Да,се беше во ред ,а имаше околу 20.000 луѓе! И на крај - честитки за Премиерот Груевски за неговата изјава во која се поддржува дислокација на Топилница! Тоа ни значи многу,верувајте.Значи,засега целта е постигната.Имавме револуција,без крв,подржана од сите ! И што е најбитно - победува вистината за здравјето на Велешани ,како и нашата грижа за младите што доаѓаат на ред да живеат во Велес.Верувајте,особено ми е мило ако се ова што го постигнавме успее и Велес се ослободи од едно навистина тешко бреме на минатото!!
Споено мислење: 16.11.2011, Wednesday, 08:38:26
Навистина еуфорично беше откога ја слушнавме интегралната верзија на изјавата на Премиерот Груевски на кого му веруваме дека навистина нема да дојде до рестартирање на Топилницата на старата локација.Со парите што мислат(ако мислат) да ги вложат во рестартот на Топилницата ,газдите на нова локација,без никакви пречки нека си ја изградат повторно.Под услов сите пропишани стандарди да се запазат.Гледате ли што направија * Индоминерали и метали* со јаловиштето??? Не казна,ами затваорање на една година и расчистување на проблемот.Цевководот е крив!?? Па ,што не инвестирате и не го поправите како што треба!? Велешкиот* Грин пауер*мислам дека е водечка и моторна сила на целата еколошка свест на Р.Македонија .Го натеравме еден митрополит да ни пристапи и застане зад нас ,ги натеравме сите партиски кадри да бидат како еден,имаме еколошки градоначалник ( секоја чест!) и имаме - народ!! Не е баш нај-еколошки ( според сметот кој го ствара секојдневно!) ама мислам дека е разбуден,самокритичен и доволно свесен за последиците од досегашното загадување! Ова што го направивме на многумина се уште не им е јасно,ама верувајте некогаш можеби сите учебници по екологија кај нас и пошироко ке се занимаваат со овој успешен пример на колективна совет! По некои направени сметки биле присатни безмалку 22.000 присатни на митингот!!