Аналогна електроника > Радиоаматери

Испитни прашања за полагање за радиоаматерски испит

(1/3) > >>

Z31GH:
Во оваа тема ќе ги најдете испитните прашања за полагање за радиоатерски испит.
Исто така тука е и правилникот за користење на радиофреквенциите ви радиоаматерската служба, како и пријава за испит.
Испитните прашања се во прилог 3 и прилог 4 во упатство и испитни прашања.

Податоците се превземени од страната на агенцијата за елекронски комуникации пред неколку години, не можев да најдам линк па ги праќам вака.


Zlate87:
Имам длимеа поврзана со одговорите на две од прашањата за Р лиценца од фајлот „Upatstvo i ispitni prasanja.doc“?

Прилог 4 -> а) ТЕХНИЧКА СОДРЖИНА -> 45. Со кој од симболите се претставува отпорник (отпор)?
Како точен посочен одговор е б), но јас мислам дека точен одговор е в) (б) е осигурувач).

Прилог 4 -> а) ТЕХНИЧКА СОДРЖИНА -> 56. Каква е приближна должина на полубранов дипол за опсег 144 - 146 MHz?
Како посочен одговор е б) 1 m, но јас мислам дека точен одговор е в) 2 m (можеби сум грешка)

Дали некој друг може да даде мислиње?

Едитирано на 11.09.2015:
Благодарение на коментарите, согледавме каде ми е забуната за 56, не сум приметил дека станува збор за полубранов опсег. Сега ми е јасно дека б) 1 m е точен одговор.

batka:
Па има доста дубиози и тука,исто како во се што преведуваме и препишуваме. :D И јас се слагам дека симболот за отпорник е погрешен,а она за 144 мхз е точно - брановата должина е 2 м,а полубрановата е 1/2 односно 1 м.

Z31GH:
@zlate, Да, се сеќавам на таа грешка, мислам има уште една или две мали грешки.


xantox:
Одговорот за 56 е точен. 1 м е должината за полубранов дипол за 2 метра. За 45 си во право точен е одговорот под в. Јас кога полагав ги имав приметено грешните одговори и во тестот имав едно такво прашање. Го одговорив како што сметав дека треба да е точно, меѓутоа иако стопати се преиспитав и знам дека ми е точно одговорено, не ми го признаа одговорот.  Не се пожалив бидејќи само тоа ми беше "погрешено". Проверката на тестот ја прават според овие одговори. Не е лошо пред да полагаш, еднаш да прошеташ до аек да си направиш муабет со одговорните.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version