Сепак информацијата околу напонот на средната (жолтата) жица беше клучно која ја добив од друг форум за сличен модел на Prestigio таблет од 7 инчи.
Се направи напонски делител со 2 отпорника, еден од 470К помеѓу "+" и средната и еден отпорник од 20К помеѓу средната и "-". Така се доби 0.66 волти на средната жица, при 3.9 волти на позитивната (црвената) и предупредувањето исчезна, полнењето нормално проработи.
Вредноста на отпорниците беше барана со интернет калкулатор за напонски делител, теоретски беа вредностите 470К и 100К, но во пракса се покажа дека тоа е напон од 1.45 волти на средната жица па со проба се дојде до вредноста 20К и 0,65 волти
Се надевам дека ова ќе користи за некој сличен проблем.