А,го провери ли адаптерот? Ако е тој добар,отвори го мониторот и види треба да има заштитна диода меѓу + и -, на влезот.Таа треба да е во куса врска.
Овие се школски монитори,претпоставувам ако не е оригинален адаптерот да направиш ваков квар.не сакам да верувам дека е однесен од некое училиште без адаптер - од искуство,барем 20-30 вакви случаи ми дошле!
На ова прашање не ми одговори!!
За поправка не станува збор бидејќи очигледно деловите не ги разликуваш.Ако не е *позајмен* мониторот од некое школо,подобро однеси го на сервисер и не се замарај, да не направиш поголем квар! Ако си петљал и си врзувал некој исправувач со поголем напон од 12 V ,можно е да си го прегорел и оној стабилизатор- контролер лево од диодата ( црн правоаголник со 8 ножички).
Ако си мерел и си сигурен дека ова D1 е прегорена,а не можеш да ја најдеш,место неа стави било каква 3А диода од типот 1N54xx .Пази на поларитетот на диодата!!Толку совет од мене.