Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Развојни околини => Topic started by: predator8345 on 04.12.2014, Thursday, 02:08:20

Title: Ардуино сo CH340g не прима уплоад
Post by: predator8345 on 04.12.2014, Thursday, 02:08:20
Досега пробав драјвери за CH340g, пробав да запишам нова board во boards.txt, забележав дека лед диодата се гасни во моментот кога пробува да се запише програмата и потоа продолжува да трепка.
Некаква помош како да аплоадирам програма на ардуино копија со атмел328п.
Title: Одг: Ардуино сo CH340g не прима уплоад
Post by: Devil on 04.12.2014, Thursday, 14:56:52
Дали ги имаш соодветните драјвери за CH340G, пробај од самото коло ако има извадено настрана негде пинови спој ги RX и ТX и преку некој програм за сериска комуникација (пр. PuTTY) пробај праќај рандом пораки, истите што ќе ги пратиш треба и да ги прими, се преслушува самот (ехо, или како сакате наречете го).

Дали во девајс менаџер го прикажува колото како USB to COM, копирај каков ерор ти вади ардуиното кога ќе се искомпајлира програмата, кога не можи да ја upload-ира појавува некој ерор, кој тип на ардуино е, односно од кое ардуино е клон nano, pro mini, UNO и слично.

За да работи се како што треба, кога ќе се програмира, по самото компајлирање на програмата DTR линијата од USB-RS232 колот треба да оди на ниско логичко ниво, за да инициализира ресет на ардуиното, со ова тоа ќе влези во програмски мод, DTR линијата дава краток импулс, односно оди на ниско логичко ниво за кратко време и после се враќа на високо ниво, провери дали кај тебе тоа се случува, или останува на ниско ниво, ако се случува тоа треба да ставиш кондензатор сериски од DTR према ресет пинот на ардуиното.

За драјвери види тука
Code: [Select]
http://www.5v.ru/ch340g.htm
Title: Одг: Ардуино сo CH340g не прима уплоад
Post by: predator8345 on 04.12.2014, Thursday, 17:52:37
Ова е еророт  avrdude stk500_getsync() not in sync resp=0x00,
во девајс менаџер го показува како усб то сериал со истите драјвери,

инаку плочата е UNO со атмел328п смд , нов сум со ардуиново но како што реков откако ке ја искомпајлира програмата се појавува уплоадинг и едната диода која што трепка цело време запира на секунда и потоа продолжува да трепка и го вади тој ерор.
за ова со дтр каков кондезатор и на која локација поточно. фала

Споено мислење: 04.12.2014, Thursday, 17:59:12
ова е плочата
Title: Одг: Ардуино сo CH340g не прима уплоад
Post by: Devil on 04.12.2014, Thursday, 18:50:14
Најди даташит од CH430G, мислам дека има на тој рускиот линк од погоре.Види кој пин е означен како DTR од тоа коло, тој пин се користи за рестартирање на ардуиното, од тој пин излегува вод, водот оди на кондензатор (сериски е поврзан), од другата страна на кондензаторот излегува вод кој оди на RESET пинот од ардуиното, е која вредност е незнам. До кај 1uF кондензаторче, не верувам да е поголемо од тоа.

Во Arduino IDE-то претпоставувам се ти е наместено, COM порт, тип на ардуино и слично, пробај кога ќе биде прикрај со компајлирањето притисни го Reset тастерот и задржи го се додека не напише таму uploading, после можеш да го пуштиш, ако се искомпајлира и upload-ира вака, тогаш таа линијата за ресетирање на ардуиното зафркава, односно провери го кондензаторот од погоре, и провери дали има и колкав отпорник има TX линијата

Code: [Select]
http://www.instructables.com/id/A-solution-to-avrdude-stk500getsync-not-in-syn/
Title: Одг: Ардуино сo CH340g не прима уплоад
Post by: predator8345 on 04.12.2014, Thursday, 19:15:42
Го пробав ова со ресет да задржиш пред да се уплоадира и пак не сака,
во ардуино иде е наместено боард ардуино уно и ком портата точна.
кодот кој што го аплоадирам и пробувам е од примерите кои што се во идето, се надевам не е тука проблемот
Title: Одг: Ардуино сo CH340g не прима уплоад
Post by: BorceBT on 04.12.2014, Thursday, 21:09:14
Можно е ардуиното да е програмирано без бутлоадер што значи дека за да се врати во "нормала" ти треба друго исправно ардуино да го испрограмираш со Ардуино ICSP за да може после преку тоа ардуино да го испрограмираш ова ардуино да содржи и бутлоадер. Ова е само теорија а може да имаш и друг проблем како например лош усб кабел :)
Title: Одг: Ардуино сo CH340g не прима уплоад
Post by: Devil on 04.12.2014, Thursday, 23:10:59
Доколку имаш можност не го користи тоа коло, пробај со некој надворешен USB-rs232 конвертор да комуницираш со ардуиното, односно пробај со друго коло да го испрограмираш

пр. за други кола се FT232, PL2303, CP2102 и нивните кинески копии :P