Досега што имам видено и читано, најголемиот дел (повеќе од 90%) се прават интервенции на лед контролата и тоа да оди преки самиот чип или преку мосфет-от!
Можно е... немам разгледувано детално за овој проблем.
Можеби поентата е да не се товари напојувачката секција, туку да се растовари, а освен тоа, да се постигне и помал излезен напон за LED диодите, со што ќе се намали струјата низ нив... има логика... освен тоа, се намалува и греењето на сите компоненти, нема дополнителни „греачи“ во колото (отпорници за намалување на струјата низ диодите), со што се продолжува животниот век.
Јас мислам дека во случајот подобро решение е со R8601 кој на шемата е 0.R05 а на плочата треба да е 0.15R а истиот е врзан во патеката на Q8601, треба да се зголемува а при тоа да се мери струјата и да се добие вреност околу 30% помала од онаа која е измерена пред преправката!.
Да, ова има логика, но има шанси да компензира PF7708AS и да ја зголеми switching фреквенцијата, со што практично, ништо не се постигнало... треба да се проба. Ако тоа се случи, тогаш единствен начин да се интервенира (без додавањена отпорници) би било преку feedback секцијата, т.е. ZD8601, ZD8602 и R8608. Јас лично би пробувал прво со ZD8601 и ZD8602, би мерел колкав е напонот на нивните краеви и ќе пробам да го намалам излезниот напон за, ајде еве, 3V, со тоа што ќе додавам 1N4148 во серија со некоја од нив (од она што исчитав од шемата, би требало да се 18V-ни зенерки) и да видам дали ќе ми успее... неоптоварено, на излезот сигурно ќе падне напонот, но треба да се види што ќе се случи и кога излезот ќе се оптовари... би ги приклучил strip-овите и би мерел излезен напон од секцијата за напојување. Ако не рипне, добро е, само ќе треба сега да се измери и струјата низ диодите и да се спореди со претходните мерења, т.е. да се види за колку се намалила струјата низ диодите и дали е намалена за околу 30%. Ако не е, се додаваат уште 1N4148 во серија со ZD8601 или ZD8602. Е сега, ако пак рипне вредноста на излезниот напон... најверојатно ќе мора да се интервенира и кај R8608 и да се зголеми неговата вредност.
Во секој случај, треба се ова да се проба, ова е чисто анализа, што не значи дека се ќе биде вака во пракса.