Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: vlade_lp_mk on 22.02.2011, Tuesday, 21:58:57
-
Имам постстар телевизор кој нема приклучок за скарт или за пинови, како можам да направам уред кој ке го претвора сигналот од скартот (приемник за дигитална телевизија од кабловски оператор) во антена на одеден канал?
администрација: следен пат сам напиши добар наслов
-
веројатно бараш UHF модулатор. ги има на e-bay, amazon..., би требало да ги има и во државава, не се нешто многу скапи. Мислам дека нема шема за ова на форумов, види за секој случај.
И смени го насловов дури не се изнервирани администраториве :)
-
Еве една шема успешно преправена.Оригиналот беше руска верзија,а со одредени измени аудио и видео влезовите го носат на модулаторот сигналот кој ги меша, модулира и го испраќа модулираниот сигнал во антенскиот влез на ТВ апаратот (некаде околу 3-5 канал).Исто така успешно може да се употреби и модулатор од стари видео игри или видео рекордер!!
-
фала батка
владе не ме разбрал за насловот. кога на некоја тема се бара нешто на почетокот практично е да стои „ми треба“, не мораше олку да се смени :)
-
Исто така успешно може да се употреби и модулатор од стари видео игри или видео рекордер!!
Од старите нинтенда, UHF модулаторите не се баш најквалитетни, од видео рикордерите супер се, најчесто даваат одличен сигнал и квалитет на слика ;).
-
Имам користено ТВ модулатор од нинтендо кој работеше на VHF1 (канал 4), со антена од 1,5m имав домет за низ дома, и ако на секој ТВ имав собна антена ке се фаќаше релативно добро. Проблем кај ваквите модулатори е што брзо се расипуваат, даваат потемна слика со јаки бои (а само нинтендото дава пресветла слика па има компензација после) Потоа самата фрекфенција на 4ти канал е таква што често пати имаше некакви пречки на сликата, вероватно некои ентузијасти на 45-46MHz и така...
Модулаторите од видео рекордерите се добри и ја даваат реалната слика, башка повекето се на UHF и така да ке имате поголем домет со помали антени
-
Веројатно за истава тема ги има прашано и Емитер, за ова пишува во Емитер Февруари 2011 во рубриката писма.Извинете за оф топиков!
-
Само * Емитер* не даваат шеми! ;) :D
-
Хмм, мене не ми е јасно како да го искористам нинтендото за ова?
-
Во старите Нинтенда постои една плочка на која се наоѓа РФ излезот кон ТВ апаратот.Отвори го уредот и ке видиш за која плочка се работи.Погледај од каде иде напојувањето (има надворешен приклучок за адаптер),На плочката се гледа каде е влезот за сигналот кој се модулира.Погледај го делот каде касетата има лежиште и ке ти биде јасно.Значи.се користи само плочката со калеми и неколку транзистори.
-
Има ефтини на пазар јас земав 200 ден. комплет модулатор, со напојување кутија.. така да мислам не се исплати да правиш. Е сега нормално ако имаш желба за сам да го направиш тоа е друго...
-
Има ефтини на пазар јас земав 200 ден. комплет модулатор, со напојување кутија.. така да мислам не се исплати да правиш. Е сега нормално ако имаш желба за сам да го направиш тоа е друго...
На кој пазар има за 200 денари ТВ модулатор ?

Јас земав од Бит Пазар - не во покриениот дел, него од тезгите кај што продаваат електроники - системи, антени ...
-
дај слика да го видиме како изгледа одулаторот од бит пазар и јас сум заинтересиран
-
Еве уште една шема,пробајте работи,Калемите се мотаат на отпорник од 1М ом 1/4 ват или на цевче од сок 3мм промер.
-
Напојумањето мора да биде точно 6.2V ??? ::)
-
Не,нека биде 6 в .Ова е направено веројатно што стабилизацијата е направена од 9 в на стабилизатор со зенерка 6,2 в
-
Аха, оваа верзија има поквалитети перформаси од таа од нинтендото?
-
Inace poveketo modulatori od nintendo(barem onie kineskite sto gi imase na veliko pred nekoj 6-7 godini) se napojuvaat so 9v DC, posvezo mi e vo memorijava taka pa kolku da napomenam. izvinete za latinicata ke ja sredam naskoro.
Админ: пишувај на кирилица
-
Овој модулатор има видео влез само и пренесува видео сигнал без звук.Но,многу е едноставен и затоа како решение е прифатлив.Има и подобри, а многу посложени решенија.
-
дај слика да го видиме како изгледа одулаторот од бит пазар и јас сум заинтересиран
еве слики:
(http://pic.mk/thumbs/imag0221.jpg) (http://pic.mk/?v=imag0221.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/imag0222.jpg) (http://pic.mk/?v=imag0222.jpg)
-
Интересен уред и цена! Квалитет???
-
Интересен уред и цена! Квалитет???
Па не е којзнае што, на пример јас со ДВД го приклучив, и одвреме навреме може некоја линија или пречка горе доле да искочи... Можам да кажам задоволителен квалитет. :)
-
Вреди во секој случај, скоро 200ден. ќе те коштаат само пиновите, кабелот и прекинувачот да ги купиш, а кај е трафото, деловите... ;) :)
-
Значи на пазар може вакви да се најдат... хмммммм, добро е да се знае ;). И мене може да ми треба за брзо време ;).
-
Вреди во секој случај, скоро 200ден. ќе те коштаат само пиновите, кабелот и прекинувачот да ги купиш, а кај е трафото, деловите... ;) :)
Во право си, а да не ја спомнувам кутијата... Вака убаво нема шанси да го спакуваш.. Уствари можеш ама ќе се изнамачиш...
-
а каков е квалитетот на сликата ? Мислам балансот на боите, светлината, контраст и бистрина на слика
Дали сликата е како да ставиш антена и да фатиш некоја ТВ со супер сигнал ?
-
а каков е квалитетот на сликата ? Мислам балансот на боите, светлината, контраст и бистрина на слика
Дали сликата е како да ставиш антена и да фатиш некоја ТВ со супер сигнал ?
Па би требало така некако да биде, а и да не е, колку за тест сигнал би требало солидна слика да вади. Јас би го змеал за тоа. Од PC до земам сигнал преку TV-Out, на екран прикажувам тест слика, потоа оди овој уред, и си имаш свој сопствен тест сигнал генератор, за 200 денари ;). Одлично за сервисирање на телевизори ;).
-
а каков е квалитетот на сликата ? Мислам балансот на боите, светлината, контраст и бистрина на слика
Дали сликата е како да ставиш антена и да фатиш некоја ТВ со супер сигнал ?
Па не е нај нај квалитетот... Кај мене се појавуваше една како линија најгоре на екранот, сега незнам, може мојов примерок бил таков.. Инаку со боите, бистрината и светлината е ОК.
-
Па смени го каналот, можно е таа фрекфенција да е со пречки па затоа се појавува линија
-
Абе,не гледам како да смени канал,изгледа само еден канал е ! :D :DЗа 200 денари и тоа е многу.
-
Па солидно, зошто да не, не гледам некоја поента да има промена на канал :S, и најверојатно на VHF подрачје е, што значи дека може да го фаќаат и постари приемници ;).
-
Сега веќе не можам ништо да му правам... ми се раштелува - пробував да добијам џам слика и ги развртев тоа тримерите внатре сега не можам да го вратам како што беше ;D ;D
Инаку имаше повеќе канали - ги зрачеше наеднаш сите - нешто како хармоници повеќе...
-
Не знаев дали да отворам нова тема, ама мислам дека може овде да ја раширам дискусијата. Значи имам една идеја, наместо да се прави РФ модулатор, дали може да го отворам телевизорот, и да најдам каде видео сигналот од МФ засилувачот излегува и оди понатаму(ваљда до ПАЛ степен беше, не ги знам баш добро како одат), и таму да го вметнам надворешниот сигнал?
Ова ми дојде како идеја бидејќи имам еден стар телевизор кој нема видео влез, а тјунерот често му се раздесува незнам од кои причини, и се случува да гледаш некој канал и одеднаш да го снема - па пак да треба да го бараш. Во овој случај и да направам РФ модулатор нема да работи пак...
Само дали е можно ова незнам :)
-
Значи имам една идеја, наместо да се прави РФ модулатор, дали може да го отворам телевизорот, и да најдам каде видео сигналот од МФ засилувачот излегува и оди понатаму(ваљда до ПАЛ степен беше, не ги знам баш добро како одат), и таму да го вметнам надворешниот сигнал?
Да, можно е (имам видено ваква преправка на еден руски телевизор), само што треба да се анализира шемата на телевизорот и да се види во кој дел од шемата е најпаметно да се се пресече водот и да се вметне A/V сигналот (односно, најверојатно само V, A ќе треба накнадно да се додава преку аудио влезот на засилувачот ;D, за A сигналот најлесно е ;) ;D).
-
Колега ако сакаш да одиш до крај пробај со нешто вакво :)
http://www.free-circuit.com/video-and-dvd-modulator-in-vhf-uhf-circuit/
-
Даниел,линков ми дава - Video and DVD Modulator in VHF / UHF Circuiт
ама шемата е од активна антена(засилувач).Од искуство: порано додека немаше ТВ апарати со А/В влезови правевме изводи до видео појачувач и на извод на потенциометарот за регулација на гласот на старите Нишки и Горенски телевизори.Дури некаде имам и шема за спојување на Б10 и Б20 шасија.Ако ја најдам ке ја ставам да видите како изгледа тоа.Само сепак има разлика од ТВ до ТВ апарат.

Еј батка дај ако имаш такво нешто сподели :)
-
Искрено, и мене ме интересира ;D. Сакам за едно проектче да искористам еден руски телевизор, црно-бел, ама не знам каде да го вметнам сигналот. Искрено, мене тјунерот и нема да ми треба, така да може и цел тој дел да го извадам ;D. Само за A/V (односно само за V) ќе ми треба ;).
-
најдов нинтендо од 1995 год но како да го поврзам е вистинското прашање.има оклопена кутија од која излегува рф конекторот а во таа кутија влегуваат 5 водови + маса
-
Некој од тие 5 водови мора да биде +Vcc, провери ја оригиналната плочка на која бил монтиран модулот и види на кој од нив му доаѓа +5V, тој вод е напојување, масатат е куќиштето, а остантите 4 водови :S, е за нив ќе треба да пробаш. Донеси на секој од нив композитен видео сигнал и види при поврзување со кој вод ќе се појави слика на TV-то преку RF влезот ;)

го најдов приклучокот со 5v пинови има напон помал од 5v
-
Нема проблем, можеш и со 9V да го напојуваш ;). Ќе функционира, сум пробал, само може да биде прејак сигналот, па да има пречки, инаку ќе функционира и со 9V ;).
-
Стави на видео влез потенциометар од 100 К према маса, понекогаш ако е премногу силен видео влезот, се јавува премодулација и губиш квалитет