Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: Gocko on 08.08.2018, Wednesday, 20:52:20

Title: Тел број од чичко Ваце
Post by: Gocko on 08.08.2018, Wednesday, 20:52:20
Дали некој случајно го има телефонскиот број од чичко Ваце од Аеродром да не одам на слепо ?
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: GigaWatt on 09.08.2018, Thursday, 10:28:31
Уште работи ???.
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: bicikle on 09.08.2018, Thursday, 23:48:34
А што прајт чичко Ваце инаку...? :)
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: GigaWatt on 10.08.2018, Friday, 03:49:28
Едно време беше сервис/продавница за електронски компоненти, лоцирана беше во Аеродром. Мислам дека пред се со аудио се занимаваше сервисот и се викаше „Ваце“ (нали, по газдата ::) :D), ама колку што знам, одамна не постои ни сервисот ни продавницата... можно е и да грешам, ама сигурно некој нешто ќе гукнеше „купив ова, она од кај Ваце“ или нешто слично.

Имаше и една друга продавница, „Е и П“, кој ја помни ;). Релативно добро снабдена беше, ама за жал, исто како и многу други продавници кои работеа во 90-тите и почетокот на овој милениум, некако не се снајдоа со брзиот напредок на технологијата и дека моментот „направи сам“ или „делови за телевизори“ е веќе минато и не можеш да го базираш бизнисот само на тоа и... за жал, пропаднаа :S. За разлика од нив, оние кои делумно се преориентираа, преживеаја. Loging на еден начин, BT на друг, ГАЦ на трет, ама сите мораа некако да се прилагодат на условите на пазарот.

За Loging, се знае, познати се како „ако го нема во каблето, конверторчето, адаптерчето, итн. во Anhoch, Set, Техномаркет, барај во Loging“. Се што итно ти треба, а не може да се најде во малопродажба, Loging го имаат ;).

Иако, да бидам искрен, за во иднина, типувам само на BT и Loging дека ќе опстанат. ГАЦ (татко и синот) се многу арогантни и неуслужливи... половина и повеќе од бизнисот го губат само од тоа. Не знам колку членови на форумот се имаат жалено од нивните „услуги“. Да не го спомнувам моето последно искуство со нив ::)... и веќе не стапнувам таму, па дури и ако е единствено место на планетава каде што го има она што го барам.
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: LordZi on 10.08.2018, Friday, 10:22:13
Прошлата недела ми донесе муштерија делови од Гац да му направам нешто, го склопив уредот ама не работи. Проработи дури откако го сменив TL081 со друг што го имав дома, му кажав на муштеријата дека му продале неисправен дел, падна малце пцуење и се заврши тоа. Не знам што ми текна пред да го фрлам, го проверив со тестерот за интегралци, ми напиша TL082, го пробав на друга плочка, работи, значи фабрички погрешно обележан дел, првиот е единечен, вториот двоен ОЗ со скроз различен распоред на изводи... :o Исто имаше земено и некои TL084, кои додуша работеа, ама ознаките им беа како некое дете да ги пишувало со бела мрсна боица, ни производите, ни серија, ништо...
Муабетот ми беше, кој знае во која шупа ги прават деловите што завршуваат по нашите продавници, или не работат, или ако работат кој знае какви карактеристики имаат... :P
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: Hahahaha on 10.08.2018, Friday, 12:13:12
Едно време беше сервис/продавница за електронски компоненти, лоцирана беше во Аеродром. Мислам дека пред се со аудио се занимаваше сервисот и се викаше „Ваце“ (нали, по газдата ::) :D), ама колку што знам, одамна не постои ни сервисот ни продавницата... можно е и да грешам, ама сигурно некој нешто ќе гукнеше „купив ова, она од кај Ваце“ или нешто слично.

Имаше и една друга продавница, „Е и П“, кој ја помни ;). Релативно добро снабдена беше, ама за жал, исто како и многу други продавници кои работеа во 90-тите и почетокот на овој милениум, некако не се снајдоа со брзиот напредок на технологијата и дека моментот „направи сам“ или „делови за телевизори“ е веќе минато и не можеш да го базираш бизнисот само на тоа и... за жал, пропаднаа :S. За разлика од нив, оние кои делумно се преориентираа, преживеаја. Loging на еден начин, BT на друг, ГАЦ на трет, ама сите мораа некако да се прилагодат на условите на пазарот.

За Loging, се знае, познати се како „ако го нема во каблето, конверторчето, адаптерчето, итн. во Anhoch, Set, Техномаркет, барај во Loging“. Се што итно ти треба, а не може да се најде во малопродажба, Loging го имаат ;).

Иако, да бидам искрен, за во иднина, типувам само на BT и Loging дека ќе опстанат. ГАЦ (татко и синот) се многу арогантни и неуслужливи... половина и повеќе од бизнисот го губат само од тоа. Не знам колку членови на форумот се имаат жалено од нивните „услуги“. Да не го спомнувам моето последно искуство со нив ::)... и веќе не стапнувам таму, па дури и ако е единствено место на планетава каде што го има она што го барам.

мене Гац двапати ми има продадено калај сто не го топи леткум за олуци лепење а не па за ситна електроника леткум. Првиот пат со карање успеа некако парите да ми ги врати, вториот пат истиот калај само друга паковка му одам пак му кажувам не бе не, не е така овој ми се троши како алва сите сервисери ко демек го зимале. Му викам еве и мојот продавај го немора пари да ми вракаш јас веќе тука не стапнувам, може има две години како немам влезено кај него :D
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: Toma on 10.08.2018, Friday, 12:32:22
Кога веќе во јавниот дел од форумот ги пишувате своите критики би ви препорачал да ги напишете и вашите позитивни или негативни мислења од останатите посочени и непосочени фирми кои заслужуваат внимание со нивната „беспрекорна“ работа и однос купувач-продавач, како би и останатите членови знаеле од каде да се снабдуваат со квалитетни и ефтини компоненти за нивните потреби.
И јас би сакал да знам кој е „китка за мирисање“ во нашата сеуште Р.Македонија.
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: batka on 10.08.2018, Friday, 14:30:57
Имаше една акција пред 1-2 години ми се чини и делеа по фирми и продавници специјални налепници на кои пишуваше дека според  Агенција за потрошувачи( не знам дали така точно се викаше!?) *таа и таа фирма  е фирма од доверба и коректна спрема потрошувачите*. Така беше некако. Мислам дека може и на Форумов да се направи една табела ( нека стои постојано) и од време на време да се ажурира со +/- поени , според покажаните резултати и мислењето на потрошувачите, кои се членови на Форумот. Убаво е да  знае пр. некој од Кавадарци, кога ке дојде во СК каде да најде квалитетна електроника.
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: GigaWatt on 10.08.2018, Friday, 17:18:34
И јас би сакал да знам кој е „китка за мирисање“ во нашата сеуште Р.Македонија.

Не за долго... за жал :(.

Отворив тема за дискусија, слободно можете да си дискутирате таму околу квалитетот на деловите купени во продавниците во Македонија ;).

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=14346.0
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: bicikle on 10.08.2018, Friday, 20:48:06
аха, од ххл коа одиш по сокачето према завод за вработување, ми текна каде е, само што ооодаммнаа не работи, а не знам оти не ја огласи робата, ем место му зафаќа ем дуќанот го држи заробен.
Мислам и син му е електоничар, така спомна, пред едно 15 години кога земав звучници од кај него. Познато ми звучеше затоа препрашав, ете и се сетив кој е :)
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: GigaWatt on 11.08.2018, Saturday, 00:06:59
Не не не... изгледа мислиш на некој друг дуќан. Ваце беше во Аеродром... каде во Аеродром има завод за вработување ???. Завод за вработување е во Капиштец/Козле. Да не мислиш на Завод за Социјална работа (мислам дека така се викаше ???), карши него има основно училиште со прилично голем двор, зад него е кејот на Вардар, поминуваш низ „Острово“ за да стигнеш до него? Бидејќи можно е некаде таму да беше (искрено, не ми текнува точно каде беше бидејќи Аеродром до пред некое време ми беше само „населба од кули“, појма немав каде сум ако ме спуштат со хелихоптер во Аеродром ;D), ама не беше во Капиштец/Козле. Имаше една друга карши Католичката црква, кај сегашниот нов кружен ток во Центар, ако мислиш на таа, ама искрено, не знам како се викаше и мислам дека многу кратко време работеше.

Не знам дали му текнува на некој на Џет-Сет електроника :D, мислам дека така се викаше... имам купено малечка бушилка на 12V~ од таму ;D. За матење нес кафе е супер ;D ;D ;D. Во Кисела Вода беше, во едно мал трговски центар (згради со приземни дуќанчиња)... знам каде е, ама не знам да објаснам :D.
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: DX-er on 11.08.2018, Saturday, 07:52:03
Алфа електроник дали сеуште продаваат делови ?
Имам слушнато дека се преорјентирале на друго :(
Title: Re: Тел број од чичко Ваце
Post by: bicikle on 11.08.2018, Saturday, 17:17:14
Па за алфа не сум сигурен.
Не знам дали е социлајно ама знам дека кога служев домазет тамо се пријавувавкако не вработен, затоа помислив завод дека е  вардар се гледаше пред едно 30-тина години сега се изградија згради :)
Е да не ми текна на тој од к.вода, пред 7-8год ок беа елементите само што сеуште мисли дека 2н3055 е послеен збор на технологијата :)