Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: Acki2009 on 25.03.2013, Monday, 22:23:11
-
Во овој случај се работи за сервисирање на свичеви кои главен проблем се свич контролерите кои се уништуваат при атмосверски празнења. Еден мој пријател има интернет мрежа од 150 до 200 корисници, и има проблем со прегорување на свичевите од таканаречено грмење. И токму заради тоа тој го набави процесорите за да се сервисираат истите. Како главен алат кој го поседувам за да ги сервисирам е станица со топол воздух и аналогна лемилица. Вадењето на контролерот го вршам со помош на топлиот воздух. Прашањето ми е што паста да користам при лемењето на новиот контролер, како да нанесувам нов слој на калај на самата плочка, дали лемењето да го вршам повторно со топлиот воздух или пак со аналгната лемилица и дали може као средство да подобро лемење на контролерот да го користам растворен колофониум. Како за проба на еден свич го извадов контролерот, на самата плочка нанесов цинол паста и поставив нов контролер кој го залемував со топлиот воздух, операцијата беше успешна но за кратко затоа што после неколку часа работа на самиот свич почнаа да се гасат некои сигнални лед диоди, но тоа е резултат на лошо залемен контролер, со притискање на контролерот пак си светнуваа диодите. Па поискусните членови нека наведат некој методи за подобро лемење, благодарам однапред.
-
Немој да користиш такви чудни пасти, има течен флукс, го има во пакувања како маркер (на интернет) и го има во пакувања од шишенца (го гледав во алфа пред некое време) не е нешто скап, прво одлеми се исчисти го местото, нанеси од флуксот, постави го елементот и со најслаба жица тинол со лемилото помини преку пиновите (види видеото), така ти е најдобро, а тие пастите што ги користиш имаат киселина која ги оштетува водовите
EEVblog #186 - Soldering Tutorial Part 3 - Surface Mount (http://www.youtube.com/watch?v=b9FC9fAlfQE#ws)
Professional SMT Soldering: Hand Soldering Techniques - Surface Mount (http://www.youtube.com/watch?v=5uiroWBkdFY#)
-
А дали е подбро да се користи Flux и течен калај за смд лемење? Во алфа има течен flux во големо шишенце 1 литар мислам дека беше ама Саше ми рече дека било за чистење, или можеби погрешно го разбрав.
-
според мене не ти треба течен калај или флукс, зашто местото кај што бил интегралецот залемен веќе има калај и кога ке лемиш нема нечистотии што треба да се отстранат...
-
На самата површина, нанеси мал слој калај, постави го елементот и пин по пин со тенок врв ќе се залемат. Можеш и со фен да го залемиш, но побрзо ќе го цркниш од превисока температура него што ќе го залемиш успешно. Иначе обична паста за меко лемење да ја поминиш плочката на лемните точки ќе сврши супер работа :D
-
Обична паста никако! Како кажа Девил има посебен флукс за оваква намена.Обичната паста содржи голем процент киселина која по некое време во содејство со влага ги прави лемовите *стари*.Нанесувај 0,3 или 0,5 мм калајна жица сосема малку да се разлие на пиновите.Потоа е пожелно со чист алкохол да се премачкаат лемните места и околината,и ако треба и 2-3 пати.
-
башка киселината може да направи и спој...
-
е за ова незнаев дека може да нагризи, јас користам Wurth но е како течен калај и е проводна, затоа препорачав обична :))