Фала ви на сите за предлозите. Бојан, одлично е што предложи нешто од Скопје. Цените биле ефтини секаде, како и што треба да биде со толку чести и широкопотрошни материјали.
Муро, имаш право за алатот но ќе се снаоѓаме со нешто попримитивно за почеток. Сепак бирово има оштри рабови
Уште едно прашање - дали сечат или имаат спремни за продажба помали парчиња кај Канал 5? Повеќе поради превозот до Аеродром отколку заштедата.
Поврзано со ова, во план ми е некаква маса со лизгачи што би користела за сечење и шмирглање на метал и дрво. Би монтирал голем електромотор (имам од 750W, но се надевам дека има доволно вртежи) од страната. Целта е прецизна обработка и можност за употреба на мали сечила и камења (намените за дремел) која не беше возможна со аголна брусилка (ја продадов, ионака оверкил беше). Многу должев, ќе отворам посебна тема за тој проект во иднина.