Author Topic: Проблем со електромагнетна левитација  (Read 23432 times)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
             Имам проблем со уредот за електромагнетна левитација. Го направив, што го напраив. Елементите ги поврзав точно, но не сака да да левитираат објекти. Уредот е приклучен на компјутерско напојување 150W, на 12 волти. Електромагнетот постојано е вклучен ( по мое кога ќе се стави раката т.е ќе престанат да се "гледаат" приемникот и предавателот треба да престани да работи ). Инфрацрвената LED диода свети постојано ( на камерата на мобилниот телефон видов ). Е сега не знам што би можел да биде проблем. Во продолжение ќе оставам слики за доколку можете да ми помогнете. Доколку нешто не е како што треба објаснато, пишете ќе дообјаснам.

П.С Приемната фото диода е BPW41.








Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #1 on 18.01.2017, Wednesday, 18:50:50 (Edited 18.01.2017, Wednesday, 18:53:07) »
Прво, предавателната диода е постојано вклучена на напон и нормално постојано ќе свети, Второ овој ИК е операционо коло и не знам дали е правилно врзан .Можно е шемата да е погрешна. Не опиша по кој принцип работи овој уред за левитација - треба ли постојан сноп инфрацрвена светлина да свети  или предавателот треба да дава импулсен сигнал ( прекинувач тастер да има вградено). Еве една шема со 4017 и влезен и излезен транзистор. Место реле стави го калемот и можеби појак транзистор, ако многу поголема струја влече.Овде се работи со 5 волти, за влезниот дел и ИК,а за излезниот транзистор може да остане оној 12V и мос фетот како на твојата шема.Значи само мала стабилизација со 7805 за влезниот дел. Второ ,приемната диода треба да биде приемна со три изводи, а кај тебе е некоја друга ,која можеби прави краток спој и го * држи* уклучено ИК постојано.Пробај го и тоа да го смениш.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
На ова коло не може да му се измени нешто или мора одново да го правам? Инаку еве од каде е идејата за проектот...

Code: [Select]
http://stanleyprojects.com/projects/electronics/levitator/

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #3 on 18.01.2017, Wednesday, 19:00:03 (Edited 18.01.2017, Wednesday, 19:03:16) »
Ова твое коло мора да се анализира ( не можам моментално!), ама ке го видам линкот и ке ти кажам. Често  и погрешни шеми ставаат на нет. Ова шема со 4017 е проверена.Смени ја прво приемн ата диода ( прво твојата откачи ја и треба да се исклучи импулсот за мос фетот и калемот).Ако не се исклучи и тогаш до ИК е проблемот.  Не можам да видам добро како е врзана твојата приемна диода.Бадијата толкави слики, кога најважното не се гледа. 8)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Одг: Проблем со електромагнетна левитациo
« Reply #4 on 18.01.2017, Wednesday, 19:01:49 (Edited 18.01.2017, Wednesday, 19:04:10) »
Во ред. И доколку сакате одблокирајте ми ги ПП да можам да ви праќам пораки да не се трупаат тука разговори, порано ми ги имате блокирано.

Споено мислење: [time]18 Јануари 2017, 19:03:46[/time]
Еве ја и печатената плочка, во неа да не има проблем нешто ( но не верувам ) ?




Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Разговорите се за на Форум,можеби и друг е засегнат со темата!

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #6 on 18.01.2017, Wednesday, 19:04:58 (Edited 18.01.2017, Wednesday, 19:09:39) »
Во ред. Доколку некој друг има мислење за проблемов нека каже дали има начин и како да го решам?

Споено мислење: 18.01.2017, Wednesday, 19:09:39
Не можам да видам добро како е врзана твојата приемна диода.Бадијата толкави слики, кога најважното не се гледа. 8)

 Врзана е правилно ( би требало ) како на шемата.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #7 on 18.01.2017, Wednesday, 19:11:09 (Edited 18.01.2017, Wednesday, 19:21:27) »
Плочката се чини во ред, не знам дали ИК е во ред,правилно поставено.Приемната диода е во проектот ставена во цилиндер (поради усмерување).Одлеми ја приемната диода, дали ке се закочи мос фетот или пак ке проведува?

Споено мислење: 18.01.2017, Wednesday, 19:21:26
Еве вака врзи приемна диода со три извода ). Оваа твојава провери дали е приемна,дали е исправна?

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Не можам вака да поврзам бидејќи плочката е направена за фото диода со два изводи.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Проблем со електромагнетна левитација
« Reply #9 on 18.01.2017, Wednesday, 19:43:37 (Edited 18.01.2017, Wednesday, 19:46:08) »
Треба само оној повратен вод кон пин 2 на ИК да го прекинеш, што оди до спојот на 4к7 и приемната диода.

Споено мислење: 18.01.2017, Wednesday, 19:46:08

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Се појави проблем, водот што е скроз горе на сликата се прекина, односно изгоре. Како и јас не знам.  ??? ??? ??? ??? ??? ??? ???



Споено мислење: 18.01.2017, Wednesday, 19:58:37
Мосфетот беше жежок.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Проблем со електромагнетна левитациo
« Reply #11 on 18.01.2017, Wednesday, 21:44:19 (Edited 18.01.2017, Wednesday, 21:46:15) »
голема струја ти има протечено низ мософетот/калемот и затоа ти изгорел водот. и мери напон на пин 2 од интегралецот и прекинувај го изворот на светлина да видиш дали фото диодата ти е поврзана како што треба. и место калемот стави некоја лед диода да видиш како ке ти функционира склопот.

едит:
види и мосфетот дали ти е цркнат. и стави отпорник еден од 10К од гејтот на мосфетот накај - од напојувањето за да ти се исклучува мосфетот како што треба :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Провери си ги сите елементи од ИК до мос фет, диоди. Веројатно се работи за краток спој.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Немаше краток спој, печатена е плочката, а и пред тоа 10-15 пати беше пробан склопот поради импровизирање, но немаше таков проблем. Се случи одеднаш.  :( :(

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
извади магнетот и стави лед со отпорник место него и така пробувај го додека не го оправиш и дај сликај ја плочката одоздола да ја видиме каква е
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)