Author Topic: Прашањa за ВФ засилувачите  (Read 11703 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Прашањa за ВФ засилувачите
« Opened on 09.11.2009, Monday, 13:59:07 (Edited 19.03.2010, Friday, 12:09:57) »
Ме интересира нешто, ако на самиот предавател имам П-филтер и таков исфилтриран сигнал иде во појачало од Ц класа, дали на излез ке треба уште еден филтер или сигналот ке биде чист?
Значи дали појачалто во Ц класа создава хармоници?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Мора да има и краен филтер (после главното појачало). Секое ново засилување воведува нови хармоници, а поготово појачало во Ц класа.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
а дали тие хармоници се силни или се со краток домет?
На пример ако со 2SC1971 добивам 3W и доколку ставам филтер и го прочистам сигналот, колку од прилика W би бил прочистениот сигнал? (основната фрекфенција)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Значи да речеме дека му даваш на 1971 многу чист синусоидален сигнал. Сепак, количината на хармониците сигурно ќе зависи многу подесувањето и линеарноста на осцилаторните кола (калем/кондензатор). Некои комбинации калем/кондензатор и некои подесувања ќе дадат помали хармоници, некои поголеми. Сепак и идеално подесено системот нема да може да се донесе под 10% хармоници бидејќи Ц класата по дефиниција го „вози“ осцилаторното коло само во една полупериода што би значело дека во другата полупериода е оставено само на себе (затоа зависи многу од калемот и кондензаторот) меѓутоа се јавува проблемот кога транзисторот наново ќе го „наполни“ осцилаторното коло прави „удар“ и генерира виши хармоници барем 10%. Значи осцилаторното коло треба да е што подобро за да нема изгубено многу енергија до наредното „полнење“. И тоа само 10% ако се калемите посребрени а кондензаторите многу квалитетни! (да нема загуби, опаѓање на енергијата во осцилаторното коло до наредниот „удар“ од страна на транзисторот). Се надевам се разбираме.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
10% хармоници при посребрени калеми и одлични кондензатори.... леле а камо ли како јас и диме што правиме со бакарна жица и пластични кондензатори којзнае колку хармоници има, ако појачалото дава 3W и ако тој сигнал го прочистиме може ке остане само 2W чист сигнал.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Дали некој има приметено некаква разлика меѓу BFR91 и BFR96 во поглед на засилување, осетливост и хармоници?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
На фрекфенции под 500MHz не.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
ОК, мене ми треба за ФМ
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Дечки што значи тоа едно појачало или предавател да биде линеарен и од што зависи  истото?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Линеарен значи синусоидалниот сигнал да го појача онаков како што е (да не ја изобличи синусоидата на сигналот) а доколку не е линеарен се појавуваат хармоници. Линеарноста зависи од транзисторот, осцилаторното коло (калемот, кондензаторот), плочката, снагата ако е претерана и други работи.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Гледав разни шеми за појачала со разни транзистори како 2N3866, 2N3663, 2SC1970...
и ме зачуди следново.
Зошто кај некои појачала излезниот калем е меѓу двата излезни тримери а на некои шеми е пред тримерите?
Зошто некаде има 2 излезни тримери а некаде има 4?
Зошто се различни тримерите од појачало до појачало за различни транзистори кога сите се во Ц класа?

Јас користам тримери од 10-60pF тие темно жолтите, дали се добри за 2SC1970, 2SC1971, 2N3866 и 2N3553 ?

Ако некој знае го молам да ми одговори на прашањата.

Еве ги сликите





Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Значи има неколку одговори на твоите прашања. Првиот е дека секој транзистор се разбира дека нема 50 ома излезна импеданса. Најчесто имаат неколку оми излезна импеданса и тоа секој различно. Излезната импеданса за да е 50 ома и да одговара на антените, каблите  и на наредните степени ја нагодуваат со комбинација на калеми и кондензатори (редно или паралелно) и тоа не е филтер на шемите туку нагодувач на импеданса. Вториот одговор е дека треба да имаш на ум дека на некои фрекфенции калемот може да стане кондензатор (капацитет меѓу намотките наместо индуктивитет од самата жица) и понекогаш го користат и тој ефект, поготово на повисоки фрекфенции. Трето, не е ни битно дали ќе ставиш калем или кондензатор, битно е да направиш „напонски разделник“ со импедансите кој ќе ја има потребната излезна импеданса од 50ома (може да се направи и за 75 ома ако е потребно за засилувач за кабловска телевизија).
Тримерите кои ги користиш се добри но некаде до 5 вати. Над таа снага напонски пробиваат (тоа може а и немора да се гледа) и се случуваат лоши работи, зголемена SWR, дури и прегорувања на транзисторите. На пример на засилувачот од 60W мора да се нагоди прво на ниска снага (десетина вати), потоа се мерат кондензаторите и се става (еден или повеќе) фиксни керамички кондензатори од 2KV напон и се става многу помал тример (1-15pF) за да може да се штима потоа ако е потребно околу резонанцијата.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
А тоа што се од 10 до 60pF а на шемиве има тримери на пример 4-14pF а пак моиве почнуваат од 10pF а тие од 4pF па дали е проблем? Дали се битни тие pF од 4-10?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
На некои места е битно да почнува од помал капацитет (2, 3 или 4pF) а на некои не. Сепак ако во шемата пишува од 4-14 со ставање на 10-60 неможеш да штимаш на повисоки фрекфенции (накај 108MHz) туку само на пониски (накај 88MHz). Иначе само квалитетни тример кондензатори имаат поголем опсег (имам видено од 2 до 100pF тримери квалитетни).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Jaс имам направено појачало како ова на сликава



Е сега на нетов видов друга шема за појачало која е по различна од таа по која јас правев



Кај мене калемот означен како 1 е три круга мотани на мина од пенкало.
Вториот е три круга со внатрешен дијаметар од 6-7цм а ширината на намотката е може 1-2мм
Третиот е 7 круга со внатрешен дијаметар од 7цм

Па ме интересира дали е проблем што се вакви намотките или не?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.