Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: KiloVolt on 02.12.2013, Monday, 16:38:58

Title: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 02.12.2013, Monday, 16:38:58
Ова напојување се состои од еден трансфорамтор за исправување на напон, се користел порано за напојување на стари телевизори бидеќи напонот на градската мрења не бил стабилен. За да се претвори во високонапонско трафо треба да се направат неколку измени.
Еве како отприлика изгледа, не ме земајте за збор!
(http://www.acutran.com/images/Constant-Voltage-Transformer.jpg)
Еве ја шемата за него ( и тоа отприлика) (незнам како слики кои ги аплоадирам на форумов да ги зголемам, кажете ми за да се поправам)
И еве ги измените (исто така незнам како да ја зголемам) За ограничување на јачината на струјата може да се користи некое индикадесцентно ламбиче со низок отпор(пр. од оние за фрижидери и микробранови).

Предности

-Мало загревање
-Јака струја (и до 4 А на секундар)
-Издржува краток спој (погоден за Теслин трансформатор, за тоа и ќе го користам)

Недостатоци

-Работи на градска мрежа
-Низок напон на секундар(макс. 6000 волти (зависи што подразбирате под висок напон, јас на пример се над 10 000 волти))
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: batka on 02.12.2013, Monday, 17:11:45
За  ВФ трафои претежно се користат феритни јадра.Овие ЕИ и УИ јадра не се погодни за висок напон поради повеќе работи.Прво,ефикасноста е помала,брум,загревање,големина....Подобро најди и прочитај малку литература од ова област,која ти е гледам преокупација,ама знаењето не ти е баш најјака страна. 8)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: GigaWatt on 02.12.2013, Monday, 17:21:02
-Низок напон на секундар(макс. 6000 волти (зависи што подразбирате под висок напон, јас на пример се над 10 000 волти))

Општо правило: ако човек не го осеќа, напонот е низок. На пример, според некои статистики, човекот не осеќа напон до 60V (не знам дали беше еднонасочен или наизменичен). Над оваа вредност, веќе почнува да осеќа течење на струја низ неговото тело, односно, напонот веќе ја совладува отпорноста на телото.

Значи, ова за што ти пишуваш е екстремно висок напон.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: Devil on 02.12.2013, Monday, 17:26:43
низок напон се смета до 10kV, се над тоа е висок напон, барем во енергетиката, оти таму има и од 100kV :D
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 02.12.2013, Monday, 23:59:57
За  ВФ трафои претежно се користат феритни јадра.Овие ЕИ и УИ јадра не се погодни за висок напон поради повеќе работи.Прво,ефикасноста е помала,брум,загревање,големина....Подобро најди и прочитај малку литература од ова област,која ти е гледам преокупација,ама знаењето не ти е баш најјака страна. 8)
А оние за неонски знаци што користат? ЕИ или феритни?
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: batka on 03.12.2013, Tuesday, 00:02:45
Какви пак сега неонски зраци??? Ако мислиш за пригушниците ,тоа е сосема друга работа!! ;D ;D Тоа не е висок напон и неонското светло работи на 220V наизменичен напон.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: Zan on 03.12.2013, Tuesday, 00:23:08
Ако се мисли на вакви неонски знаци, тие работат со трафо, составено од обичен трафо-лим.
Напонот ноже да биде од 3 000 до 15 000 V.

(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/Razno/neon_sign_zpsaa50a9ae.jpg)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: bicikle on 03.12.2013, Tuesday, 02:33:40
зависи од дизајнот, како се врзани буквите, колку се дебели цефките итн итн... Мислам за нив за секоја реклама си има посебно трафо наменето само занеа, или па има некој инвертор со можност за регулација.. Патем ова првово трафо за да не префрла искри меѓу намотките добро е да го потопиш во растопен восок (од свеќа) или да го ставиш во моторно масло (некористено, и најефтино ќе брка работа) и така да го оставиш, т.е. да му направиш некоја кутија каде што ќе го потопиш со масло.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: GigaWatt on 03.12.2013, Tuesday, 07:22:39
Кога веќе спомна моторно масло, колкава е проводноста на моторното масло? Поточно, колку е добро моторното масло како изолатор?
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 03.12.2013, Tuesday, 14:14:21
Ако се мисли на вакви неонски знаци, тие работат со трафо, составено од обичен трафо-лим.
Напонот ноже да биде од 3 000 до 15 000 V.

(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/Razno/neon_sign_zpsaa50a9ae.jpg)
На вакви мислев.
Кога веќе спомна моторно масло, колкава е проводноста на моторното масло? Поточно, колку е добро моторното масло како изолатор?
На моторното 45 кВ/мм мин.  А на сончогледово 58 кВ/мм
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: nsu on 03.12.2013, Tuesday, 14:28:10
И шест киловолти е висок напон.Но нема везе Киловт работел со многу повисоки.Малку да се нашалиме.Инаку маслото како изолатор е добро.Тоа е подобро и од воздухот ипсилон со индекс ер се бележи изолацијата на материјалите тоест нивната специфична диелектричност.Е сега специфичната диелектричност на воздухот ипсилон со индекс ер изнесува 1,00059 ова е константа и не се менува.А додека кај трансформаторското масло специфичната диелектричност изнесува 2,2 па кај подобрите е до 2,5 и тоа е константа не се менува..Е сеа добри јаки изолатори се тефлонот плексикласот,порцеланот има диелектричност 6 што е многу јак,момирокот е редок неговата диелектрична константа ипсилон со индекс ер изнесува 8.А кај бакелитот диелектричната константа изнесува 9,2.Овие константи треба да се знаат.Инаку киловолт со среќа нека тие преправувањето на трафото.Значи еј само висок напон те интересира и овие трафоа се издржливи при краток спој значи идеални ти се за теслин трансформатор.Не прегоруваат лесно но сеа ти работи претпазливо ти више изгоре еден високонапонски трансформатор така да си знаеш но уште еднаш работи претпазливо.Поздрав ;D ;D.Инаку јас мислам дека моторното масло може да издржи 50кв/мм.Успешна работа ;)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 03.12.2013, Tuesday, 15:25:35
А како да ја ограничам влезната јачина на трафото, пробав со ламба, ама на секундар нема напон
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: batka on 03.12.2013, Tuesday, 18:12:21
Ако ламбата си ја врзал сериски ,на неа се јавува пад на напон 220V и нормално е дека нема да има напон на трафото.Ти само експериментираш,ама треба и малку теорија да прочиташ,пак ке речам.А зошто ти треба ограничување на струјата?? ;) 8)
ПС : И она не се * неонски зраци* ,ами неонски цевки.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 03.12.2013, Tuesday, 18:33:55
Ако ламбата си ја врзал сериски ,на неа се јавува пад на напон 220V и нормално е дека нема да има напон на трафото.Ти само експериментираш,ама треба и малку теорија да прочиташ,пак ке речам.А зошто ти треба ограничување на струјата?? ;) 8)
ПС : И она не се * неонски зраци* ,ами неонски цевки.
Да бидам сигурен дека нема да направи КАВООМ!
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: batka on 03.12.2013, Tuesday, 18:38:05
Како што си тргнал ке направиш не кабум туку БОоОМ! 8)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: nsu on 03.12.2013, Tuesday, 18:59:52
А чекај ти си врзал обична сијалица во серија за да се осигураш.Јас не ти одговорив оти мислев дека си поврзал некоја електронска цевка на тие ламби мислев другпат пиши сијалица.Може некој како мене криво ќе те разбере.Инаку таа во серија ти го обара напонот и затоа нема висок напон на излез.Многу убаво ти одговори батка.И плус ама ме изнасмеа со она буууууум. ;D ;D ;D ;D ;D.Закон сте
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: bicikle on 03.12.2013, Tuesday, 19:37:49
Најарно е да имаш некаква контрола , не дирекс в штекер, ќе направиш нешто или пњм модулација или триац регулатор или тиристирско палење, слично како кај аутата.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: nsu on 03.12.2013, Tuesday, 19:48:14
Да најубаво нека си земе димер.Тој е со триак или диак тој го регулира напонот.Верувај ми Киловолт од димер нема подобро. ;)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: didy on 03.12.2013, Tuesday, 20:00:35
низок напон се смета до 10kV, се над тоа е висок напон, барем во енергетиката, оти таму има и од 100kV :D
Низок напон до 1000 В
среден напон 6,10,20 кВ
висок напон 35, 70, 110, 400 кВ
дури и за 35кВ се мислам дека е во среден напон. ова е техничка поделба во дистрибуирање на ел. енергија
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 04.12.2013, Wednesday, 13:31:38
Најарно е да имаш некаква контрола , не дирекс в штекер, ќе направиш нешто или пњм модулација или триац регулатор или тиристирско палење, слично како кај аутата.

Да најубаво нека си земе димер.Тој е со триак или диак тој ја регулира струјата.Верувај ми Киловолт од димер нема подобро. ;)

Димер ќе земам. Како што пиша bicikle најарно е да се има контрола, се сложувам потполно
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: nsu on 04.12.2013, Wednesday, 14:32:12
Така треба само напред.Купи си димер и се внимателно поврзувај.Успешна работа ;)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: batka on 04.12.2013, Wednesday, 16:17:30
Да најубаво нека си земе димер.Тој е со триак или диак тој ја регулира струјата.Верувај ми Киловолт од димер нема подобро. ;)

Димерот не ја   РЕГУЛИРА СТРУЈАТА ,туку НАПОНОТ.Тоа се две сосема различни величини.Мислам дека во овие постови за висок напон, се искажаа доста произволни работи.Нема никого да посочувам,само ке кажам да ги проверувате податоците кои ги пишувате.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 04.12.2013, Wednesday, 16:22:29
Така треба само напред.Купи си димер и се внимателно поврзувај.Успешна работа ;)

најдов димер во визба, го врзав сериски со трафото, вкличив во штекер и НИШТО! Мерам меѓу пиновите на димерот има напон, 232 волти, меѓу нулата и фазата директно, исто така. А меѓу пиновите на трафото САМО 6 волти. ШТО СЕ СЛУЧУВА?!?!?!
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: batka on 04.12.2013, Wednesday, 16:33:29
Па она што покушавам да ти го објаснам пред два три поста: Прво очигледно шемите и теоријата не ти се јака страна.Ке знаеше иначе дека кога врзуваш сериски два потрошувачи на еден извор на струја ,во зависност од нивната отпорност ,кај секој посебно ке се јави пад на напон .И не знам како си го врзал димерот: треба влезот на димерот да го поврзеш на 220V, а на излезот,каде се спојува сијалицата да се спои примарот  на трафото!Само внимавај: треба да знаеш колку издржува напон и струја самиот тријак или тиристор во димерот,за да знаеш дали трафото ке може  да се приклучи,според неговата ватажа.Иначе ке направиш  само едно *пуфф*и толку ке биде од димерот.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 04.12.2013, Wednesday, 19:01:18
Овој е од оние старине со намотка што се, нема електронски компоненти. Ќе пробам поларитетот да го сменам.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: nsu on 04.12.2013, Wednesday, 19:19:57
Батка секоја чест незнам што после ова да кажам
Quote
Димерот не ја   РЕГУЛИРА СТРУЈАТА ,туку НАПОНОТ.Тоа се две сосема различни величини.Мислам дека во овие постови за висок напон, се искажаа доста произволни работи.Нема никого да посочувам,само ке кажам да ги проверувате податоците кои ги пишувате.
.Токму така напонот се регулира леле колкава грешка имам направено со тоа што кажав струја. :-[ :-[ :-[ :-[ :-[.Незнам после ова што да кажам проштевајте толку работи имам пишувано на форумов и сите се точни.Сега да не ѓи набројувам кои се тие но оваа глупост незнам ни сам како ја треснав а книги за димер имам читано и стварно напонот е тој кој се менува.Проштевајте колеги за оваа фатална грешка.Еве сега внимавам да пишувам правописно.Пошто ме опоменавте.Еве и ова нека биде опомена.Никојпат не сум лажел.Но ова што да кажам незнам.Мислев да кажам напон а сум пишал струја. :-[ :-[ :-[ :-[ :-[.Уште еднаш проштевајте.Јас овде пишував за изолацијата на материјалите за ипсилон ер тоа е сигурно точно
Quote
И шест киловолти е висок напон.Но нема везе Киловт работел со многу повисоки.Малку да се нашалиме.Инаку маслото како изолатор е добро.Тоа е подобро и од воздухот ипсилон со индекс ер се бележи изолацијата на материјалите тоест нивната специфична диелектричност.Е сега специфичната диелектричност на воздухот ипсилон со индекс ер изнесува 1,00059 ова е константа и не се менува.А додека кај трансформаторското масло специфичната диелектричност изнесува 2,2 па кај подобрите е до 2,5 и тоа е константа не се менува..Е сеа добри јаки изолатори се тефлонот плексикласот,порцеланот има диелектричност 6 што е многу јак,момирокот е редок неговата диелектрична константа ипсилон со индекс ер изнесува 8.А кај бакелитот диелектричната константа изнесува 9,2.Овие константи треба да се знаат.Инаку киловолт со среќа нека тие преправувањето на трафото.Значи еј само висок напон те интересира и овие трафоа се издржливи при краток спој значи идеални ти се за теслин трансформатор.Не прегоруваат лесно но сеа ти работи претпазливо ти више изгоре еден високонапонски трансформатор така да си знаеш но уште еднаш работи претпазливо.Поздрав Зеленко Зеленко.Инаку јас мислам дека моторното масло може да издржи 50кв/мм.Успешна работа
. За овој пост гарантирам со глава.Ипсилон ер ви ѓи прочитав од табелата по учебникот по електротехника од 1993 најстариот.Многу прецизен е тој.Инаку за глупоста со струјата уште незнам како да се извинам а тууу на напон мислев.
Quote
Вметнете цитат
Па она што покушавам да ти го објаснам пред два три поста: Прво очигледно шемите и теоријата не ти се јака страна.Ке знаеше иначе дека кога врзуваш сериски два потрошувачи на еден извор на струја ,во зависност од нивната отпорност ,кај секој посебно ке се јави пад на напон .И не знам како си го врзал димерот: треба влезот на димерот да го поврзеш на 220V, а на излезот,каде се спојува сијалицата да се спои примарот  на трафото!Само внимавај: треба да знаеш колку издржува напон и струја самиот тријак или тиристор во димерот,за да знаеш дали трафото ке може  да се приклучи,според неговата ватажа.Иначе ке направиш  само едно *пуфф*и толку ке биде од димерот.
. Инаку киловолт ова сека што ќе го кажам се однесува за тебе и претходно ти спомнав со сијалицата дека таа во серија не се поврзува ти прави пат на напон.А и батка тука многу убаво ти објасни во овој негов претходен пост.Тоа сакав јас дури многу претходно да ти го објаснам да ти го кажам.
Quote
А чекај ти си врзал обична сијалица во серија за да се осигураш.Јас не ти одговорив оти мислев дека си поврзал некоја електронска цевка на тие ламби мислев другпат пиши сијалица.Може некој како мене криво ќе те разбере.Инаку таа во серија ти го обара напонот и затоа нема висок напон на излез.Многу убаво ти одговори батка
.А гледам читајќи и батка ти објаснил дури и претходно.Киловолт не прави грешки димлерот не се поврзува никогаш така оти е у серија и го обара целиот напон.Е сега колеги уште еднаш многу ви се извинувам за она со струјата сакав да кажам напон.И сега ќе си го поправам тој мој пост.Уште еднаш му се заблагодарувам на батка што примети браво секоја чест.Многу ретко грешам но ова е глупост што го пишав ќе поправам затоа.Ете се случува проштевајте  :-[ :-[.
Quote
Овој е од оние старине со намотка што се, нема електронски компоненти. Ќе пробам поларитетот да го сменам.
.Е сега незнам дали ќе можеш со промена на поларитетот да го постигнеш ефектот.Но мислам и дека може но сепак нека ти каже некој поискусен член. ;) ;)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: batka on 04.12.2013, Wednesday, 19:20:53
Поларитет??? Па нели во мрежа 220V го вклучуваш???? Да не не е тоа димер??
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: nsu on 04.12.2013, Wednesday, 19:24:21
Така затоа во претходниот пост му пишав може и може нека и каже некој поискусен.Го кажав тоа цинично.Како може наизменична струја 50 херци да има поларитет ???
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 04.12.2013, Wednesday, 20:59:16
Така затоа во претходниот пост му пишав може и може нека и каже некој поискусен.Го кажав тоа цинично.Како може наизменична струја 50 херци да има поларитет ???
Поларитетот на димерот мислев, не на струјата, треба да си ептен необразован за да мислиш оти таа има поларитет.
Што се случи се случи, стопив 10- ина осигурачи и сега ве прашувам КАКО ДА ЈА ОГРАНИЧАМ СТРУЈАТА?!?!?!
Иначе намотката на трафото мислам дека самата од себе би требало да ограничи наизменична струја, колку толку, ако знае некој да ја ограничам струјата некако нека пиче оти за другиден треба теслиниот да биде спремен, ќе и го претставам на наставничката по физика за да ме носи на натпревар. Не вртете одоколу.
Така затоа во претходниот пост му пишав може и може нека и каже некој поискусен.Го кажав тоа цинично.Како може наизменична струја 50 херци да има поларитет ???
Мислев димерот да не има поларитет, ама се уверив да нема. Инаку тоа е димер, користен со неонки.
Се извинувам, незнаев, но од грешката научив, фала батка.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: nsu on 04.12.2013, Wednesday, 22:26:48
Добро нема потреба да се извинуваш јас исто така криво те разбрав ти секако друго си мислел сега сватив.Значи ништо не направи чим десет осигурачи си стопил.Чекај сега каков е тој димер од неонки со намотка шала на страна ни јас не сум видел сега ти подучиме. ;) ;)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: batka on 04.12.2013, Wednesday, 23:10:32
Вие двајцаа како мајтап да водите 8) Се бисер,до бисер- димер,димлер,димер од неонки...Како да се ограничи струја? Низ трансформатор? Дај нацртај ја шемата која сакаш да ја изработиш и доста приказни,ами седни и нацртај!
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: Z31GH on 04.12.2013, Wednesday, 23:21:26
А добро....што ќе прави авторот на темата со „моќно високонапонско напојување„ а кажува дека има низок напон на секундар од 6000 волти. Во енергетиката може е низок напон, ама во електрониката е и тоа како висок, мислам дека KAAABOOOOMMM-от е неизбежен, само е прашање на време, a има и опасности од струен удар...

(http://i1086.photobucket.com/albums/j460/transkop/danger_hv_zpsb5c15a08.jpg) (http://s1086.photobucket.com/user/transkop/media/danger_hv_zpsb5c15a08.jpg.html)

 8)

Споено мислење: [time]04 Декември 2013, 23:23:09[/time]
а чекај.... за што ќе се употреби тоа напојување?
електрична столица?
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: batka on 04.12.2013, Wednesday, 23:34:10
Веројатно на столот на професорката ќе го монтира  8) ( шала)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: nsu on 05.12.2013, Thursday, 00:30:19
Ние се зафркаваме а членот незнае како да го поврзе димерот.Некој изгледа ќе го збуца струја се шалам. ;D ;D ;D ;D.Што се шест киловолти ;D ;D ;D
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 05.12.2013, Thursday, 09:24:04
Добро нема потреба да се извинуваш јас исто така криво те разбрав ти секако друго си мислел сега сватив.Значи ништо не направи чим десет осигурачи си стопил.Чекај сега каков е тој димер од неонки со намотка шала на страна ни јас не сум видел сега ти подучиме. ;) ;)
Електромагнетниот димер се заснова на овој принцип
во едната полупериода на синусоидата се создава магнетно поле со одреден поларитет, а во другата полупериода магнетното поле создадено претходно се опира на струјата која сака да тече во оваа полупериода. Колку повеќе намотки, толку повеќе отпор на наизменичната струја.
Вие двајцаа како мајтап да водите 8) Се бисер,до бисер- димер,димлер,димер од неонки...Како да се ограничи струја? Низ трансформатор? Дај нацртај ја шемата која сакаш да ја изработиш и доста приказни,ами седни и нацртај!
Сакам само да ја ограничам струјата на примар, ништо друго, немам шема па барав начин...
Ние се зафркаваме а членот незнае како да го поврзе димерот.Некој изгледа ќе го збуца струја се шалам. ;D ;D ;D ;D.Што се шест киловолти ;D ;D ;D
Зафркавајте се вие, јас до утре треба да го направам. Инаку да, што се 6 кВ? Апсолутно ништо! ;D ;D ;D
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: batka on 05.12.2013, Thursday, 11:25:08
Kilovolt она што го кажуваш  се коси со терминот -димер - димер е рагулатор на напон,а не ограничувач на струја.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 05.12.2013, Thursday, 12:24:48
Јас на википедија така прочитав, инаку ако знаеш како да ја ограничам пиши, ако не да не дискутираме повеќе. Рокот ми е до утре изутрина, значи денеска треба да завршам. Утре сум од сабајле.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 07.12.2013, Saturday, 19:18:38
od mobilen se ukluciv oti kompjuterot mi e zabranet 1 nedela poradi privatni pricini.Nastavnickata mi rece deka ako ne go odnesam tesliniot vo vtornik ce mi ja namali ocenkata, resenie: na otpad da najdam mikrobranova i da go iskoristam trafoto.
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 10.12.2013, Tuesday, 10:45:27
Извини батка, моја заблуда било, сум помешал димер и пригушница. Се извинувам за се.(од училиште, на географија)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: nsu on 10.12.2013, Tuesday, 11:26:24
Ах бре киловолт затоа јас си викав тоа е придушница на напонот а не димер ;) ;D ;D.Се случува да згрешиш ;)
Title: Одг: Mоќно високонапонско напојување
Post by: KiloVolt on 10.12.2013, Tuesday, 12:56:48
Така се учи, еве згрешив, ќе знам за во иднина. ;D ;D ;D