Аналогна електроника > Радиоаматери

Кој репетитор од каде најдалеку го отварате ?

(1/10) > >>

DX-er:
Темава ја отварам со цел да споделуваме наши најдолги постигнати растојанија помеѓу радиоаматерски репетитори и радио станица, ниво на сигнал и сл. карактеристики.

DX-er:
Да споделам нешто од денес што многу пријатно ме изненади.

Шетав на планината Водно кај Скопје, и кога почнав да се симнувам надоле после втората кривина решив да видам дали ке досегнам со станицата до некој подалечен репетитор.
Видов дека Р2 ми враќа, односно го отворам. Почнав да викам и ми се јави радиоаматер од Ниш кој беше на Р2. Го слушав убаво, може беше Q4,5. Го прашав кој е овој репетитор и ми рече дека е на Копаоник и дека ме слуша Q4 односно со солиден сигнал. Снагата ми беше 5W, но според неколку радиоаматери што вршеле мерење на истата станица таа е 4W.
Да не заборавам, да го поздравам мојот пријател Ивица од форумот кој ми даде идеа дека ке го отворам репетиторот на Копаоник.

Не знам точно каде е лоциран репетиторот на Копаоник но сепак далечината е некаде меѓу 150 и 155km. Ако некој ја знае точната локација нека пише.



Потоа слушав и некои бугари зборуваа, но неможев да заклучам дали беа уклучени на српскиот Р2 или пак слушав некој бугарски Р2. Пробав да воспоставам контакт но не ми одговорија ништо.

Во спат само да кажам дека се појавуваше сигнал со некое титкање на некои си 5 секунди на фрекфенција на Р1, но кога пробав да го отворам, репетиторот не реагираше на мојот сигнал, вероватно е некој далечен репетитор.
Према
--- Code: ---http://ham.pirot.org/
--- End code ---
Р1 има најблиску во Црна гора.

ivica.s:
Одлично растојание за таа моќност во секој случај. Честитки.


Инаку јас од дома R3 го отворав, околу 90 - 100 км растојание. Не знам точно каде е или каде беше лоциран R3 освен дека беше некаде на Пониква.

Z31GH:
еве јас да споделам мое искуство.
Со рачна станица motorola GP300 Битола преку R7 направив радиоврска со радиоаматер од Косово, најверојатно имаше одлични пропагации тогаш. Преку R6 додека беше на Скопска црна гора имав радиоконтакт со жена радиоаматер од Сурдулица, Србија. Користев Yaesu FT-1500m со знага од 50 вати. Од Пелистер со рачна радиостаница имав радиоконтакти со бугарски радиоаматери, еден од нив беше од Софија, е сега не сум сигурен кој репетитор беше, но на таа висина се е можно. Од Велес R3 без проблем со рачна радиостаница

DX-er:
Вчера повторно бев на врвот на Водно и со 2W успеав да го отворам Р2 на Копаонок. Оцента што ми ја даде колегата радиоаматер од Косовска Митровица беше 5 (нај висока оцена) со малце пуцкетање во позадина, кога префрлив на 4 (5) W сигналот беше чиста 5.

Р7 го отворив без проблем со 2W, оцената што ми ја даде радиоаматер од Прилеп беше 4.5

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version