Нема ни да чуеш. 
Знам

... ако не слушав кога бев тинејџер никаква разлика, сега па ич па

.
Тоа за мене е мижи Асан да ти баам. 
Ако бе, нека слуша

. Тоа се добри муштерии

... за секакви глупости те бараат

.
Да не поврзеш заземјување на метален потрошувач треба да се третира како кривично дело.
Да, ама ground loop навистина знае да направи проблем

... и кај аналогна и кај дигитална опрема (кај дигитална може и да не се осети, ама кај аналогна, и те како се осеќа).
Види, масата уредите ќе ја добијат од некаде, дали од едно место или друго, не е ни важно, важно е looping да нема

.
Се сложувам со @GigaWatt и @Zan, но аудиофилите се една врста секта кои ние останатите не можеме да ги разбереме. 
Ако ако, нека ги има, добри муштерии се, за 10 минути работа фрлаат по 1000-че, две

.
Тачно, а ако е масата откажана може да е и убитачно
Е да, ама некогаш знае да направи проблем... не секогаш знаеш како ќе се врзе некоја опрема и дали ќе се врзе за нешто што веќе зема маса од некое друго место.
Ова е особено проблем кај нас кога работите се крпат на еден или друг начин. Како што наведов, човекот живее во зградата, студиото му е во подрумот... Зошто? Епа за да не плаќа за да патува од едно до друго место, плус да не мора да се симнува до подрумот кога ќе му треба master да прави

.
Вакви „комбинации“ западњаци не прават. Ако прават, прават како што треба и фрлаат добра пара за тоа. А вака, дел јас сам, дел длетачот, дел гипсарот, дел електричарот, па после ќе викнам некој за каблите измеѓу, па пуштај, па кабелот бил поевтин, па вака, па така... такви комбинации не прават западњаци. Си зема фирма, фирмата си е одговорна за целата изведба, ако нешто не одговара, си вртиш на фирмата „вака и вака, има проблем“, а не сега, како кај нас, дали да вртиш на тој што длетал, дали на тој што гипсал, дали на електричарот, дали на каблерот

... ама, знаеме како одат работите кај нас, пуста сиромаштија. Крпиш и кај што треба и кај што не треба

.