Не знам како можам да го изведам ова и затоа ако некој може да ми помогне би бил многу благодарен. Сакам едно 13.8 V 30 А напојување да го довршам. Да речеме дека потрошувачот би надминал 25А, дали може да се изведе напојувањето да изпушти звучен или светлосен сигнал?
Па, јас би одел вака: Пред напонската регулација стави отпорник кој ќе изиграда shunt. Од него ќе ја мериш струјата која би ти одела во напонскиот регулатор, а воедно и струјата што ќе биде на крај испорачана на потрошувачот. Не верувам дека регулаторот би *јадел* многу струја, па може да сметаш дека целата струја што влегува во регулаторот ќе влезе и во потрошувачот.
Информацијата од струјата би ја носел на компаратор/операциски, на кој на едниот крај би имало референца (пример TL431-ка), така да кога информацијата за струјата (соодветно скалирана) ќе надмине вредност подесена со референцата на компараторот би дала соодветен сигнал, кој понатаму може да го носиш на ледица, титкач, ротационо светло, сирена ... :-)
Ако ми дадеш информации за колкав напон очекуваш пред регулација (пред регулација до 13.8 волти), минимален напон пред него и ако знаеш струја што ќе ја троши напонскиот регулатор, би ти издизајнирал едно решение :-)
73 de Z32AL
Споено мислење: 07.02.2014, Friday, 23:07:19
Само малку тие 35-те ампери ме плашат ... ќе треба многу ниска вредност на отпорник, некаде во 0.01 OHM регионот, имаш RLC мост каде што би можел да измериш толку ниска вредност на отпор па да одиш со неколку прстени на жица наместо отпорник ? :-)