Македонски форум за електроника

Други технологии => Роботика => Topic started by: batka on 20.11.2010, Saturday, 19:17:38

Title: Интересен степ мотор контролер
Post by: batka on 20.11.2010, Saturday, 19:17:38
Еве една интересна шема што може да им помогне на оние кои сакаат да пробаат да направат некое поедноставно роботче  ;D Интересен е принципот  на работа,односно деловите кои се употребени во него.Почетници,пробајте и заразете се!
Title: Одг: Интересен степ мотор контролер
Post by: Jove on 21.11.2010, Sunday, 19:57:32
имаш ппк за ова и ако имаш стави затоа што треба дами дадат штампач еден па ке видиме дали ке го дадат комшиите  :o
Title: Одг: Интересен степ мотор контролер
Post by: batka on 21.11.2010, Sunday, 20:01:07
Немам Јове изглед на плочка,ама не е тешко да ја направиш.
Title: Одг: Интересен степ мотор контролер
Post by: Jove on 21.11.2010, Sunday, 20:07:08
да ја цртам во програма а незнам јас да ги користам најдобро работам на уни плочки најмногу  :-\ :-\ и ова не е тешко на уни плочка да се направи
Title: Одг: Интересен степ мотор контролер
Post by: Urahara on 21.11.2010, Sunday, 22:35:32
Многу корисна ствар за проверка на исправноста на степ моторчиња, но јас ова не би го нарекол контролер ниту пак драјвер затоа што самостојно го *тера* моторчето без присуство на некој интелигентен уред да го управува/контролира :)
Title: Одг: Интересен степ мотор контролер
Post by: Bojan on 22.11.2010, Monday, 15:06:32
Многу корисна ствар за проверка на исправноста на степ моторчиња, но јас ова не би го нарекол контролер ниту пак драјвер затоа што самостојно го *тера* моторчето без присуство на некој интелигентен уред да го управува/контролира :)

ова како што кажа да, може да се користи за проверка на моторче некое, незнам кој би го користел за некој посложен уред како ЦНЦ машина..ова да го ставиш негде кај што ти треба постојано вртење на степ моторчето...
Title: Одг: Интересен степ мотор контролер
Post by: batka on 22.11.2010, Monday, 16:36:02
Ова може да се искористи за команда напред/назад со тоа што управувањето може да биде со два идентични мотори за кои може да се направи и мала командна табла .Воглавном за почетници,ама може и поозбилна намена да се најде.