Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: GigaWatt on 01.02.2017, Wednesday, 13:51:08

Title: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: GigaWatt on 01.02.2017, Wednesday, 13:51:08
Значи, во кратки црти, како може да извадам монофазен приклучок (штекер) од трофазен... поконкретно, кои контакти да ги искористам. Не знам какви видови на трофазни приклучоци има, јас имам... најверојатно некој стар (најверојатно некој Ex YU). Има три буксни, како на сликиве.

(http://www.mediafire.com/convkey/e82a/eq6kjxl6jv8bj9izg.jpg)

(http://www.mediafire.com/convkey/be30/ct11c5n1y77728nzg.jpg)

Распоредов на фазите и на нулата е очигледен од сликите, ама нека ми потврди некој кој се разбира (никогаш не сум правел вакво нешто) дали е навистина ваков распоредот и дали може да земам една фаза од било која од фазите или само од некоја определена буксна.

Само ме бунат малку ознаките. N е најверојатно нула така ???, а PE што би требало да биде, земја ???. Ама ако е земја, зошто е означено со PE ???.
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: batka on 01.02.2017, Wednesday, 15:22:01
Гига очигледно е дека во твое време не се учело ОТО (ОТП или како се се викаше! :D :D). Во секој случај :

L –фаза  ( L 1/.2/.3 – три фази )
N- нула
Pe- заземјување


Сепак, најсигурно со инструмент во раката и пробај!! Секакви мајстори, далтонисти,мешаат бои... :D ;D ;)
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: LordZi on 01.02.2017, Wednesday, 15:53:23
Извади нула, земја и било која фаза и терај...
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: didy on 01.02.2017, Wednesday, 21:42:46
Може да искористиш било која фаза, нулата која е секогаш од десно на утикачот,и заземјување или како ти е пишано “PE"- protective earth, и се е ОК.
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: GigaWatt on 02.02.2017, Thursday, 00:59:39
Гига очигледно е дека во твое време не се учело ОТО (ОТП или како се се викаше! :D :D).

Се учеше ОТП, ама наставникот ни викаше „немојте да чепкате во штекер, таму има струја“ ;D ;D ;D.

Извади нула, земја и било која фаза и терај...

Помеѓу било која од фазите и нултиот напонот е 230V~?

А зошто тогаш викаат „трофазен 380V“ ???.

Може да искористиш било која фаза, нулата која е секогаш од десно на утикачот,и заземјување или како ти е пишано “PE"- protective earth, и се е ОК.

А тоа ли значело PE ;). Јасно е сега ;). Јас па се чудев што значи ова PE :D.
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: nsu on 02.02.2017, Thursday, 09:56:00
 Гига тоа е меѓуфазен напон  изгледа не си учел за енергетичар измери меѓу двете фази со волтметар напон треба скоро 400волти да имаш веќе по новиот стандард.А помеѓу било која фаза и нула има 230волти тоа се вика линиски напон фазен напон. Гига чим вас постарите не ве учеле ова што да кажам јас сите енергетичари почнаа да ме мразат ги исмејувам не ми оди програмирање а тоа сум запнал а енергитичарине има некој незнаат трансформација од ѕвезда во триаголник мрежа така да не е страшно али се мачкаат на леб енергетичарите  8) 8). Значи тоа се три фази земени од различни места а напонот меѓу две фази треба да е 400волти помеѓу две фази значи е тоа меѓуфазен напон трофазна струја
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: batka on 02.02.2017, Thursday, 10:05:58
Помеѓу две фази е 380 V ,ама ти земаш меѓу една фаза L (црна, црвена , кафена)  и  N нула ( плава) , а Ре ти е заземјување (жолто зелена жица). Јас барем такви кабли имам во моментов  ;D ;D  И пази ова како на сликата не дозволено - бланкирање со заби ! 8)
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: nsu on 02.02.2017, Thursday, 10:10:29
Батка многу јака слика леле сега одма ќе си ја постнам кој зафрканции ќе паднат еден мајстор ќе резилам топ сликичка  8) ;D
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: LordZi on 02.02.2017, Thursday, 10:30:27
Извади нула, земја и било која фаза и терај...

Помеѓу било која од фазите и нултиот напонот е 230V~?

А зошто тогаш викаат „трофазен 380V“ ???.

Па имаш три фази, напонот помеѓу било кои две фази е 380V (400V по ново), напонот помеѓу било која фаза и нулата е 230V.
Пази да не извадиш две фази по грешка (премери!) место нула и фаза, сум видел измешани бои на жици и приклучоци, па да имаш после огномет... :D
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: nsu on 02.02.2017, Thursday, 11:07:44
Не бе Гига да утне а и ќе си провери за секој случај ако се утне ќе биде I am fireball  ;D ;D ;D

Pitbull - Fireball ft. John Ryan (http://www.youtube.com/watch?v=HMqgVXSvwGo#ws)
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: bicikle on 02.02.2017, Thursday, 17:10:49
N-е нула, пд тука земаш нула, од PE-заземјување и од вило кое L-фаза и добиваш 3 жици за монофазен штекер, само да не ги измешаш, земјата мора да биде на водот за заземјување означен на штекерот, за останатоте не се битни лак нашиов систем, односно лај USстандардите се битни.
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: najdo on 02.02.2017, Thursday, 18:32:05
Или друга алтернатива за ако ти се брза или сл, купи си има 150ден мислам дека е или тука некаде, 3 монофазни приклучоци ама се поврзва директ на трофазен штекер. Значи нешто како продолжен кабел со три монофазни приклучоци со трофзен утикач ама нема кабел. Сите 3 монофазни земат од иста фаза, така се споени внатре во адаптерот како да го речам. И бај д веј, линиски и фазен напон не е исто.
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: nsu on 02.02.2017, Thursday, 18:47:38
Да да знам на што мислиш така е криво се изразив едноставно речено и толку нема потреба од други термини фазен меѓу фаза и нула и меѓуфазен напон мегу две фази нема потреба да во право си сега јас да тролам овде и комплицирам така е во право сте му дадовме важно на Гига сите совети  8) тоа е важното луѓе  8) 8)
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: GigaWatt on 03.02.2017, Friday, 01:01:45
@nsu: Да, слаб сум на поле на енергетика ;D. И да, слабо имавме учено (било каде, и на факултет) за трофазен напон. Во средно, бев на смер Електроника и Телекомункации, исто и на факултет. Предмети од енергетиката имавме да бираме само во 9-ти семестар. Избрав еден и тоа само поради тоа што лесен беше, не дека ме интересираше нешто многу енергетика.

А и искрен да бидам, цел живот, што и да сум приклучил, каде и да било, било монофазно. Еднаш, еден колега енергетичар поправаше некоја контрола за некој трофазен мотор кој се користел во некоја индустриска постројка, па се консултираше со мене, бидејќи он па послаб беше на тоа поле (нисконапонска електроника, електроника за контрола, итн.), ама само во консултација со него успеавме да откриеме каде е проблемот. Да бев сам, сигурно ќе ми требаше барем 4 или 5 пати повеќе време од она што го потрошивме заедно. И тоа го имам правено само еднаш. Сега да ме прашаш, не ми ни текнува што беше проблемот, а камо ли решението на проблемот :D.

Не знам... изгледа никогаш не сум се заинтересирал. Ама кога ќе ти дојде „јајцето на г*зот“, тогаш, како знаеш ќе научиш ;D.

Пази да не извадиш две фази по грешка (премери!) место нула и фаза, сум видел измешани бои на жици и приклучоци, па да имаш после огномет... :D

Да да, два пати мери, еднаш сестра и ;D.

Шала на страна ;D, ако треба и со креп трака ќе ги обележам, ама не ризикувам. Ма и на таблата со осигурувачи ќе ги обележам.

Е сега, само уште да е така како што пишува на таблата за осигурувачи :S. Инсталацијата е изведена одлично, се е добро направено и соодветно димензионирано... арно ама, на осигурувачот пишува „осветление“, го вадиш, половина стан ти свети, половина не, половина штекери ти работат, половина не ::)... е ајде најди логика ::).

Или друга алтернатива за ако ти се брза или сл, купи си има 150ден мислам дека е или тука некаде, 3 монофазни приклучоци ама се поврзва директ на трофазен штекер. Значи нешто како продолжен кабел со три монофазни приклучоци со трофзен утикач ама нема кабел. Сите 3 монофазни земат од иста фаза, така се споени внатре во адаптерот како да го речам.

И на тоа помислив.

Арно ама, сега идејата малку се „прошири“. На тоа место, каде што треба да има монофазен приклучок на кој треба да се приклучи фрижидер (фрижидерот се премести на спротивната страна од кујната), треба да има и две малечки шпоретчиња, малечко кујнско бојлерче и (планирано за во иднина) машина за перење садови. Така да, сега планот ми е следен:

1) Вадење на трофазниот женски приклучок (штекер) од ѕидот.

2) Затнување на дозната со пластично капаче.

3) Бушење на пластичното капаче на три места за да може да извадам три монофазни кабли од него.

4) Монтирање на два дупли и еден единечен Г-О (или О-Г, како и да беше) женски приклучоци (штекери) на ѕидот, со што ќе добијам пет приклучоци, од кои два се на првата фаза, уште два на втората фаза и еден е на третата фаза.

Е вака, мислам дека ќе бидат задоволени потребите за во иднина ;)... бидејќи, кога размислив, немам намера да купувам голем шпорет (стариот ќе оди во канта, од времето на дедо Ное е, а и само шпоретот му работи, кој и онака е полн со дупки :S), а голем дел од нив се веќе и онака монофазни, така да, практично трофазниот приклучок ќе стои празен или ќе мора да се преправа (ако не сега, во иднина сигурно). И така падна одлуката за преправка.

Мислам дека може вака да се преправи, така ???.

И бај д веј, линиски и фазен напон не е исто.

Да да, сега јасно ми е ;), прочитав и некои работи online, појасна ми стана ситуацијата ;).

Благодарам на сите за помошта ;).
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: najdo on 03.02.2017, Friday, 09:59:17
Исто и ко ке ги поврзваш штекерите, запази си ја оптовареноста на фазите спрема на кој штек шо ке уклучваш.
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: GigaWatt on 03.02.2017, Friday, 23:27:47
Да да, јасно ;). Планирав на една фаза шпоретче и нешто друго помало, на друга фаза машина за миење садови и исто така нешто друго помало, и една фаза да биде само за фрижидерот ;).
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: nsu on 04.02.2017, Saturday, 12:22:54
Супер распределба  ;D. Така треба по малце јас мислев Гига ќе уклучува сега нешто чим преправа а на струја ли се грееш друже или не  ;D
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: GigaWatt on 06.02.2017, Monday, 00:33:14
Не, не се грејам на струја. На централно сум (парно), ама догревам понекогаш на струја... некогаш ноќе ако заглавам. Инаку, зимава, бања беше кај мене. Надвор -20, јас по кратки седам дома ;D. И тоа не е здраво, ама подбро тоа отколку како претходно кога беа Толификација, плаќам парно, а мрзнам ::).

Инаку, решен проблем ;). Еве слика како изгледа сега ;). Ги обележав и фазите, според распоредот кој беше на таблата за осигурувачи ;).

(http://www.mediafire.com/convkey/fb5c/m1dqf4fqqwtka5azg.jpg)

Не сакав да сликам како изгледаше претходно бидејќи беше хорор... манџи, празови, кромиди, парчиња храна и што се не имаше на штекерот. Толку беше замастен со се и сешто, што само што ќе го фатиш, со ништо друго не можеш да се измиеш, освен со прашок за перење алишта :S. Но, искрен да бидам... тој дел не е чистен сигурно барем едно 15-тина години, така да, не можеше ни да се очекува ништо друго.
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: LordZi on 06.02.2017, Monday, 01:47:52
Аааа, профи си го направил... ;) :D
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: GigaWatt on 06.02.2017, Monday, 02:19:21
Да да, гледав да е изведбата трајна ;). Внатре, во дозната не ги врзував со лустер клеми жиците, туку ги лемев и користев панцир црево и над него, изолир трака ;).

Само ми е криво бидејќи последниот го ставив единечен, не поради друго, за нијанса е поиспакнат нанапред и не е во линија со останатите, па не може елементот што треба таму да дојде (една масичка за плинското) да ја ставам баш до крај на ѕид, ама нема везе, и онака тоа е привремено решение ;). За некое време, ќе има таму нова масичка, па ќе се прави со адекватна висина и димензии за да може целосно да се залепи за ѕидот ;).
Title: Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
Post by: nsu on 06.02.2017, Monday, 08:38:06
Топ е Гига битно е мерачки полека и поштено си средуваш тоа е убавината секоја чест  :)