Екранот е Нишки (Ei-Nis). ОК се, не се лоши
. Иако мислам дека најдобра серија им беа со Toshiba екраните, тие скоро вечни се
.
Да, дефинитивно прво исчисти го
. Наједноставно е чистењето со мало четкиче (може било какво, четка за заби, помало четкиче за лак, поголема четкичка за темперни или мрсни бои, било што од ова ќе сврши работа, иако четкичката за заби е малку погруба и би ја препорачал само за темелно чистење
) и правосмукалка
. Додека е пуштена правосмукалката, само насочи го цревото кон определена локација и на истата локација со четкичката чисти
. Не го допирај цревото (поточно, пластиката на врвот од цревото) до некоја од компонентите, да не случајно оштетиш некоја од нив или евентуално несакајќи да скршиш нешто
(пластиката од цревото е прилично груба).
Што се однесува до шема, не знам која шасија ја користи овој модел, така да, прво тоа треба да го утврдиме. Ознаките за шасијата обично се наоѓаат на главната плоча, но бидејќи има премногу прашина, не верувам дека ќе ја забележиш ознаката пред да го исчистиш
. Ако е некоја од класичниште шасии или некоја нејзина модификација, се наоѓа шема
. Ако не е, ништо :S, ќе се работи без шема
.
Прво, ќе пробаме со просто прелемување на контактите бидејќи ова е најчест проблем. Електролитските кондензатори кои се ставени во овие уреди, најчесто имаат многу подобар квалитет на изработка и долговечност од било кои електролитски кондензатори изработени во денешно време, така да, често се случува и да се само малку суви (на пример, да имаат изгубено само 10% од нивната номинална капацитивност, а ESR факторот да им се има дигнато многу малку, скоро незначително), па нема потреба да се менуваат и најверојатно ќе тераат барем уште 5, 6, 7 години
. Значи, прво прелеми ги сите сомнителни контакти (ладни лемови), секаде, на главната плоча, на модулите (претпоставувам дека е модуларен) и на CRT плочката. Притоа, пази да не направиш краток спој некаде или уште полош лем
. Исто така, ако е модуларен телевозорот, исчисти ги контактите за модулите, и на главната плоча, и на самите модули. Наједноставно е ако ги исчистиш со 98%-ен алкохол (шпирт, може да се купи во било која аптека
), но може и со некој тип на контакт спреј (ги има во продавниците за електронски компоненти, но прилично скапи се 200 денари па нагоре :S). Потоа, пушти го и види дали сеуште ќе го има истиот проблем
. Ако не е среден, преминуваме на втората опција, односно мерење и менување на електролитите во телевизорот
. Но ова, подоцна, прво провери дали ќе се среди проблемот со просто прелемување и чистење на телевизорот
.