Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: antonio@arsenal on 17.04.2010, Saturday, 11:13:12

Title: Страв од струјата
Post by: antonio@arsenal on 17.04.2010, Saturday, 11:13:12
Дали на излезот од појачалото од миксетата има некаков напон оти ми е страв, сакам да врзам мали звучничиња без скретница и да ја пиштам на најтивко за да ја пробам ...можам ??
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: Devil on 17.04.2010, Saturday, 12:17:17
има, ама нема ништо да ти се случи
е сега ако не сакаш да ти изгорат звучничињата ( рачунам имаш појако појачало ) тогаш треба ептем по малку да припушташ
инаку нека не ти е страв ништо не е тоа :D
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: antonio@arsenal on 17.04.2010, Saturday, 14:37:25
Колку е јака струјата на излез ?
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: Devil on 17.04.2010, Saturday, 14:43:22
зависи, земи унимер измери што напон дава ама рачунај треба да пуштиш сигнал со константна вредност и фреквенција да речиме 1кHz  и ќе мериш кој напон го дава на излез, треба да поврзиш ама звучник или пак најубаво некој вештачки потрошувач ( отпорник некој по моќен ) и ќе мериш напон после ако знаеш чиста снага тогаш лесно ќе добиеш струја вкрај колку е
е сега за одредени делови :S
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: GigaWatt on 17.04.2010, Saturday, 16:11:19
Не се секирај, не е толку јака, и да излезе дека е малку појака од тоа што си „рачунал“ дека е, и да те пецне, ништо страшно, што викаат старите, така растат децата :D.

На крајот на краиштата, секогаш можеш да си ставиш алуминиумска алка (околу раката со која работиш) која преку кабел е врзана за радијатор ;).
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: LordZi on 17.04.2010, Saturday, 21:27:29
Quote
На крајот на краиштата, секогаш можеш да си ставиш алуминиумска алка (околу раката со која работиш) која преку кабел е врзана за радијатор.
Ова е сигурен начин порано или покасно (веројатно порано) да те убие струја и никако не ти препорачувам да правиш вакво нешто, заземјување на луѓе се врши само ако работат со компоненти осетливи на статички електрицитет, а и тогаш е преку отпорник од 1 мега-ом, не директно.
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: BorceBT on 17.04.2010, Saturday, 21:35:17
Дали на излезот од појачалото од миксетата има некаков напон оти ми е страв, сакам да врзам мали звучничиња без скретница и да ја пиштам на најтивко за да ја пробам ...можам ??

Без проблем поврзи ги но мора да ја пуштиш миксетата (master-от) на тивко оти ќе ги изгори звучничињата. Иначе напон на излезот и да е миксетата 2х400W ако ја пуштиш до крај гласно не би бил повеќе од 50-60V што не би требало да го осетиш а и да го осетиш ќе биде многу малку.
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: GigaWatt on 18.04.2010, Sunday, 19:04:35
Ова е сигурен начин порано или покасно (веројатно порано) да те убие струја и никако не ти препорачувам да правиш вакво нешто, заземјување на луѓе се врши само ако работат со компоненти осетливи на статички електрицитет, а и тогаш е преку отпорник од 1 мега-ом, не директно.

Доколкуе ставена алката околу раката со која работиш (ги фаќаш компонентите), најверојатно нема да се случи тоа. Би требало да се случи сосема спротивното (барем според теоријата). „Најкраткиот пат“ за струјата што ќе протече е комонентата->раката->алката->кабелот->радијаторот, така да навистина не гледам од каде заклучокот дека може да те убие струја. Ако работиш со другата рака, тоа да, дефинитивно може да те убие струја, но затоа убаво пишав:

На крајот на краиштата, секогаш можеш да си ставиш алуминиумска алка (околу раката со која работиш) која преку кабел е врзана за радијатор ;).

Вака, само ќе почувствуваш пецкање на раката со која работиш и после раката, целата струја ќе протече низ алката ;).
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: LordZi on 18.04.2010, Sunday, 20:07:52
Ако не работиш со компоненти осетливи на статички електрицитет, нема никаква логика или потреба да ставаш метални алки околу раката (или друг дел на телото), а иначе колку и да се трудиш, не можеш да работиш само со една рака, па ако со другата фатиш таму кај што не треба, струјата ќе протече од неа кон заземјената, директно преку срцето и има многу поголеми шанси да те убие.
Не за џабе на секое работно место каде што се работи со струја прописите налагаат да се користи гумена подлога, чевли со гумени ѓонови и сл., за работникот максимално да се изолира од земјата - колку подобро си изолиран од земјиниот потенцијал, толку помала струја ќе протече низ твоето тело ако допреш нешто под напон.
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: GigaWatt on 18.04.2010, Sunday, 20:18:28
Јас ставам метална алка и ако работам со висок напон (не замо со статички остеливи компоненти), при што пазам да не допрам нешто што не е пластика (или дрво) со другата рака и морам да кажам дека веќе неколку пати ми се има случено баш таа алка да ме спаси од добро дрмање :D.

Изгледа се се базира на тоа каво искуство си имал, јас сум имал добро искуство со користење на алка и при високи напони, па затоа и ја користам ;). На крајот на краиштата можеш да ставиш алки и на двтете раце ако некој се плаши дека ќе допре нешто што не треба да го допре или ако не може да работи само со една рака ;).
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: LordZi on 18.04.2010, Sunday, 20:35:09
Хе,хе, моето искуство се базира на тоа дека колку и да се пазиш, пак ќе пипнеш кај што не треба :o, скоро сите блиски средби од струен вид сум ги имал додека занесен работам нешто на уред под напон и заборавам на едната рака, па автоматски "придржувам" нешто што не треба и сл., среќа што сум изгледа "дебелокожец" ;), па струјата не ме бие многу.
Како и да е, најдобронамерно, јас не препорачувам користење алки за заземјување додека се работи со струја, па кој како сака... 8)
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: Bojan on 18.04.2010, Sunday, 21:29:56
а бе какви алки какви работи...никој не е како мене, јас сум водоотпорен, мене струја не ме тепа :o

(just a little joke)
Title: Одг: Страв од струјата
Post by: GigaWatt on 18.04.2010, Sunday, 21:37:48
аха, и јас таков бев се дур не ме удри... хахахахаха :D :D :D

(joke)