Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: GigaWatt on 12.09.2019, Thursday, 04:46:09

Title: Трепкач за сијалица со 555 и триак
Post by: GigaWatt on 12.09.2019, Thursday, 04:46:09
Не знам од каде ми е шемава... дали ја најдов online поодамна или некој ми ја дал.. нејсе, ја најдов и неа испечатена, па ајде, да се дигитализира и ова и да го фрлам листот во ѓубре :P :D.

(https://i.imgur.com/iFIReEA.png)

Според мене, прекомплицирана е шемата и може да се направи да биде далеку поедноставна... авторот изгледа сакал да оди на „сигурност во дизајн“ и затоа изгледа искористил трансформатор и оптокаплер, но генерално земено, овој дизајн може да се изведе и без трансформатор и оптокаплер, особено ако уредот кој се контролира (треба да трепка) исто така се напојува од мрежен напон.

Текстот е на Фински, така да, не пробувајте да разберете нешто :P :D.

U3 (78L08) може слободно да го замените со 7809 (без L во средина). Оптокаплер... може да се искористи скоро било каков, само ќе треба да се штима вредноста на R5 (како што е и посочено во шемата). Диодите од D3 до D6 заменете ги со 1N4007 (јас лично не би ставил 1N4148). Диодите D1 и D2 (BAT85) се Шотки дидои (30V, 0.2A). Слободно може да ставите било какви Шотки диоди со максимален работен напон од барем 25V. Максималната јачина на струја не е критична, но јас лично не би ставил диоди со максимална јачина на струја помала од 0.5A. Доколку немате Шотки диоди на располагање, може да искористите било какви брзи диоди, би требало и со такви да работи ;).

Доколку го правите трепкачов со трансформатор, R3 и R4 не мора да се пластични (пожелно е, но не и задолжително), но доколку менувате нешто во начинот на напојување на колото и го преправите директно да се напојува 555 од мрежен напон, задолжително користете пластични потенциометри за R3 и R4 или метални, но монтирајте пластични капачиња на нив и во никој случај не ги допирајте оските на потенциометрите без некаков вид на изолација.

Шемата заедно со ППК-то и монтажната шема ја има во attachment и на следните линкови.

Code: [Select]
https://cloud.mail.ru/public/vwqJ/2qUW8LZz4
Code: [Select]
https://www.asuswebstorage.com/navigate/a/#/s/6C942C1214054A919B182BC7379B7C32Y
Code: [Select]
https://app.box.com/s/drjfn965dme78364qec5ekl4ea07m6an
Title: Re: Трепкач за сијалица со 555 и триак
Post by: LordZi on 12.09.2019, Thursday, 10:23:00
Непотребно искомплицирано. Во наше време ова се правеше многу поедноставно, со тоа што се подразбираше дека не треба да брцаш со прстите кај што не треба... ;)

(https://i.postimg.cc/RF493zb1/trepkac.jpg)
Title: Re: Трепкач за сијалица со 555 и триак
Post by: GigaWatt on 12.09.2019, Thursday, 12:05:07
Да, баш пишав дека е непотребно искомплицирана шемата... ако само треба да трепка, ништо повеќе од тоа. Но, ако сакаш да подесиш ON/OFF интервал, ќе мораш да искористиш нешто како 555.

Но, сепак, да, се сложувам, дека напојувањето може слободно да се изведе без трансформатор и дека во тој случај, оптокаплерот е апсолутно непотребен, тука нема збор ;).
Title: Re: Трепкач за сијалица со 555 и триак
Post by: LordZi on 12.09.2019, Thursday, 12:16:15
Со потенциометарот се подесува интервалот на трепкање ;).
Иначе само тоа оптотриакот од првата шема кошта колку сите делови заедно од втората...8)
Title: Re: Трепкач за сијалица со 555 и триак
Post by: GigaWatt on 12.09.2019, Thursday, 13:01:40
Со потенциометарот се подесува интервалот на трепкање ;).

Има уште еден во шемата, со него (мислам барем, за'рѓан сум малку со 555-киве :P :D) се подесува ON/OFF интервалот, т.е. колку време да стои ON, колку време OFF за зададена фреквенција на трепкање ;).

Иначе само тоа оптотриакот од првата шема кошта колку сите делови заедно од втората...8)

Чекај... па зошто е тогаш оптокаплерот ако има оптотриак во шемата ???.
Title: Re: Трепкач за сијалица со 555 и триак
Post by: LordZi on 12.09.2019, Thursday, 14:15:56
Нема оптокаплер, тој MOC3043 е оптотриак... ;) Последен пат кога го купував беше околу 100ден. еден... :P
Title: Re: Трепкач за сијалица со 555 и триак
Post by: GigaWatt on 12.09.2019, Thursday, 15:22:13
Па добро... зошто има два триаци во колово ??? ;D... зошто не искористил обичен оптокаплер, навистина не ми е јасно ;D.

Да, дефинитивно шемава е непотребно комплицирана ;D. ОК, се сложувам да има 555, сепак може да подесиш определени работи кои не можеш со онаа многу поедноставната која ти ја post-ираше, но ова е веќе... overkill ;D.
Title: Re: Трепкач за сијалица со 555 и триак
Post by: LordZi on 12.09.2019, Thursday, 16:08:22
Триак во сите шеми што сум ги гледал до сега, а во кои има галванска изолација, се побудува со оптотриак, не со оптокаплер.
Title: Re: Трепкач за сијалица со 555 и триак
Post by: GigaWatt on 12.09.2019, Thursday, 16:57:45
Хммм... можно е да си во право... баш ме интересира со што се побудува триакот во лемната станица дома што ја имам. Ќе проверам ;).