Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: Borizz on 16.11.2020, Monday, 16:38:51
-
Здраво на сите. Дали има некој да ми помогне со шема за изготвување на склоп - генератор за електролиза на колоидно сребро, сребрена вода??
-
Имаш ли веќе некоја идеја, замисла, шема од која сакаш да почнеш?
-
Најдов нешто вакво.
-
Електрониката за ова може многу лесно да се направи, проблем е кај ќе најдеш сребрени електроди со .999 чистота.
-
Некој златар може да му извлече сребрени прачки по димензија (имат они алат за вакво нешто), но колку ќе чини сето тоа и дали ќе биде со .999 чистота.
-
Мислам дека чисто сребро се наоѓа кај златарите, а и може од пра сребрена. Воглавном сребро се наоѓа со 925 чистота, додека инвестициски монети има и со 999 сребро. Тоа ќе се снајдам, но проблем ми е да оваа шема за плочка ја имам во адекватна големина и како негатив за да ја пренесам на плочка.... после тоа деловите си велам ќе ги најдам од соодветна продавница...Иако не знам дали самиот склоп е во ред, бидејки електрониката и не ми е некоја јака дисциплина....
Затоа се обратив на форумов за помош или искуствени совети....
-
Ова е едноставно коло, дури не ни мора да правиш плочка, може да го составиш на универзална плочка со дупчиња.
Деловите се стандардни и ефтини, без потенциометрите нема тука ни 100ден.
-
Јас би прашал зошто служи сребрена вода, имам слушнато но никогаш не дознав која е нејзината примена?
-
За врколаци убивање :)
Змена за антибиотик.
Имаше порано прича дека ако јадиш со сребрен прибор си прилично заштитен, колку е така не знам, но порано употребата на пестициди, хормони, антибиотици и сл била никаква или минимална, ла не знам сега комку би те заштитила сребрена лајца ( лажица)
-
А што, се пие ли сребрената вода? :) Малку ми е чудно. :)
-
Најчесто ја пијат, под ризик да добијат аргирија и да личат на штрумфови... :)
https://en.wikipedia.org/wiki/Argyria
-
Се сеќавам одамна дека некои луѓе носеа ваква вода од русија или бугарија (не сум сигурен) и ми останало во сеќавање, но никогаш не разбрав која и е намената.
-
Има се продава сребрена вода во аптека. Мислам шишенцето беше околу 900 денари. Ми викаа да правам гаргара со сребрена вода без да ја пијам. Иначе има и машини за перење што имаат катализатор за сребрена вода и има подобрување во перењето на алиштата. Имам таква машина ама не верувам дека сеуште прави сребрена вода оти во упатството пишуваше првите 10 години траеле тие сребрени прачки.
-
Ја укина алкалоид ако не сум гршка.
Ќе смениш прачки во машината ;)
-
Сребрената вода е дефинитивно докажан природен антибиотик. Всушност се работи за колоидно сребро, сребрена вода со многу мали парченца од сребро (чисто). Има доста истражувања за периоди на разни тешки епидемии кога точно поморот е во посиромашните луѓеа побогатите немале таква смртност. После време се утврдило дека тоа е од сребрениот прибор кој го користеле. Затоа се излезени и разните приказни за сребрени куршуми, тоест среброто како голем уништител на злото.
Инаку во Битола има извор со сребрена вода , потврден, но со многу мала количина на колоидно сребро. Јас потврдувам дека и после три месеци оваа вода во пластично шише останала непроменета и нерасипана.
Инаку, да ја има во аптеки но подоста скапа, исто има и генератори од аптеки, но исто скапи.
Е сега да се вратам на идеата за самоправење на погоре посочениот генератор. Имам и таква плочка цела со дупчина и двострано со бакар, но важни се потенциометрите зошто тие регулираат колку да е концентрацијата на колоидно сребро. И пак се поставува прашањето, (бидејки сум мноогу слабо искусен) како да ја користам таа плочка. Сепак треба да е по шема.... и како тоа да го изведам?
-
Или ако има некој добар човек па да ми стутка едена таква плочка... па преку карго ми прати...секако за адекватна цена, ќе му бидам од срце благодарен.
-
Мислам дека имаш огласи...