Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: Malecko on 11.07.2010, Sunday, 15:46:27
-
Здраво ќе ве молам ако има некој шема со TDA2590 кое ќе осцилира на 15625Hz ми треба за генератор за висок напон со сплит трансформатор од телевизор :)
-
а зш ке ти е?ке правис од оние искри што прескокнуваат
-
Да сакам да направам теслин трансформатор.
-
Има многу поедноставни начини да се добие висок напон, а генерирање на еднонасочен висок напон па после негова конверзија во наизменичен е и те како мачна работа за која ќе треба многу експерименти. Сепак ако си за теслин трансформатор погледни подобро по форумов имаше и некоја таква тема. А патем и моќноста на сплит трафото е доста мала за оваа работа
-
Јас сакав да направам со неонски трансформатор ама некако тешко е да се најде таков а и плус сигурно би бил скап.
Споено мислење: 11.07.2010, Sunday, 18:46:53
deophorant а ќе мозеш ли да ми дадеш некој предлог или шема како да направам теслин трансформатор
-
Имаше некои проекти во емитер за теслин трансформатор (незнам кој број точно беше) а после една година од објавување на проектот имаше и едено дополнување за помоќен теслин трансформатор. Шемата е прилично едноставна и работи (со мали експерименти и нагодувања). Би ти препорачал да го направиш тој теслин трансформатор за почеток. Помоќна верзија на теслин трансформатор носи со себе и многу усложнувања. Па тука сум и за понатамошна дискусија
-
Ок фала за предлогот сега баш ќе го разгледам :D
-
Види го и ова и експериментирај, јас имам добиено одлични резултати без екстерен осцилатор со следнава идеа:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1465.msg10616#msg10616 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=1465.msg10616#msg10616)
-
Го имам пробано само со сплит трансформатор ама некако многу е мала искрата негде пола сантиметар.А ќе може ли да ми дадете како шема за примарниот и секундарниот калем од теслиниот трансформатор колку вртежи треба да има на примарниот и секундарниот калем и со кој број на жица ќе треба да се мота?
-
мене лично ме заинтересира проектот на плазма звучник. би било интересно да се вгради во аудио линија
http://www.youtube.com/watch?v=rasp88nbsRw
-
Не ми е јасно... сакаш да кажеш дека искрите даваат звук... како ???
-
па и јас не мозе да си го објаснам тоа..некој поструцен во високи напони нека дискутира.најдов и шема за плазна звучник.Но мое логичко објаснение е кога ке направиме краток спој на висок напон се слуша звук на пукање.Па ако можеме да засилиме или трансформираме аудио сигнал до степен на киловолти мислам дека со искрењето ке се слуша звукот. еве линк за тоа како е изведено со шема мислам дека ке ве заинтересира.
http://www.mh-audio.nl/gif/plasma/arc-speaker_TL494.png
-
Плазмата од искрењето е жешка и го шири воздухот околу неа. Т.е. тоа што се бара не е искрење туку пробив на воздухот (корона). Доколку ова се модулира со трансформатор или транзистор на пример искрата ќе варира во ритамот на звукот и повеќе или помалку ќе го шири воздухот околу неа и добиваме вибрации во воздухот - звук. Меѓутоа овој тип на звучник работи само за високи фрекфенции бидејќи самата искра е со мала површина а за ниски тонови е потребно поголема површина за да зрачи ефикасно.
-
овој звучник го користат за визуелен ефект од него не може да се добие некој квалитет или добри ниски тонови
-
A да не знае некој цена на тоа интегралното од шемата TL494
-
Плазмата од искрењето е жешка и го шири воздухот околу неа. Т.е. тоа што се бара не е искрење туку пробив на воздухот (корона). Доколку ова се модулира со трансформатор или транзистор на пример искрата ќе варира во ритамот на звукот и повеќе или помалку ќе го шири воздухот околу неа и добиваме вибрации во воздухот - звук. Меѓутоа овој тип на звучник работи само за високи фрекфенции бидејќи самата искра е со мала површина а за ниски тонови е потребно поголема површина за да зрачи ефикасно.
Добро, претпоставува дека има нешто врска со искрењето и дека пуцкањето и должината на искрата може некако да се модулира и да даде звук. Ми ја разјасни дилемата околу тоа прашање ;). Но на клипот јас го слушав и kick-от на траката како и дел од бас линијата, што не верувам дека може да се генерира со ваков „звучник“, мене всушност тоа ме вџаши, да ги слушав само високите и дел од средите тонови, ај некако ќе прифатев дека можам тој звук да го препишам на искрењето, ама звукот се слуша како да излегува од некој поевтин компјутерски звучник (2.1) со малку намален woofer. Мене всушност тоа ме збуни...
Е сега може и да додал звучник некој кој во позадина ги додава дел од ниските и средните ама не го снимал за да не се гледа, да изгледа „автентично“ снимката, тоа некако ми прави логика, ама не можам да го „сварам“ фактот дека тоа искрење може да генерира kick и бас линија, и тоа толку чисто да ја вади (мсилам на бас линијата)... не знам, не можам да сватам како го прави тоа (ако е навистина автентично генерирањето на целиот спекатар вклучувајќи ги и ниските и дел од средните тонови).
-
A да не знае некој цена на тоа интегралното од шемата TL494
Помалку од 20 денари. Истото коло се наоѓа во голем дел од компјутерските напојувања како прекинувачки регулатор.
-
Јас сега пред малку пробав со електронска пригушница (23W) ја поврзав со сплит трафото и добра искра дава негде 2-3 цм.Ако сака некој така да проба со електронска пригушница слободно нека пише! ;D
-
електронска прибушница ? мислиш оние прибушници калем со јадро за неонка
-
Мислам за тие што се наогаат во неонки ама што се со навој.Плочката е во круг
-
danix01 шемата е одлична,колото работи фрла искра ама транзисторот повеќе од 20 сек работа и прегорува.Јас шемата ја најдов на instructables ама таму пишува дека е грешка тој кондензаторот од 47nF 2KV треба место тој да се стави од 47uF 250V (DC).
-
го прегоре и пак ли го поправи.сега работи ли..не се исплати да го правис за 20 сек. кое го направи плазна звучникот ли
Споено мислење: 15.07.2010, Thursday, 21:16:16
мозеби прегорува од прагревање..стави ли ладник на транзисторот
-
Го поправив ама пак грее и тоа со ладилник,а не може да се стави некој друг транзистор по јак пошто овој многу брзо загрева и више е пред прегорување
-
фрла искра и грее а дали дава звук како сто е описано на линкот на ју туб.јас не се разбирам баш во тие замени со транзистори ека даде прадлог некој од поискусните цленови на форумот.дај објаснение како да го најадам примарот и секундарот на високонапонскиот тарнсформатор бидејки и јас сум заинтересиран за правенје на вакво нешто
-
Не треба ни примарен ни секундарен намот само треба да намоташ 5 навои со жица за 220V (0,75мм) после тоа со кој било пин од трафото ќе фрла искра и ќе произведува звук.Иначе јас не го направив така да произведува звук.Мене ми беше само колку да фрла искра :D
-
поврзи 2 транзистори паралелно и види дали ќе грее така
-
Зависи од транзисторите ама најверојатно едниот од двата во паралената врска ке грее повторно многу а другиот сосем малку (како се поврзуваа транзистори паралелно каде што е тоа можно). Пиши кој транзистор го користиш и шема па ќе најдеме замена за транзисторот или ке менуваме дел од шемата.
-
IRF540 е транзисторот,а еве ја и шемата (http://pic.mk/thumbs/arcspeaker.png) (http://pic.mk/?v=arcspeaker.png) ама место тој 47nF 2KV треба да стои 47uF 250V кондензатор.
-
намотај повеќе намотки на примарот, инаку тој е мосфет ;)
не мора толку голем кондензатор ;D
-
Нешто подобра варијанта е IRFZ44N кој на времето ги зимав по 30-40 денари. Со понудениов транзистор треба (барем теоретски) дисипационата моќност да падне за повеќе од 2 пати. И мосфети може дирекно да се поврзуваат паралелно (го повлекувам моето претходно излагање за поврзување паралелно на транзистори бидејки мислев дека станува збор за биполарен транзистор). Па ако уште премногу грее и IRFZ44N може да се стават и 3-4 паралелно само не гејтовите заедно туку на секој гејт по еден отпорник како на шемата. А и на шемата пишува дека и транзисторот треба да има "огромен" ладилник. А и овие мосфети можат да работат стабилно и на 80 степени (а тоа не се дрижи со рака-гори) па зависи со што ја следиш температурата, можеби и не грее многу за него :) (најдобро употреби некој термометар и голем ладилник).
-
A може ли да го ставам IRF630 пошто тој го имам?
-
Може ама ќе грее малку повеќе може ќе му треба ладилник.
-
Со IRF630 ич не сака да фрли искра.Не го ставајте IRF630 ! НЕ работи со него
-
Можеби ке проработи ако го намалиш отпорникот во гејтот. Сепак тој е со многу полоши карактеристики и од претходниот транзистор и доколку би работело би греел 10 пати повеќе (или ке изгори за време помало од 2ѕ. Сепак ако веке се заботи за компоненти од домашната работилница на првиот транзистор сатви му голем ладилник со активно ладење и пробај да ја следиш температурата со термометар (термопар што се приклучува на унимер или нешто слично) и ако температурата е под 80 степени, проблемот е решен. Или пак ако имаш повеке такви транзистори врзи ги паралелно.
-
да не знае некој накоја фреквенција работи чудото ?
-
Eве јас најдов уште една шема надградба на таа прeдходната (http://pic.mk/thumbs/tl494fullb.gif) (http://pic.mk/?v=tl494fullb.gif) ,ама не го знам тоа колото(ТC4429)некој ако знае кај го има нека пише.
-
Еве datasheet за него ;).
http://www.datasheetsite.com/datasheet/TC4429
-
Ми треба помош на шемава незнам како да го направам тој GDT(GateDriveTransformer) колку намотки,со кој број на жица,колкаво јадро.Ве молам за помош ако го има некој направено тој трансформатор. (http://pic.mk/thumbs/etofflinef.jpg) (http://pic.mk/?v=etofflinef.jpg)
-
Многу просто, направи вака: земи 2 трансформатори мали жолти 2 х 6V излез што се од 3.2W (HR diemen производство), знам дека ги има во алфа и во логинг. Нема да ги користиш примарите од 220V туку само секундарите од 6V. Бидејќи има два засебни секундари едниот секундар го користиш како „примар“ а другиот од страната на фет транзисторите. Две трафа на истиот принцип (и на двата 6 волтните „примари“ ќе им бидат поврзани паралелно) и ќе добиеш фет драјвер без да моташ.
Многу внимавај бидејќи колото е поврзано директно на 220V! Бидејќи е експериментално убаво би било цело коло да го напојуваш редно преку светилка од 220V/200W за ако има проблем да не пукне туку само да светне светилката.
-
A некако на друг начин да го мотам тоа трафото имам неколку феритни јадра дома со следниве димензии:15x10x15mm,17x10x11mm,10x6x4mm,18x10x5mm,22x14x6mm и 12x8x12mm вака мерено (ширина на целото јадро X ширина на внатрешниот круг X висина на јадрото).
-
Бидејќи во шемата нема никакви информации за импедансата на трансформаторот мора да се работи со проба. Ако сакаш да моташ јас би зел на пример жица од 0.1мм и би намотал 3 пати по 100 намотки на најголемиот ферит и би пробал.
-
Бидејќи во шемата нема никакви информации за импедансата на трансформаторот мора да се работи со проба. Ако сакаш да моташ јас би зел на пример жица од 0.1мм и би намотал 3 пати по 100 намотки на најголемиот ферит и би пробал.
Така некако би требало да биде. Само внимавај на изолацијата, во целото импусно коло мошат да се јават импулсни напони во коолото и до 400V, па употреби повеке изолација помеѓу намотките.