и по карго, исто така солиден квалитет. Цените им се горе-долу слични.
-
Еве слика и од тие TL084 да видите како изгледаат:
...
Ц ц ц ц ц ц... а тоа x9 изгледа им значи 9-ти изработен во серијата ;D ;D ;D. Сигурно и мало богатство наплатиле за него ;D ;D ;D, бидејќи е рачно гравиран ;D ;D ;D.
Ајде еве јас да пишам за моето последно искуство со Гац ::). Сите биле бисер до бисер, ама искрен да бидам, таму немав влезено... па едно сигурно 5 или 6 години пред да се случи ова, пред околу една година беше... можеби малку помалку, 9, 10 месеци, ама тука некаде.
Одам во Гац да го купам далечинскиот управувач препорачан од Toma во оваа тема (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13709.0) и влегувам, „добар ден“, „добар ден“ и од другата страна, постариот (таткото) беше на смена (мислам Ристе се викаше син му).
Јас: Ми треба далечинскиот управувач од оваа слика, кодна ознака му е L033 од заменските далечински управувачи.
Продавачот: Аааа, чекај, ќе видиме за тоа. Дај сликата да видам. (Му давам печатен лист со истата слика од темата.) Аха, чекај да видам. (Разгледува некој печатен каталог таму едно 5 минути, јас навистина не знам во кое време живееме ::), па го немаш ли во дигитална форма ::), теее ::)). А, да, еве гоооо, тој е. (::), добро ајде, „нејсе“, си реков).
Јас: Која цена е?
Продавачот: 350 денари... за фирма ти е или за тебе?
Јас: За мене.
Продавачот: Може за 300 денари да ти го дадам, онака, како за тебе 8) (Можно е да ме позна дека сум доаѓал и претходно... не знам.)
Јас: Искрено, не ми е тоа толку важно, важно ми е да работи и да можам да влезам и во сервисно мени на телевизорот, има зезната геометрија, ми треба сервисното мени за да можам да ја нагодам.
Продавачот: А, тоа јас не можам да ти гарантирам.
Јас: Да де, јасно дека не можеш ;). Прашањето ми беше дали може да го заменам или дали може да ми ги вратиш парите назад во случај да не работи како што треба, да не можам да влезам во сервисното мени.
Продавачот: За враќање, не можам, тоа никаде не може!
Јас: Е како не можеш ???. Сторна сигурно можеш да направиш, не ти барам без фис***** да ми го дадеш ???, само сакам да знам дали може да си ги вратам парите ако во ниедна комбинација, ниедно далечинско што ќе ми го дадеш не работи како што треба со оној телевизор кој ми е дома.
Продавачот: А, па јас не знам кој телевизор го имаш ти дома.
Јас: Па пишано е на самиот лист (::))... и ознака на шасија има пишано.
Продавачот: А, тоа е друга работа. Чекај да видам. (Пак гледа низ каталогот ::)) Па да, тоа е L033, тоа е, нема друго заменско за овој модел.
Јас: ОК, добро, ајде еве не може да ми ги вратиш парите (некако се помирив со тој факт ::)), може ли барем да го заменам ако ова не работи како што треба?
Продавачот: Да да, може, нема проблем.
Јас: Добро... значи вака, не знам колку ќе имам слободно време денес да го пробам, можеби утре или задутре да го пробам, па тогаш ќе знам дали работи или не, ако не... (ме прекинува... патем, ова е екстремно некултурно)
Продавачот: Ееее сега... ај ако не после еден месец да дојдеш, а >:(?
Јас: Не, не реков еден месец, реков за некој ден, ќе дојдам најдоцна задутре ако случа... (пак ме прекинува)
Продавачот: Неее, не не... денес, пробај, ако ти чини, ОК, ако не, дојди замени го.
Јас: Значи не можам денес, имам други обврски сега, најверојатно дури вечер ќе се вратам дома, а искрено, немам намера тоа да го правам вечер најверојатно ќе бидам многу уморен. Утре, задутре најдоцна ќе го вратам ако не одговара.
Продавачот: (Се смешка цинично) Абе кај со поуст сакате да земете, згора на тоа... да не ти се верува... ц ц ц ц ц.
Јас: Никој никаков попуст не спомна! Ќе си го платам по регуларна цена, реков дека тоа не ми е проблем, проблем ми е дали ќе можам да го... (пак ме прекинува)
Продавачот: (Арогантно и агресивно) Ај иди до Бит Пазар купи си даљинско! Што бараш во продавница за електронски делови! (Нервозно го фрла каталогот на друга страна.)
Јас: Молам ???!!! Пријатно! (Си го земав листот и излегов.)
(Мислам дека не излегување го чув како да кажа „да ви *бам неписмените“, ама да не грешам душа, не знам дали така навистина кажа, можно е да грешам.)
Толку беше... без разлика дали тоа на крај го кажа или не, односот му беше, се освен услужлив... прво, некултурно е да прекинуваш некој сред реченица, кој сака нека е, освен ако не ти е некој ептен близок, па дискутирате, дебатирате нешто, па сте се разжустриле, тогаш е ОК, и јас знам да го правам тоа, ама само со пријатели или роднини... значи блиски луѓе.
Не ми текнува дали муабетот беше баш таков како што го пишав, но и ако не беше, тука некаде беше. Само знам дека веќе не влегувам таму и на никој веќе не му го препорачувам. Како што пишав и во другата тема, последен дел да е на планетава, ќе го фрлам уредот, нов ќе земам, не влегувам таму.
А да, сега ми текна и на една друга случка од поодамна. Отидов да купувам STK излезен засилувач од таму. Тогаш беше син му на смена. Го праша дали има оригинал STK или некои добри копии, ми рече има. Пак го прашав дали се оригинал, ми рече „пфффф, 100%“ ::). Добро, ајде, иако скоро никаде веќе нема оригинали, ај, нека биде така. Му ја кажувам ознаката, почекав да побара, најде, ми го дава... изработка... ко да е од оние 1% што се фрлаат кога ќе излезат од фабрика ::). Му викам дека е ова копија, ми вика, не бе оригинал е ::). За среќа го носев оригиналниот и му го покажав, му викам, види како е ова изработено, а глеј го ова што ми го даваш, како да е изрод од фабрика. Ми вика, епа сега... така ги прават сега, не сум јас за тоа крив. Му викам, слушај, ОК е ако е копија, не барам оригинал, само да работи добро, да не изгори по 5 минути работа, тоа ми најважно. Ми вика, абе слушај ме кога ти кажувам, оригинал е. Добро ::). Го купив, одам дома го монтирав, го пуштам засилувачот... ништо... исто како да не е пуштен. Прегледувам случајно нешто погрешно да не сум залемил, ова она... се изгледа ОК. Ај со сигнал трасер да видам дал му доаѓа сигнал на влез... сигнал има. Провери на излез... ништо, ни шум нема. ОК, се враќам назад по час или два, му викам, ова не работи. Го зема, го гледа, ми вика, епа нема да работи кога си го изгорел. Го прашав, е од кај виде дека сум го изгорел, жити се. Ми вика, па глеј го какво е. Јас зачуден ???, му викам, па такво ми го продаде. Ми вика, ааа, не, не беше вакво, да, имаше некои недостатоци при изработка, ама не беше вакво... копија е, ама ни копиите не изгледаат вака. Јас лут му викам, па нели оригинал беше >:(. Ми враќа, кој го рекол тоа? Му викам, па ти, пред час и половина, два, колку и да беше, денес кога го земав ова. Ми вика, не, не сум кажал такво нешто... па ваљда знаеш дека веќе нема оригинал STK 8). Му викам, да, знам, затоа и прашав дали е оригинал или не. Ми вика, па ако си знаел, што прашуваш (смешкајќи се). Добро... изнервиран бев, но смирено му реков, добро, врати ми ги парите, нема никаков проблем да има. Ми вика нема проблем и ми вади третина од сумата, или тука некаде, од цената по која го купив. Му викам, па не го земав толку. Ми вика, епа си го изгорел, си го лемел, не примаме назад лемени компоненти. Му викам, друже, како да го пробам ако не го залемам ???, не ме зезај. Ми вика, а, тоа ти си знаеш. Си ги земав парите, му го џитнав STK-то и си излегов.
Не не... и двајцата се такви... ако сакаш да те дриблаат за твои пари, оди кај нив ::).
-
Со логин генерално сум имал добро искуство, освен што некако поединци ми се некако изметкани па ги грешаваат деловите. Значи проверка обавезно на лице сместо.
Да, и мене еднаш ми се случи погрешен дел да ми дадат, дури дома забележав, откако го залемив, ама немаше проблем, се вратив и културно замолив, им реков дека не видов кога го купив дека не е тоа делот што ми треба. Ми рекоа нема проблем, ми го дадоа она што ми треба, мислам дека доплатив уште нешто, не знам колку, и толку беше.
И од тогаш имам навика се да проверувам пред да го купам ;).
Сега гледам шиткаат и градежен алат, механичарски алат, мешалки за малтер, скали, скелиња разбијачи на бетон, али секторот за елетроника си е сеуште во ф-ја.
Како што пишав и во другата тема, сите се снајдоа на некој начин, едни на еден, други на друг, за да опстанат. Од кондензаторчиња, отпорничиња и каскади не се живее во денешно време... барем не кај нас. Не знам како стојат работите во странство.
На солунска 75 (улица е во Битола) исто има продавница, праќаа на времето по бус, сега може и по карго, исто така солиден квалитет. Цените им се горе-долу слични.
Епа дај дознај го името на продавницата, ќе ја додадеме горе на листата на продавници во анкетата ;).
-
Од човек кој има работено во Логинг имам слушнато дека деловите им се набавени од солидни европски фирми а не од Кина, Турција и сл. и се се оригинални и за тоа се скапи.
Од еден од продавачите во БТ слушнав дека конкретно транзисторите им се набавени од Турција, можно е па турците да набавуваат од оригиналниот производител. Цените им се пониски од оние на Логинг. Генерално сум задоволен од БТ.
Задоволен сум од Алфа електроник но не знам од каде ги набавуваат деловите и дали се оригинал.
Ако некој знае нека пише :)
-
Јас сум нов на форумов и непријатно се изненадив од вакви тендециозни пишувања.Работам 25 гоини како сервисер и искрено ке кажам дека Гац Електроник е најснабдена продавница во Македонија, располагаат со над 25 000 компоненти.И не се сложувам дека не се услужливи. Ако некој и мене во сервисот ми дојде кој претходно се карал со сопругата и е надмен, арогантен и не знае што сака, јас сакал-неќел се однесувам како него.Околу набавката на деловите нека не ве лажат глобално сите делови се од еден центар.Точно е дека има и неквалитетни делови но тоа е кај сите продавници без исклучок.
Има една српска поговорка :Два лоша убише Милоша".
Поздрав
-
Човек од ГАЦ или на ГАЦ?? Може би самиот ГАЦ?? Не е важно, да чуеме повеќе мислења, да не го тепаме човекот предвреме!
-
Епа дај дознај го името на продавницата, ќе ја додадеме горе на листата на продавници во анкетата ;).
и јас така е знам, може и фирма да немаат :) нека сњ јави некој битолчанец :)
Инаку деловите од логинг се за нијанса поскапи од алфа, но и на око се полични, така да не е чуден муабетот за квалитет.
На работа треба да се понашаш професионално, а не да решаваш лични проблеми или да се понашаш као да ние зависиме од него.
-
Откако се занимавам со електроника, деловите што ги користам најчесто ги порачувам од Алфа и Логинг. Со двете продавници сум имал најчесто позитивно искуство. Освен, последниот пат кога порачав од Логинг имав проблем со каргото, по кое што ги испратија елементите, кои што ми наплатија 250 денари повеќе. Но, веднаш им пишав e-mail на Логинг да видам што е грешката и за 2 дена ја исправија, ги добив парите назад ( не се некои пари, но побитно е да се укажи за да не дојде и на друг да се случи ). Ете, тоа е од прилика моето искуство со двете продавници.
-
Најповеќе од Логинг се снабдувам и немало никаков проблем до сега, како артиклите така и вработените се ок.
Најповеќе одам таму пошо не му ја мислам за паркинг, за 10 денари саат време мада работа завршувам за 15-20 минути максимум, абе мераци. ;)
Исто така од ГАЦ поретко, ама и таму немало никаков проблем до сега, освен колата што ја паркирам од кај булеварот на тротоар па ко на клинци цело време. :D
За тоа дека ГАЦ е најснабдена хмм... малку потешко :P, дефинитивно Логинг се најснабдени по мене, а и најскапи во Македонија. :)
-
Кога пишав дека Гац Електроник се најснабдени мислев на компоненти од мојата дејност -РТВ сервисер т.е. компоненти за новите ТВ апарати во СМД технологија и други активни и пасивни елементи. Со мерни инструменти и други уреди се снабдувам во Логинг.
-
Најповеќе од Логинг се снабдувам и немало никаков проблем до сега, како артиклите така и вработените се ок.
Најповеќе одам таму пошо не му ја мислам за паркинг, за 10 денари саат време мада работа завршувам за 15-20 минути максимум, абе мераци. ;)
Исто така од ГАЦ поретко, ама и таму немало никаков проблем до сега, освен колата што ја паркирам од кај булеварот на тротоар па ко на клинци цело време. :D
За тоа дека ГАЦ е најснабдена хмм... малку потешко :P, дефинитивно Логинг се најснабдени по мене, а и најскапи во Македонија. :)
Имаш зад ГАЦ паркинг бесплатен, најчесто и има место. Па не би рекол дека се најспапи, барем не за ситеделови, знаат да пукнат неклја цена за некој отпорник или кондензатор али па се доста квалитетни.
Последно земав потенциометри по цена од 200 денари, али стварно беа со врвна изработка.
Атанас за што ти наплатиле логин 250 ден плус?
Спомнав дека може да грешат, луѓе сме сите грешаваме ... :)
-
Имаш зад ГАЦ паркинг бесплатен...
Не е бесплатен, има табла, ама ретко врти контрола таму... ;)
Иначе пиковите, на пр., се поефтини во Логинг него ли во Гац.
-
Атанас за што ти наплатиле логин 250 ден плус?
Спомнав дека може да грешат, луѓе сме сите грешаваме ... :)
Па, не беше грешката до Логинг, но тие ја решија. Во каргото место да пишат 600 и нешто денари тие пишале околу 800 и нешто...
-
@Gone: Друже, малку симптоматични ми се коментариве... зачленет си 11.08.2018, темата е отворена 10.08.2018... коинциденција ???... не би рекол 8). Ситуацијата е повеќе од очигледна, ама ајде, коментирај си и брани си ја продавницата.
А ако си РТВ сервисер, каде си до сега да пишеш на форумов ???. Не постои од вчера ;D.
И да бидеме искрени, повеќето РТВ сервисери во денешно време, или си ги купуваат деловите од интернет или се снаоѓаат како знаат и умеат. Не верувам дека во некоја продавница во Македонија има цели матични плочи за телевизори или напојувачки секции ::)... бидејќи скоро секој проблем што не спаѓа во доменот на подуени електролити, веќе така се решава. А и да има, кој знае која цена се. Немам чуено некој да прелемува BGA чипови на ТВ апарати во денешно време. Веќе не се исплати да се прави тоа ни на лаптопи, а камо ли на ТВ апарати. Евентуално телефоните уште може да се во игра за такви работи.
Од еден од продавачите во БТ слушнав дека конкретно транзисторите им се набавени од Турција, можно е па турците да набавуваат од оригиналниот производител. Цените им се пониски од оние на Логинг. Генерално сум задоволен од БТ.
Да, генерално земено, BT работат со Труција ;). Но, да бидам искрен, и со делови од нив до сега сум немал проблем ;). А најевтини се во Скопје ;). Но, за жал, баш и немаат се што ќе побараш :S. Имаат делови на лагер, понекогаш и нешто ретко, ама генерално земено, не се снабедни толку добро како Гац и Loging ;).
Затоа дувалките им се одлични и по разумна цена ;). Кинески копии на Hakko, ама на кој му е гајле ако бркаат работа ;).
-
Имаш зад ГАЦ паркинг бесплатен...
Не е бесплатен, има табла, ама ретко врти контрола таму... ;)
Иначе пиковите, на пр., се поефтини во Логинг него ли во Гац.
Бесплтен е кај што се матизите црвени од автошколата, кај што гледа кам маркет, цел паркинг е гага, ната се наплаќа. Исто и преку улица, после подвожњакот одспроти паркингот е бесплатен. Не дека 10 денари се некоја пара кај логин. Исто и кај БТ може да се паркираш пред дуќан.
-
Може има некое местенце ете го знаеш, иначе лани прелани кога беше, божем не се плаќа ова она (кај УЈП) и ме репнаа со дневна 720 ден, па платив веднаш пола 400 ден на лице место, и од тогаш си плаќам како попче секаде каде што не ја гледам колава со свои очи. :D
Поефтино ми се фаќа кога плаќам. :D ;)
Затоа дувалките им се одлични и по разумна цена ;). Кинески копии на Hakko, ама на кој му е гајле ако бркаат работа ;).
Одамна немам поминато во BT, баш ме интересира што цени имаат за дувалките. ;)
-
Одамна немам поминато во BT, баш ме интересира што цени имаат за дувалките. ;)
6000 денари, далеку од скапо ;).
Мислам на двојна, лемна станица и дувалка, само дувалките им се по 4000 мислам.
-
Штета што не им текнало да донесат и некој desoldering gun ,одамна ми треба еден... :P
-
Мислиш на нешто вакво?
(https://s20.postimg.cc/9ye2vqt19/Desoldering_Gun.jpg)
Не гледам поента да го поседувам ова ако имам дувалка... барем не ако ми треба за вадење на компоненти од уреди за растурање.
-
6000 денари, далеку од скапо ;).
Мислам на двојна, лемна станица и дувалка, само дувалките им се по 4000 мислам.
Да, одлични цени. 8)
-
Не гледам поента да го поседувам ова ако имам дувалка... барем не ако ми треба за вадење на компоненти од уреди за растурање.
Многу е побрзо и подобро за одлемување through hole делови, верувај... ;)
-
Е, треба да ги гаѓам :S, со дувалката, дуваш околу, не мора да си прецизен ;).
-
гига грешка си за тоа, средно кога одев на пракса во една фирма имаа такво пиштолче за одлемување, по закон работа не постои од него..а и летоска оди одлемувај со дувалка па да се препотиш цел и фацата да ти жежи уште повеќе :D
-
Не гледам поента да го поседувам ова ако имам дувалка... барем не ако ми треба за вадење на компоненти од уреди за растурање.
Кој не пробал, тој не знае :D
-
...а и летоска оди одлемувај со дувалка па да се препотиш цел и фацата да ти жежи уште повеќе :D
Затоа монтрав еден вентилатор со мала перка, ама многу голем број на вртежи (сам го правев, моторот не знам од што е, само знам дека е синхрон, исто како на вентилаторите, без четкици и е многу моќен ;)) и така работам, немам како на друг начин.
Е сега, да, недостаток е тоа што освен тоа што ме лади мене, го лади и уредот на кој работам ::), ама се навикнав и на тоа... научив на колку да ја ставам дувалката ако е вентилаторот пуштен во летно време ;D. Ако сум работел на 400, со вентилаторот треба на 410, 420 да ја ставам ;D.
Кој не пробал, тој не знае :D
Добро... ќе пробам ќе нарачам еден ;)... само ако сум ги фрлил парите за џабе, ве утепав ;D.
-
Ти нарачај, ако не ти се свиѓа јас ке ти го откупам... ;)
-
Имаше и една продавница во Ѓорче... да не знае некој како се викаше... БТС електроник ли беше ???. И како сервис плус работи.
-
@GigaWatt
Продавницата е РИЕМ, ама џабе е да ги критикуваме кога и они едвај кубурат со дуќанчето, добро е и тоа што имат најосновно. :)
-
Епа тогаш, ај, да не ги дотепуваме, нека си тераат ;).
-
Абе и кој знае дали они знаат за овој форум, дали го читат. :)
-
Не е важно тоа, важно е ние да си имаме некој репер за тоа кои продавници што продаваат.
Штета што не може повеќе од една анкета по тема :S, инаку сигурно ќе имаше и прашање за цените ;). Има тема за цените, ама нема анкета во неа, така да, треба да ја читаш :S, вака е поедноставно, веднаш е јасно како се изјасниле сите кои гласале, иако, да бидам искрен, сепак пожелно е кога читаш било која тема на било кој форум, да ја прочиташ цела. Форумите се жива работа, некогаш и еден post може да направи разлика ;).
-
Имаше и една продавница во Ѓорче... да не знае некој како се викаше... БТС електроник ли беше ???. И како сервис плус работи.
Работи, бев зимоска тамо.
-
Сум купувал од сите и купувам од сите затоа ке кажам за сите по некој збор.
Loging Electronics одлична веб страна и точна лагер листа добро снабдени коректна услуга но со цените во воздух стварно се превисоки затоа кај мене се последни на список за пазарување.
BT Elektronik коректна услуга добри цени но не толку добро снабдени.
ГАЦ електроник одлично снабдени има компонети кој само тој ги има во мк,ако ги нема во логинг ги има кај него одлични цени коректна услуга затоа е прва на список за пазаруване кај мене.
Алфа Електроник добро снабдени добри цени но лоша комуникација со вработените и лоша кординација меѓу самите вработени.Ми се случува кај еден веработен да ја нема бараната компонента додека кај друг вработен да ја има или да добиеш замена за некоја компонента која не ми била понудена.
-
Не сум многу по пофалбите и критиките и точно е дека скоро сите стари и понови продавници за електроника ми *згрешиле* или * ми се нашле* понекогаш. Постојат повеќе причини зошто продавачите на електроника на ситно имаат проблеми – тука е прво понудата на светскиот пазар, брзината со која (не)стигнуваат неки елтронски елементи кај нас ( и воопшто во Европа!). Значи, не се секогаш криви продавачите.За оние подобрите важи цената (односно поскапото е подобо), но честопати цели серии се*хакнати* и далеку се од оригиналите! Дури и по квалитетот на ознаките се познаваат оригиналите.
За Горан од ГАЦ лично немам лошо мислење.Сум нарачувал материјал за фирма и сум наишол на разбирање,ми чувал материјал, објаснувал. Мислам дека ова рубрика е добра појдовна основа, малку нека се упрпаат газдите на дуќаните за електроника за да знаат дека некој сепак внимава и цени работа и квалитет, секако и професионалност!
-
Loging Electronics одлична веб страна и точна лагер листа добро снабдени коректна услуга но со цените во воздух стварно се превисоки затоа кај мене се последни на список за пазарување.
Да, и кај мене. Во Loging одам само ако не го најдам она што ми треба на други места.
Алфа Електроник добро снабдени добри цени но лоша комуникација со вработените и лоша кординација меѓу самите вработени.Ми се случува кај еден веработен да ја нема бараната компонента додека кај друг вработен да ја има или да добиеш замена за некоја компонента која не ми била понудена.
Јас пак имам сосема спротивно искуство со Алфа... дури еднаш и ми го сликаа делот и ми ја пратија сликата на mail (не бев сигурен дали е тоа тоа што ми треба), така да, генерално земено, задоволен сум од нивната услуга... но, сепак, да бидам искрен, имам пазарувано неколку пати само од нив, така да, не би го сметал моето искуство за премногу релевантно.
За Горан од ГАЦ лично немам лошо мислење.Сум нарачувал материјал за фирма и сум наишол на разбирање,ми чувал материјал, објаснувал. Мислам дека ова рубрика е добра појдовна основа, малку нека се упрпаат газдите на дуќаните за електроника за да знаат дека некој сепак внимава и цени работа и квалитет, секако и професионалност!
Не мислам дека ќе го има тој ефект... знаејќи го нашиот менталитет ::).
Но сепак, не е лошо да се чујат различни искуства и мислења од членовите ;).
-
Се слагам за цените дека некогаш знаат да се различни за производ со скроз иста ознака, исти производител, па колку се исти не знам. Може на веб-сајтовите да си проверит-споредите
-
http://www.megamobil.com.mk/mobilna-galanterija-i-telefoni/oprema-za-servis/alat
Може да се најде алатче, калај, флукс такви рабти, цените мисам дека се скоро како кај али.
-
Скапечко е брат! Чепкалки за уши 100 ком -400 ден!?? На пазар се 20 ден, Има и други високи цени, а за некои можеби се реални...
-
Не се прескапи. Loging се поскапи ако гледам така на работите :D.
Додадена е и оваа продавница на листата и има опција да си го смените гласот ако сакате ;).
-
Специјални се тие :)
Загледав пасти за лемење, иста цена дури ибпоефтини се него на али. Затоа и ги постирав, а добро ќе биде некој да направи компарацика за лемните станици нанпример, пошто не ги баратам со цени.
-
Тука некаде се со цени со BT бидејќи носат слични Кинески копии на Hakko... може да се поскапи во однос на BT, барем за лемните станици, но далеку од драстично (дупло, тројно).
-
Имаат бт ценовник он лајн?
-
Тешко дека имаат, да видам да не верувам. :)
-
Немаат, цени формираат на лице место, за секој посебно... ;)
-
Баш така, влагам еднаш да земам еден звучник за вуферче од PC звучки, цената беше 350 ден. и ми вика ај дај 300 ден. :)
Нит ф*скална, нит бакрачи, му барам фискална за секој случај и ми вели „абе немај гајле, ако има нешто проблем дојди слободно и ќе го замениме“. :D
-
Не барај такви работи од нив :D. Нема да добиеш, а ако инсистираш, можно е и да не го добиеш она што си го барал :P :D.
-
Не знаев тогаш како работат, сега ми е се јасно. :D
-
Цареи :)
-
Мегамобил е нoвa прoдaвницa зa електрoнски кoмпoненти? Не ми е вooпштo пoзнaтa.
-
Megamobil не е продавница за електронски компоненти туке е сервис за телефони, исто така и откупуваат телефони.
-
Не е нова, како што разбрав се имат преселено на друга локација.
http://www.megamobil.com.mk/
-
Фaлa зa пoјaснувaњетo, нo зoштo е вo листaтa зa глaсaње зaеднo сo прoдaвниците зa електрoски кoмпoненти ?
-
На тоа прашање ќе чекаме одговор од оној што го поставил гласањето. :)
-
Поставена е на листата бидејќи продаваат и алат за користење во електроника, исто како и продавниците за електронски компоненти, така да, сметав дека е добро да стои на листата ;). Имаат и делови во стилот на BGA топчиња за лемење на чипови, за што сигурно нема да се интересираат хобистите, но затоа такви работи се корисни за сервисерите ;).
Ако сметате дека не треба да биде на листата, пишете, ќе ја тргнам, не е проблем ;). Нека се изјаснат барем 4, 5 члена околу тоа дали сметаат дека треба да стои, ќе видиме кој е за, кој против, ќе се пребројат гласовите и ќе видиме дали ќе се тргне или остане на листата и Мегамобил :).
-
Вo ред си е, штoм прoдaвaaт алат за користење во електроникатa, некa стoи.
Инaче зa Лoгинг имaв слушaнo декa пoрaнo нaбaвувaле делoви oд ренoмирaни прoизвoдители нo сегa нaвoднo и oни нaбaвувaaт oд местa кaкo и другите прoдaвници. Дaли oвa е тoчнo или не е вистинa, не знaм, кaкo ке слушнaм oд луѓе тaкa спoделувaм.
-
Можеби да се смени насловот на темата во Продавници за Електроника ( кабли алат потрошен материјал мерна опрема и слично), а не само за компоненти ( отпорници транзистпри кондензатори и слично) сите наведени продавници ке одговараат а можеби ке излезе уште некоја.
Многу продавници за електроника не само во Македониа набавуваат делови од истите пазари во Кина како и продавачите на ebay и aliexpress.
Лошо е што набавуваат лоши копи на копи на компоненти од реномирани фирми.
-
Инaче зa Лoгинг имaв слушaнo декa пoрaнo нaбaвувaле делoви oд ренoмирaни прoизвoдители нo сегa нaвoднo и oни нaбaвувaaт oд местa кaкo и другите прoдaвници
Пред некое време ми донесе муштерија неколку BD135 или 136, не се сеќавам, купени во Логинг, кои што беа крајно неквалитетни, прво надворешно изгледаа многу лошо, ефтина пластика, лошо испринтани ознаки, второ сите прегореа за неколку минути, со чад испуштање, со се... Од друга страна пак добар дел од останатите делови што ми ги донеле од таму се со подобар квалитет од оние кај Гац, на пр. ::)
Оди најди им сега НЗС... :P
-
Можеби да се смени насловот на темата во Продавници за Електроника ( кабли алат потрошен материјал мерна опрема и слично), а не само за компоненти ( отпорници транзистпри кондензатори и слично) сите наведени продавници ке одговараат а можеби ке излезе уште некоја.
Е да, ова не е лоша идеја ;)... бидејќи генерално земено, дел од овие продавници сепак не се продавници за електронски компоненти, туку продаваат опрема која, на еден или друг начин, се користи во електрониката.
А да биде името на темата „Продавници за електронски компоненти, алат, итн.“ :)? Мислам дека повеќе ќе одговара ова, бидејќи само „Продавници за електроника“ па е некако премногу општо... изгледа како недовршена реченица... ако го оставиме така, може и Anhoch и Setek да влезат во таа група, LOL :D. Вака, со мало набројување потоа, некако појасно е за што е темата и гласањето наменето ;).
-
Продавници за електронски материјали
:)
-
Е да, ова е уште подобро ;).
EDIT: Сменето ;).
-
http://bdselectronic.com.mk/
Кој се овие, два пати ми излегува нивна реклама на ФБ...?
-
Јас имам земано делови од дечкото. Се наоѓа во ѓорче, коректен за испорака. Малку страната не му е баш средена, али ако знаеш точно што бараш можат да се најдат делови. За цени сличен е со Гац
-
Аха, јас сум на скроз друг крај од градот, можда затоа не ми упаднале во шема... :)
-
BDS е во Ѓорче, кај автобуската пред семафорот со ознаки за излез-влез во Скопје. Одамна работат, само што до пред некоја година, мислев дека затвориле. Порано беше и сервис за телевизори, не знам дали сеуште работат и како сервис.
-
Кои останаа во 2020 година?
Јас знам дека работат
BDS - Ѓорче
ГАЦ - Аеродром
Логинг - Капиштец
За БТ електроник во Центар не сум сигурен.
-
Работи и БТ Електрокик.
-
A со Алфаелектроник како е состојбата дали знаете? Оти имам слушнато од пријател од Битола дека се преориентирале повеќе кон далечинска, GPS уреди и слични работи а помалце кон електронски компоненти.
-
Hmmm ппследно ко бев све си беше ок. Имаат осветлења и друзи работи ама си ги чуваат и електрониките.
-
Можам да потврдам, само го проширија бизнисот.