ОсигурувачОсигурувачите се елементи кои се употребуваат во електричните апарати односно електричните кола, нивна задача е да го прекинат струјното коло ако низ нив потече струја поголема од дозволената.
Осигурувачите можат да бидат: топливи, автоматски и електронски.
Најчест симбол во електричните шеми за осигурувачите е следниот
1.
Топливи осигурувачи Направени се од стаклено или керамичко цевче, на крајот има два прстени помеѓу кој е залемена топливата жица.
Дебелината на жицата е определена преку струјата за која е наменет самиот осигурувач.
Честопати внатрешноста им е исполнета со кварцен песок.
На осигурувачите се означува напонот до кој може да се применува, струјата за која е наменет и брзината на топење на жицата од моментална појава на зголемена струја.
1.2 Обележување
Т- троми осигурувачи
Од моментот при појава на голема струја, осигурувачот ја поднесува неа некое мало време (ms), ако за тоа време струјата не падне на нормала жицата ќе се стопи.
Се употребуваат во струјни кола во кои има: трансформатори, големи електролитски кондензатори...
F- брзи осигурувачи
Карактеристични се што при настапување на зголемена струја жицата брзо се топи, со што се прекинува колото.
М- средни осигурувачи
Овие осигурувачи имаат време на топење пмеѓу брзите и тромите осигурувачи.
2.
Автоматски осигурувачи (прекинувачи) Претежно се за поголеми струи и се употребуваат во електричните апарати и инсталации при поголеми струи. работаат како прекинувачи, откако ќе исклучат после може повторно да ги вклучиме.
3.
Електронски осигурувачи Овие осигурувачи претставуваат електронски склопови со способност на делување со многу поголема брзина од останатите, а со тоа и поголема ефикасна заштита.
Слики од често користени осигурувачи: