Author Topic: Мерење јачина на вашиот појачувач  (Read 1475 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Eх добра тема, не сум во можност сега ке напишам деновие збор-два. Инаку Девил горее долу добро има објаснато, во случај да се има осцилоскоп  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Мерење јачина на вашиот појачувач
« Reply #16 on 28.12.2010, Tuesday, 08:01:44 (Edited 28.12.2010, Tuesday, 13:33:31) »
Еве ја шемата-50 хз се пуштаат на појачувачот (синус) од мрежа и се става паралелно со звучникот  склоп со два инструмента ,Првиот преку мал индуктивитет и тример 500 оми ја мери силата ( во вати).Тоа е волтметар кој мери до 100 волти.Вториот инстр. преку блок и две диоди во спој за дуплирање на напонот добива едносмерен напон.Калибрацијата се состои во тоа што се мери јачината на некој појачувач,се споредува со таблицата  и се подесува со тримерот на скалата на инстр. во вати ( вие сами ке си нацртате скала! ;)).Другиот инструмент се подесува да покажува приближно исто со првиот.Дисторзијата се покажува со големината на отстапувањето на стрелката на овој вториот инструмент од нормалната сила,колку поголемо отстапување - толку повеке дисторзија,односно изобличување!


Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Бидејќи осцилоспо е скапа инвестиција, па доколку не го поседувате, влезот од звучната картичка може да послужи како социлоскоп, барем за вакви мерења, и мерења на фрекфенции од 20 до 12кхз -теоретски до 20, но мислам на повисоките фрекфенции дека ќе има излобличувања. Покрај тоа што за тхд+н се користи сигнал од 1 кхз,за мерење само на снагата може да се користи синусен сигнл од 50хз.Зошто синусен и зошто од 50хз. синусен затоа што само синусниот сигнал ја дава снагата во една точка, а од 50хз затоа што е наједноставо за добивање. На начинот кој ќе го опишам во продолжение имам мерено повеќе засулувачи, и горе-долу се покажа добар. За добивање на сигналот се користи 9в 05-5W (може и по јак, ама нема смисла) кој преку адаптер на својот излез дава 1.5В Р.М.С. , што  е доволно за максимална побуда на повеќето засилувачи. Занчи на влезот од овој адаптер се поврзува трансформаторче од 6-12в ац, преку напонските делители и потенциометарот излезниот сигнал се нагодува на о,75в(750мв) р.м.с. или 0.2в (200мв) доколку има предзасилувач-се мери со волтметар. Потоа на излез не треба да има ништо приклучено, и се мери напонот. Спрема добиениот напон паралелно на излезот од засилувачот се поврзува соодветно адаптерот наменат за овој дел. На пример ако добиете напон од 28в, масата т.е. нулата треба да се приклучи на к6, плисот на к5. Поренциометарот се поставува на минимум. Се приклучува во влезот "line in" од звучната картичка. За следење на добиениот сигнал се пушта некое програмче за аудо обработка. Јас го користам Cool edit pro, но може и друго. Со вртење на потенциометарот од адаптерот приклучен ан излез од засилувачот, треба да се појави синусоида. На влез од 750мв врвовите не треба да се засечени. Доколу се, намалете го адаптерот за добивање на сиглал(на влезот од појачалото). Со мало попуштање на истиот треба  синусоидата да се деформира, т.е. на врвовите да се добие рамна линија. доколку се пушти до максимум ќе се добие правоаголен сигнал, што претставува максимална привидна моќ на засилувачот, но не препорачувам да го пуштате до тој степен, може да изгори велзот на засилувачот. Кога ќе почне мало затапување на врвовите од синусоидата, тоа значи дека зацилувачот валга во клип, па се натака претставува само дисторзија, односно неупотреблив сигнал, што би требало да значи дека треба да застаните со попуштање. На споменатиот програм иам две линии кои ги означуваат врвовите. па се над нив може да доведе до дисторзиај од звучната картица или самиот софтвер. Затоа мислам дека на синусоида со 2/3 од максимумот може да се видат сите засекувања на вровите, и не е потребно поголемен влезен сигнал на звучната картичка, односно потенциометарот на адаптерот наменет за излезот од засилувачот и звучната нема портеба да го пуштате до максимум. после овие нагодувања, се вади кабелто што го носи прилагодениот сигнал до звучната картичка, се исклучува аудиозасилувачот и ан негов излез, паралелно со адаптерот се поврзува отпорнк со еквивалентна импенданса на звучникот. Потенциометарот од адаптерот за сигнал на засулвачот,(тој со трафото) се  намалува на отприлика 1/2 од тоа што беше до сега. Отпорникот треба да е соодветно димензиониран за да ја издрѓи струјата од засилувачот. Може да се користи комбинација до повеќе отпорници за добивање на соодветна снага на отпорниците. Откако ги поврзавме отпорниците и го намаливме сигналот, се поврзува адаптерот на звучната картичка. се поврзува волтмерат на излезот на засилувачот. откако ќе го пуштиме и засилувачот, постепено го зголемуваме влезниот сигнал се додека на мониторот не забележиме отсекувања на синусоидата. Истовремено температурата на отпорниците не треба да биде прекумерна, т.е. треба да може да ги доприте со рака, без последици(без да се изгорите). На самиот почеток од овие засекувања засилувачот го дава својот максимум. Се натака е само дисторзија и изобличување. Во овој момент исто така може да го нагодите и VU метарот доколку го има. Се чита и запишува вредноста на напонот излерена од волтметарот. сега може да се намали сигналот на засилувачот до минимум, да се исклучи адаптерот од звучната и да се исклучи засилувачот. Да претпоставиме дека сме излериле напон од 24в, користејќи отпорник од 4 ома, односно засилувачот е наменет за 4 омски звучниси. Прво напонот се дели со отпорот, за да се добие сртујата, т.е. 24/4=6 (омов закон).  Моќноста е производ од напонот и струјата(P=UxI), односно P=24*6=144, Значи засилувачот има моќ од 144 вати, пред да почне да деформира. Шемата која е дадена може да ја отворите со експрес пцб, исто како и да ја преправате по ваши желби и потреби со овој програм (во Express pcb ја правев), a на местата предвидени за носење на жици кои го поврзуваат уреддот може да ставите конектори кои ќе ви го олеснат ставањето/ваѓањето на жиците.
Уредот е наменет за засилувачи до кои на својот излез даваат синусен анпон до 100волти. За повисок напон мислам дека нема потреба.