Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: StefanJapanac on 14.06.2012, Thursday, 20:56:38

Title: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: StefanJapanac on 14.06.2012, Thursday, 20:56:38
Здраво
Ме интересира дали има надеж за овој олдтајмер што го имаме по дома долго време. Јас го уклучив најдов програм и ме интересира бидејќи по мое мислење не е некој голем проблем, дали може да се поправи црвената боја на екранот за да даде слика со нормални бои. Секоја помош ми е добредојдена бидејки не сум работел со телевизори а ме интересираат.
Ова е видео како изгледа при работа:
Проблем со телевизорот (http://www.youtube.com/watch?v=v9jopnb-ajQ#ws)
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: Devil on 14.06.2012, Thursday, 21:33:40
најверојатно е отиден екранот, ама, црвената боја ти работи најверојатно ти фали сината боја (треба да видиш кои бои точно ги нема) можеби е нешто изместено па се решава лесно, види на топот од позади мери дали на сите пинови ги има потребните напони, би требало да пишува негде на плоча каде колкав напон има провери на RGB линиите дали стигнува или фали некој сигнал
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: GigaWatt on 14.06.2012, Thursday, 23:46:18
Нјаверојатно ти фали сината, а може и зелената да ти фали.

Кај вакви стари телевизори, најчести проблеми се два: ладни лемови и суви кондензатори. Прелеми се што ти е сомнително, па пушти го и види дали ќе се смеи ситуацијата. Ако не се смени, измери ги електролитскитете кондензатори (сите), ако капацитетот им е паднат повеќе од 20%, менувај ги. Пак пушти го и види дали е среден проблемот.

Ако пак не се среди, пиши, ќе дадеме други совети ;).
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: Toma on 15.06.2012, Friday, 00:03:23
На самиот екран од внатрешната страна постои ознака на екранот и фирма или земја  на производство.
Напиши ги тие ознаки !
Пример 1
(http://3.bp.blogspot.com/_SPwX1vYEKqg/TVBMewOtr3I/AAAAAAAAFio/07iGLzd90Ik/s320/IMG_3637.jpg)
Пример 2
(http://3.bp.blogspot.com/-m4NF77QBNSM/TlvhwtMD27I/AAAAAAAAFSU/LwH6o2d_qsg/s320/IMG_7773.jpg)
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: donis92 on 15.06.2012, Friday, 01:53:51
Гарант имаш проблем со РГБ Матрицата, испомешани се боите, овој телевизор вреди да го напрајш многу е добар сигнал има страшен а сликата џам, пред2 месеца искршив ваков исправен сега ми е криво
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: StefanJapanac on 15.06.2012, Friday, 11:00:23
Quote
На самиот екран од внатрешната страна постои ознака на екранот и фирма или земја  на производство.
Напиши ги тие ознаки !
Ова најдов јас, ако не е тоа ке побарам пак. (http://i45.tinypic.com/5dlcsw.jpg)



Споено мислење: 15.06.2012, Friday, 11:24:16
Инаку ова сега ми падна во очи кога ко чистев, кај плочката на цевката има одлемено нешто, незнам што е погледнете: (http://i48.tinypic.com/154uluc.jpg)
а има ваков симбол:
(http://img40.imageshack.us/img40/8168/67892221.png) (http://imageshack.us/photo/my-images/40/67892221.png/)
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: Kromid on 15.06.2012, Friday, 14:27:12
Ухххххх, ај земи правосмукалка и четка и изчисти го од прашина. Иначе тоа излгеда како калемче.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: Toma on 15.06.2012, Friday, 14:37:09
Quote from: Kromid
... Иначе тоа излгеда како калемче.
Искриште ( „варничар„ ) за 7 KV .
ПП. Телевизорот работи нормално и без него!
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: StefanJapanac on 15.06.2012, Friday, 15:24:58
Има ли за овој телевизор некоја шема, да почнам да менувам кондензатори?
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: GigaWatt on 15.06.2012, Friday, 16:45:28
Екранот е Нишки (Ei-Nis). ОК се, не се лоши ;). Иако мислам дека најдобра серија им беа со Toshiba екраните, тие скоро вечни се ;).

Да, дефинитивно прво исчисти го ;D. Наједноставно е чистењето со мало четкиче (може било какво, четка за заби, помало четкиче за лак, поголема четкичка за темперни или мрсни бои, било што од ова ќе сврши работа, иако четкичката за заби е малку погруба и би ја препорачал само за темелно чистење ;)) и правосмукалка ;). Додека е пуштена правосмукалката, само насочи го цревото кон определена локација и на истата локација со четкичката чисти ;). Не го допирај цревото (поточно, пластиката на врвот од цревото) до некоја од компонентите, да не случајно оштетиш некоја од нив или евентуално несакајќи да скршиш нешто ;) (пластиката од цревото е прилично груба).

Што се однесува до шема, не знам која шасија ја користи овој модел, така да, прво тоа треба да го утврдиме. Ознаките за шасијата обично се наоѓаат на главната плоча, но бидејќи има премногу прашина, не верувам дека ќе ја забележиш ознаката пред да го исчистиш ;D. Ако е некоја од класичниште шасии или некоја нејзина модификација, се наоѓа шема ;). Ако не е, ништо :S, ќе се работи без шема ;).

Прво, ќе пробаме со просто прелемување на контактите бидејќи ова е најчест проблем. Електролитските кондензатори кои се ставени во овие уреди, најчесто имаат многу подобар квалитет на изработка и долговечност од било кои електролитски кондензатори изработени во денешно време, така да, често се случува и да се само малку суви (на пример, да имаат изгубено само 10% од нивната номинална капацитивност, а ESR факторот да им се има дигнато многу малку, скоро незначително), па нема потреба да се менуваат и најверојатно ќе тераат барем уште 5, 6, 7 години ;). Значи, прво прелеми ги сите сомнителни контакти (ладни лемови), секаде, на главната плоча, на модулите (претпоставувам дека е модуларен) и на CRT плочката. Притоа, пази да не направиш краток спој некаде или уште полош лем ;). Исто така, ако е модуларен телевозорот, исчисти ги контактите за модулите, и на главната плоча, и на самите модули. Наједноставно е ако ги исчистиш со 98%-ен алкохол (шпирт, може да се купи во било која аптека ;)), но може и со некој тип на контакт спреј (ги има во продавниците за електронски компоненти, но прилично скапи се 200 денари па нагоре :S). Потоа, пушти го и види дали сеуште ќе го има истиот проблем ;). Ако не е среден, преминуваме на втората опција, односно мерење и менување на електролитите во телевизорот ;). Но ова, подоцна, прво провери дали ќе се среди проблемот со просто прелемување и чистење на телевизорот ;).
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: Toma on 15.06.2012, Friday, 17:19:05
Шасијата е B30 (99%) koja што ја има во неколку подваријанти (мемостат, далечински управувач, scart приклучок итн) но основната шема ја имаш на овој линк
Code: [Select]
http://fanzo.org/forum/download/file.php?id=191
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: bore on 15.06.2012, Friday, 18:20:28
За овие телевизори најпрво треба да се проверат тримерите во RGB плочката, бидејки прекинуваат.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: StefanJapanac on 15.06.2012, Friday, 20:20:00
Како што рековте ке почнам да го чистам па потоа ке ги пробам и тримерите, инаку по тоа што видов интегралците таа е шемата, но ме интересира кои се опасните напони и како да ги испразнам, нулирам? Да не отидам предвреме  :)
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: hogar2 on 15.06.2012, Friday, 22:35:53
Боре е во право.Проблемот е во тример потенциометрите во RGB модулот.Замени ги САМО тие за црвената боја.На модулот се ознацени со R.
Поздрав.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: StefanJapanac on 15.06.2012, Friday, 23:08:17
Барем трим потенциометрите се лесни ке пробам да ги наместам/заменам утре

Споено мислење: 16.06.2012, Saturday, 18:32:32
На трим потенциометрите успеав да добијам понормална слика но сепак црвенилото остана, изгледа е екранот дотраен.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: SaleSk on 20.06.2012, Wednesday, 08:56:24
Сепак не верувам дека е до екранот...
Има некој друг проблем...Најчесто РГБ и лоши контакти...
СО среќа.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: Toma on 20.06.2012, Wednesday, 10:01:33
Под услов да си ги заменил сите шест тримери, пробај вака. Сите тримери заврти ги до крајна лева положба, зголеми го G2 напонот на околу 600V, измери ги напоните на RGB катодите и напонот на G1 и напиши ги измерените вредности !
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: GigaWatt on 20.06.2012, Wednesday, 14:26:28
На трим потенциометрите успеав да добијам понормална слика но сепак црвенилото остана, изгледа е екранот дотраен.

Не е до екранот, најверојатно, треба цел да се исчисти, од контакти до тримери, слотови, итн.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: StefanJapanac on 20.06.2012, Wednesday, 14:40:26
Не ги менував потенциометрите, сега ке ги нарачам деловите само потврдете ми дека се 3х 1к и 3х 220 оми да не погрешам?
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: GigaWatt on 20.06.2012, Wednesday, 20:54:17
Не ги менував потенциометрите, сега ке ги нарачам деловите само потврдете ми дека се 3х 1к и 3х 220 оми да не погрешам?

Па сликај ги да видиме ;).
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: bore on 20.06.2012, Wednesday, 21:47:07
Потенциометрите што си ги напишал се тие мени ги.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: Toma on 23.06.2012, Saturday, 15:58:41
На RGB плочката кај B30, што се однесува до тримерите најчесто среќавани се паровите 1 KΩ ( P401, P403 И P405) со 220 Ω (P402, P404 и P406) i 2,2 KΩ ( P401, P403 И P405) со 470 Ω (P402, P404 и P406).На самите тримери е означена вредноста.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: SaleSk on 23.06.2012, Saturday, 17:08:55
Имам цели комплетни плочи за нишки телевизори...
Ако ти треба нешто, кажи...
А и деновиве ми е у план чистка, па ке одат еден куп работи на продажба за симболична цена...Меѓу кои и делови за тие телевизори...  ;D
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: GigaWatt on 23.06.2012, Saturday, 17:16:20
А и деновиве ми е у план чистка, па ке одат еден куп работи на продажба за симболична цена...Меѓу кои и делови за тие телевизори...  ;D

Пиши ako имаш случајно нешто вакво ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8904.0
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: bore on 26.06.2012, Tuesday, 00:58:25
Ако сале не ти заврши работа може и јас да ти дадам цела плочка за симболична цена поздрав ;)
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: didy on 26.06.2012, Tuesday, 22:34:07
здраво
колку и да се помачиш, нема да ги добиес тие бои какокога бил нов апаратот, недостасува зелена боја, а црвената е премногу застапена, а и се гледа на видеото како да е бришана сликата,екранот е при крај, последните серии на екрани не се со тој квалитет како првите, ги правеа само 5 - 7 години да тераат, и толку, убаво ќе биде да го средиш, ама пробај си ја среќата, мери ги напоните на колекторите од РГБ излезот, од 20-160 волти се менува како и сликата освен ако немаш тест генератор на слика.
 :) со среќа
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: StefanJapanac on 27.06.2012, Wednesday, 04:25:57
Можам да ги измерам само ако може да ми кажете од колку до колку треба да се?
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: GigaWatt on 27.06.2012, Wednesday, 15:45:51
Можам да ги измерам само ако може да ми кажете од колку до колку треба да се?

здраво
колку и да се помачиш, нема да ги добиес тие бои какокога бил нов апаратот, недостасува зелена боја, а црвената е премногу застапена, а и се гледа на видеото како да е бришана сликата,екранот е при крај, последните серии на екрани не се со тој квалитет како првите, ги правеа само 5 - 7 години да тераат, и толку, убаво ќе биде да го средиш, ама пробај си ја среќата, мери ги напоните на колекторите од РГБ излезот, од 20-160 волти се менува како и сликата освен ако немаш тест генератор на слика.
 :) со среќа
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: Toma on 03.07.2012, Tuesday, 16:20:58
Пробај го оваа што ти го напишав погоре...а напоните за RGB се многу добро и видливо испишани на шемата (во овој случај се по 125V).
Според мене без одговор на оваа прашање
Quote
Под услов да си ги заменил сите шест тримери, пробај вака. Сите тримери заврти ги до крајна лева положба, зголеми го G2 напонот на околу 600V, измери ги напоните на RGB катодите и напонот на G1 и напиши ги измерените вредности !

не треба да се “фрли“ екранот !!!  а и понатамошните дискусии се безпредметни !!!

ПП. 03 07 2012...
StefanJapanac Немој да ги срамотиш Јапонците !
Што направи со телевизорот ? Овие ТВ ќе ги има уште кај сервисерите па би било добро да напишеш дали го направи телевизорот и ако си го направил ! што беше причината за таквата слика ?
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: GigaWatt on 03.07.2012, Tuesday, 17:04:26
StefanJapanac Немој да ги срамотиш Јапонците !

Ве молам, нема потреба од тензија и напнување.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: batka on 03.07.2012, Tuesday, 17:37:53
Тома,веке сме го виделе ова: членот завршил работа или не веке не се појавува на Форум или веке не одговара на повиците.Тоа е крајно иритирачки,те разбирам,ама иако си сакал да помогнеш најдобронамерно - финале ке нема! Можеби веке нема да дознаеме што се случило.Имав на почеток и јас добра воља да помогнам и преку пп,ама по неколку совети,испраќање шеми ,скенирање.... дечкото не сакаше ни да спомне за тоа! Иако настојував да дознаам што стана,никогаш не дознав,а напишав барем 3 страни текст,скенирав,испраќав мејлови...Тоа ти е до културата,мислам ;D,македонската.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: StefanJapanac on 03.07.2012, Tuesday, 18:53:05
Не сум заминал тука сум, не пишував ништо затоа што ми се појави друг проблем па барав некое решение во меѓувреме. Инаку ги мерев напоните на РГБ плочката но не најдов некој стабилен број. Вредностите се менуваа без врска. А инаку сега нејке веќе да се уклучи само пуцкета. Се поправи сликата некое време до солидно ниво и од еднаш се угаси и веќе несака да се вклучи.

Споено мислење: 03.07.2012, Tuesday, 18:56:28
ГигаВат немам добиено ниту една Приватна Порака или пак незнам како да ги погледнам. Во пораки немам никаква порака. Можеби се на друго место.
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: SaleSk on 03.07.2012, Tuesday, 22:49:03
Ако ти цркнала каскада, имам оригинал ЕРО, ке ти ја дадам многу поволно...
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: StefanJapanac on 04.07.2012, Wednesday, 11:53:11
Каскада е Flyback? трансформерот кој ја дава високата волтажа за екранот така? Дали е можно ако тој трансформатор бил при крај да се губат боите на екранот?
Title: Одг: Помош за поправка на Ei 5672
Post by: Toma on 04.07.2012, Wednesday, 13:31:06

Quote
Ве молам, нема потреба од тензија и напнување.
Прво да се извинам на сите членови кои можеби добиле впечаток дека сакам да правам тензија. Мојата намера беше сосема позитивна во смисол дека секој еден член што би прочитал би требало да разбере и да биде „фер„ спрема останатите заинтересирани членови и да го сподели искуството ( не само во оваа тема туку и во било која друга тема ) со “ колегите „ кои во овие релативно тешки сервисерски денови тешко опстојуваат и се на работ на егзистенцијата !
Уверен сум дека администраторите и модераторите водат (а и водат) сметка за коректно опстојување  на форумот и во тој контекст нивните забелешки ги прифаќам како добронамерни и позитивни.
ПП. Темата по некое време би било пожелно да се “прочисти“.