Author Topic: Компјутер од продавница,или дома склопен?  (Read 7702 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
јави, исти оперативен систем две години, иста машина, пречки никакви :)
а добро, го работиш ли компјутерот секојдневно или повремено? Бидејки 2 години со ист оперативен систем малце ми е чудно, со оглед дека преинсталациите кај мене се на 2-3 месеци
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Абе ако ти се погоди ќе тера и 10 години ;D. A DX-er во врска со оперативниот систем неговото траење зависи од тоа како го одржуваш компјутерот т.е. дали го дефрагментираш, ги средуваш регистрите, ги бришеш непотребните работи, добар анти-вирус и ред други работи кои треба да ги правиш ако сакаш оперативниот да ти трае подолго ;).

stefanjanevski

  • Guest
Ако ми веруваш, а немора, компјутеров од 24 часа дневно, исклулен е само 5 саати, и тоа е период кога сум во школо, дури и кога си легнувам торенти ќе изнаставам за симнување и сабајле си продолжувам со работа, досега да не го урочам си е совршен :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако ми веруваш, а немора, компјутеров од 24 часа дневно, исклулен е само 5 саати, и тоа е период кога сум во школо, дури и кога си легнувам торенти ќе изнаставам за симнување и сабајле си продолжувам со работа, досега да не го урочам си е совршен :)

E,батки сега да ви кажам : безмалку 20 години се бафтам со компјутериве.Почнав со DOS,па 3,11 ,95..... од 286 до I-5,ама како што последниве години сум се нагледал фуш - никогаш порано,Грешка е кога мислиш дека се знаеш,па си купуваш плочи и сам си го составуваш компјутерот дома! Зошто - првин,од искуство,се што пишува(и не пишува) во книгите не е точно баш! И големите фирми имаат * багови*.Сум сретнал добри матични.процесори,мемории кои не се трпат.Има АТI графички кои на некои плочи едноставно застануваат,кочат.Има комбинации кои работат побавно од некоја тројка иако се со DDRIII. Затоа,пажливо изберете ја фирмата каде мислите да купите машина ,консултирајте се,прочитајте малку на Интернет и оставете ги лугето да си ја завршат работата! Барем кај мене секоја машина се тестира,барем еден стрес-тест мине и затоа даваме и гаранција! Многу се зезнале луге што купиле 4 работи од 4 разни фирми ,па составувале сами или во пета фирма.Да бидеме искрени во МКД не доаѓа 1 лига производи,ами некаде 3-та ( за Западен Балкан) па затоа нека не ве чеша Цацко самите да комбинирате некои свои комбинации.Тоа е скапа работа ,со неизвесен исход.Ова што не го исклучуваш компјутерот можеби е добро во фирма ,ама дома јас секоја вечер го исклучувам.Проблеми со напони во зима,со грмотевици и невреме во лето,кога не сум дома и ТВ апаратот ми е исклучен.... Секој ден ми доаѓаат фраери со прегорени напојувања,мрежни,рутери,,, И по правило_ абе,си работеше синоќа,а сабајлево... счури!! Тоа е тоа,мора да се живее од нешто! :D :D

stefanjanevski

  • Guest
Додека тера нека е за арно, после тоа ќе го сервисираме, а само да ви кажам пред тоа имав еден компјутр од СЕТ компјутери. Само што го купив, два дена беше кај мене дома, два дена на сервис, значи во неделата сум го носел по 2 - 3 пати на сервис, и на крај ми пукна филмот и се испокарав со тој таму што им беше главен, и од тогаш го наравија па работесе добро едно два три месеци, ама сеа затоа е во пакет :D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Полека ке се исчистат фирмите во МКД кои работат или не работат добро.Кај нас има некои правила и можеби затоа севисот добро работи.Правило бр.1 - задоволен муштерија.Не се десило да ми донесат компјутер и 5 дена да чека преинсталација.Секој наш продаден компјутер има заштитна налепница и кога ке дојде кај нас се отвора пред муштеријата,се дијагностицира ,се известува муштеријата штп е дефектот,колку чини и кога е готов се повикува да си го земе.Секој купен дел од кај нас бесплатно се монтира и тестира.Полека го освојуваме пазарот,бидејки и компјутерите купени во други фирми доаѓаат на сервис кај нас. Не сме имале конфликт ( поозбилен) со некој муштерија и не сме дозволиле некој да си испадне револтиран или разочаран.

stefanjanevski

  • Guest
Вожно кога отидов кај вујна ми во Нико компјутери, го носев старото PC, бев запрепастен кога влегов во сервисот, компјутери поправаат со пцуење (ај бе што ти е да ти .... мајката) и слични на овие, лупаат по тастаури и кујзнае уште што, и не ги бива како сервисери, мене на HDD-то ми најдоа милијарда бед сектори пред мои очи, и му викам на тој замени ми ги магистралите до нив е, не не е до нив треба нов хард диск и матична да купиш, отидов дома заменив магистралите компјутеров уште тера.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
« Reply #22 on 29.12.2011, Thursday, 00:27:39 (Edited 29.12.2011, Thursday, 00:34:41) »
АМЦ правило бр.1 - задоволен муштерија.

АМЦ Не се десило да ми донесат компјутер и 5 дена да чека преинсталација. Мојот компјутер беше 78 дена на сервис.

Со какви ти не манипулации се служеа само ееее мамичето им... никад повеке кај нив не влегувам

Однесов компјутер кај нив на сервис кој беше под гаранција за тоа што кочеше и се блокираше по неколку минути по уклучувањето, одвреме навреме им се јавував да прашам до каде е а тие ме замавтуваа, по 30тиот ден пак им се јавив и ми рекоја ај утре ај задутре... после тоа пак им се јавив и ми викаат, абе скоро готов е ама ке ти се јавиме кога да дојдеш. Се направија 2 месеци како ме лажеја и мафтосуваа. Нивното мавтосување продолжи и понатаму се до 78тиот ден кога ми рекоја оти процесорот бил прегорен и дека немале таков процесор ниту таква матична па морале да ми ја заменат и плочата со процесорот ама таа ке мора сам да си ја доплатам разликата а со тоа и графичката карта морала да се смени и разликата исто така сам да си ја доплатам. Значи доплатив некаде 4000 денари за нивните лаги а компјутерот ми беше под гаранција! Ме најдоа во небрано ѓубрињата и ајде се согласив, платив и си го зедов компјутерот. Го носам дома и го уклучувам и ете ти пак ист проблем, пак се кочи!!! Ах мамичката нивна си викам на кол да ви на набијам. Се јавувам кај нив и им кажувам дека пак ист проблем и им го носам пак на сервис. Замислете што било проблемот, напојувањето правело проблеми и затоа кочел. Значи ова беше пред 5 години и се надевам дека добро памтам и добро сум напишал. Требаше да ги привавам ама ме спречи истото што ме има спречено и повеке пати а тоа е, треба да фрлам уште пари и да се нервирам и да губам време и после прашање дали ке излезам на крај со оглед на тоа дека големите фирми се врзани со се и сешто, и највероватно пак муштеријата е крив. Но затоа повеке кај нив не влегувам.
На крај, во разговор со други стручни лица утврдив дека процесорот не ни бил прегорен воопшто, туку не бил зачистен делот меѓу кулерот и процесорот и затоа немало добро ладење и кочел.Иначе туку се работело за злоупотреба на службената должност и овласуување на сервисерот со цел да украде процесор а со тоа да направи многу поголема штета.
А да не заборавам, од кај нив имам купено и бежичен рутер и стик и имав големи проблеми со нив!

Со еден збор, нема ништо добро што сум купил од кај нив! Затоа учете од туѓите искуства и пазете што правите и немојте да се излажете на нивните ниски цени. Колку пари толку музика.

Иначе од еден човек имам слушнато (не знам ова колку е вистина ама како ми кажал така ви кажувам) Им носат телевизори, ДВД плеери и останати работи кај нив а потоа овие вработените им лепат напепници NEO, кварт и сл.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Колеги ми се ,да не оговарам,ама во Велес кога ја отворија близу до нас продавницата,рекоа:ке ве затвориме...,Е,сега и она што тие го продаваат-ние го сервисираме понатаму  ;D Исто и со компјутерите на Телеком ;) Иста работа - немаат сервис.Овие од АМЦ - се што фанале растуриле,а за преинсталација и по 10 дена се чека ( ваљда во Скопје ги носат! ;D ;D)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Овие од АМЦ - се што фанале растуриле,а за преинсталација и по 10 дена се чека ( ваљда во Скопје ги носат! ;D ;D)
изгледа во скопје ги носат, ама тоа е полошо оти сервисот во скопје е ужасен! Иначе да не заборавам, еднаш купив рам меморија од Анхоч па бидејки компјутерот беше под гаранција на амц и имаше нивна лепенка морав да им го однесам кај нив за да тие ја извадат налепницата и да ја стават РАМ меморијата на местото. За тој зафат ми наплатија 300 денари! Фискална сметка не ми дадоа. Какви злоупотреби се прават не сте свесни. Италијанската, албанската и бугарксата мафија може да учат од нив.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Хаха и јас сум имал сличен проблем со амц,кога требаше да зимам компјутер пред 4-5г ;D.Дома запнав компјутер па компјутер,сите ги попиздив :D за компјутер,море ме мавтосуваа дома,не ти треба сине ја не бре компјутер и точка :D.И ајде гледај гледај компјутери и ајде во амц со татко ми да зимам компјутер,одиме и гледам еден компјутер за 27000ден,се монитор,куќиште,тастатура,маус ова она и гратис слушалици и oк.Ама без мајками тоа не бива мора и со нејзе да се консултираат хаха ;D.И одиме следниот ден со таткоми ајде тој од 27000 ќе го зимамe.Влагаме во амц ама па друг еден ни се погоди,не беше тој истиот што не „услужи“.И татко ми вика ајде пакувајте го овој компјутер го зимаме,и тој вика секунда само да пресметам,и го тупи таму ваков рам,ваков процесор,со овој оперативен се на се 38000,и татко ми вика па вчера дојдовме пишуваше дека е 27000 и плус еден ваш колега ни потврди.Он не па не,нема шанси,згрешил тој,а пази на компјутерот имаше залепено налепница дека е 27000...И се препукавме таму и ништо,после земав од пц дисконт,еден пријател ми го склопи и 4год издржа компјутерот,мада јас го мучев,оверклок,едно 2000 пати ми се појави BSOD,па го испозаеб*в и само хдд  и цдром му сменив. ;D Исто како и кај DX-er и мене амц ми има оставено лош впечаток,и кој да ме праша од кај да зима компјутер,некој дел ова она,одма им викам „кај сакаш зимај,само немој во амц“ ;D.
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Компјутер од продавница,или дома склопен?
« Reply #26 on 29.12.2011, Thursday, 02:15:20 (Edited 29.12.2011, Thursday, 02:18:13) »
Зашто налоша, мојот е од АМЦ, скоро две години се нема рестартирано, камоли па некој проблем да јави, исти оперативен систем две години, иста машина, пречки никакви :)

Ти се погодил. А не дај боже да имал проблем, ќе ги псуеш AMC доживотно ;D.

А за услужност, тоа да не правам муабет, од пред три или четири години кога со пола уста ми одговараа на прашањата и кога воопшто не беше заинтересиран продавачот дали јас ќе потрошам 3000 денари во нивната продавница или не, веќе не сум влегол во AMC.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
абе не дека не чинат компјутерите
услугата на луѓето кој се во амц е катастрофа
а компјутерот како ќе се погоди 
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

stefanjanevski

  • Guest
Абе компјутерот како ќе се погоди, нема врска од каде е, еве мојот е од АМЦ досега не се жалам, ама затоа некој кога ќе ме праша од каде да купам PC, Нико и Сет отпаѓаат, значи кај се изгор скапи, поготово Нико, а и плус сервисите им се катанга. Поправка која трае два дена, и се ти е изгорено во компјутерот треба да се смени, го носиш дома машинана преде ;)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
абе не дека не чинат компјутерите
услугата на луѓето кој се во амц е катастрофа
а компјутерот како ќе се погоди 
да да, ти како купувач нормално ке им речеш да ти стават јака плоча, јак ХДД, јака графичка. Ке ти го склопат сето тоа во куќиште што ке се распадне ако 10 пати го дигнеш и го преместиш од една до друга локација, и напојување кое на шкрги ке работи со тој процесор, графичка, марична и остало. Е по кратко време кога ке се појават проблемите и ако не знаеш дека е од напојувањето ке го однесеш на сервис и ке испадне дека прегорен е процесорот и дека мора нова плоча и се ново освен скапаното куќиште, ЦД ромовите и хард дисковите. Па ке ти речат мора да доплатиш иако ти е под гаранција....подобро не си играј руски рулет со купување на компјутер од тамо па така да ја тестираш среќата. не ризикувај најдобро.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.