Author Topic: Електроника за Фендер Телекастер  (Read 3130 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Баткиве направиле гитара ,а ми оставија јас да ја направам ( составам и смислам) електрониката.Побарав на Гоогле и еве што испадна. :D Дефинитивно -дава звук.Поздрав до Ѓоре Југов и Благој Оршата! ;)

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
дали може да знам од што дрво е изработена гитарата?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
немам отварано гитара, ама не би требало да има повеќе од 2-3 калеми со амгнет или магнети што ги викаме и потенциометри со кондензатор. Кондензаторите на потенциометарите се за компензација на паразитската капацитетивност  што се јавува кај потенциометарите. Паразитската капацитетивност на потенциометарите влијае на повисоките фрекфрнци. Тоа од теротија, е сега од мене толку, толку ми е знаењето, од некој друг повеќе...

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
ги има со повеќе магнети, со 3,4 може да има...колку место има толку можеш да ставиш и сите ке даваат различен звук :D
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Да, во принцип колку што ти дозволува просторот може да се ставаат магнети, само незна како се врзани- сериски, паралелно, во комбинација, со некој отпорник, кондензатор....

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
ај едно прашање за гитара,како да се направи тоа вратот на гитарата?Тој големиот штраф како се мести кај се наоѓа??

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Вратот се прави од три даскички -ламели  од јавор.Средната ламела има контра годови од двете други.Горната плоча за праговите е од орев.Се лепи одозгора.Средната ламела е по висина пониска и внатре се ужлебува жлеб за метална шипка(месинг или челик),за да биде вратот прав(да не се криви).Тој се спојува со телото со жлеб(лепење) а од позади има уште 4 штрафа на метална површина.За жал немам слика како е правен вратот.Телото е од јавор,некоја посебна врста(знам има бел јавор,ама ова е некое друго
дрво).Може да биде и парена бука или костен,орев....

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
баш ме интересира изработка на гитара и многу други работи.Еве почнавме делови да собираме за појачалото што Батка ми го даде но никако да не го склопам,сум се заљубил во дигитална електроника и микроконтролери.Исто така немам пари а баш ми е мерак да направам еве гитара како Батка што пишува.Дали е можно јас да направам гитара?Што викаш Батка,а и другите?Батка ај да те замолам направи туторијал за изградба на гитара,ќе можеш ли(или па некој друг,ако Батка нема време) ;D??

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Побарај на јутубе од серијалот "How it made", нема све, ама ќе иамш претстава, инаку за појачало-претпојачало нешто чат-пат можа да ти подмогна, што е во мои можности, али во аналогна технологија-Искрено малку сум скептик према дигиталките.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Електроника за Фендер Телекастер
« Reply #9 on 20.12.2010, Monday, 18:18:47 (Edited 20.12.2010, Monday, 18:20:31) »
Види можеш да направиш добра гитара! Потребно е да најдеш дрво,мајстор за дрво(ако го немаш дома ;D),алат -електрична пила,шмиргла ,фреза,доста стрпление и време и - љубов!! :D Најважно е на крај рачно да ја ишмирглаш,да ти легне на рака.Мораш да купиш штимери,електроника ( магнети можеш да направиш,ама малку е тешко треба гооолемо искуство!!),котир жица,жици за гитара,.Се друго се прави (држач,кобилица,конче..).Има една формула за растојанието на праговите.Добро дрво,штимери и магнети - половина гитара! Побарајте ја книгата * ИНСТРУМЕНТИ ЗА ВИС* од Јосип Клобучар,внатре има баш се!! :D
Моментално,до Нова Година од мене  туторијал нема да има,навистина сум -кнап со време! По Новогодишните празници - ке има- еве ветувам!! :D :D :D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Башка и праговите малце(0.1мм) да се понапред-поназад нема да можеш да ја наштимаш, и колку што иам гледано дисковери со некоја преса ги ставаше

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Батка,штимер што ќе ми е?Нели тоа е направа(мало уредче) за штимање на жиците?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Електроника за Фендер Телекастер
« Reply #12 on 20.12.2010, Monday, 18:32:53 (Edited 20.12.2010, Monday, 18:50:58) »
Тоа е помал проблем: прво точно треба да измериш од кобилица до кончето,да ги поделиш праговите(да ги исцрташ),па ги сечеш со широка пила под 90 степени.Вратот е добро на краевите малку да биде заоблен.На крај најбитно е да ја трефнеш висината на жиците во однос на праговите и магнетите!Штимачите ти се метални механизми за жиците.Тие треба да бидат со мек ход,да не верглаат во место и да не отпуштаат.Мој совет - купете ги најдобрите и најскапите кои можете да си ги дозволите.Тие можат да бидат единечни(за секоја жица) или по 3 .Можат да бидат и шест на една шина,ама јас преферирам поединечни(иако се поскапи!).

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
хмм не знам на што мислиш, Батка највероватно мисли на тие што се како штрафови на кој едниот(може и двата) крај на жицата е прицврстен, не можеш жицата фиксно да ја прицврстиш(заковаш), мора да може да се разлабавува и затега.
Инаку иам и штимер за гитара, ама тоа е башка муабет, служи за интонација, на добар слухиста ен му треба, а горе-долу може да се наштима и према некоја снимка-песна или према друг инструмент (друга гитара, клавир труба хармоника итн,...)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Електроника за Фендер Телекастер
« Reply #14 on 20.12.2010, Monday, 18:50:20 (Edited 20.12.2010, Monday, 23:45:21) »
Овие металниве ,каде се ставаат жиците и се стегаат - се викаат штимачи ! Штимер - е мајстор кој ја штима гитарата,а штимач како уред е свирче со тон 440 ХЗ или електронски утед со инструмент или ЛЕД ! Се разбираме - зборувам за метални штимаши за гитарата!Како овие- само што се за класична гитара ( по 3 на страна)