Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Инструменти => Topic started by: batka on 19.12.2010, Sunday, 19:06:05

Title: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: batka on 19.12.2010, Sunday, 19:06:05
Баткиве направиле гитара ,а ми оставија јас да ја направам ( составам и смислам) електрониката.Побарав на Гоогле и еве што испадна. :D Дефинитивно -дава звук.Поздрав до Ѓоре Југов и Благој Оршата! ;)
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: SKOLS_OLD on 19.12.2010, Sunday, 19:38:43
дали може да знам од што дрво е изработена гитарата?
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: bicikle on 19.12.2010, Sunday, 19:45:14
немам отварано гитара, ама не би требало да има повеќе од 2-3 калеми со амгнет или магнети што ги викаме и потенциометри со кондензатор. Кондензаторите на потенциометарите се за компензација на паразитската капацитетивност  што се јавува кај потенциометарите. Паразитската капацитетивност на потенциометарите влијае на повисоките фрекфрнци. Тоа од теротија, е сега од мене толку, толку ми е знаењето, од некој друг повеќе...
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: Bojan on 20.12.2010, Monday, 16:01:33
ги има со повеќе магнети, со 3,4 може да има...колку место има толку можеш да ставиш и сите ке даваат различен звук :D
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: bicikle on 20.12.2010, Monday, 17:16:47
Да, во принцип колку што ти дозволува просторот може да се ставаат магнети, само незна како се врзани- сериски, паралелно, во комбинација, со некој отпорник, кондензатор....
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: SKOLS_OLD on 20.12.2010, Monday, 17:33:35
ај едно прашање за гитара,како да се направи тоа вратот на гитарата?Тој големиот штраф како се мести кај се наоѓа??
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: batka on 20.12.2010, Monday, 18:02:15
Вратот се прави од три даскички -ламели  од јавор.Средната ламела има контра годови од двете други.Горната плоча за праговите е од орев.Се лепи одозгора.Средната ламела е по висина пониска и внатре се ужлебува жлеб за метална шипка(месинг или челик),за да биде вратот прав(да не се криви).Тој се спојува со телото со жлеб(лепење) а од позади има уште 4 штрафа на метална површина.За жал немам слика како е правен вратот.Телото е од јавор,некоја посебна врста(знам има бел јавор,ама ова е некое друго
дрво).Може да биде и парена бука или костен,орев....
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: SKOLS_OLD on 20.12.2010, Monday, 18:06:03
баш ме интересира изработка на гитара и многу други работи.Еве почнавме делови да собираме за појачалото што Батка ми го даде но никако да не го склопам,сум се заљубил во дигитална електроника и микроконтролери.Исто така немам пари а баш ми е мерак да направам еве гитара како Батка што пишува.Дали е можно јас да направам гитара?Што викаш Батка,а и другите?Батка ај да те замолам направи туторијал за изградба на гитара,ќе можеш ли(или па некој друг,ако Батка нема време) ;D??
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: bicikle on 20.12.2010, Monday, 18:18:09
Побарај на јутубе од серијалот "How it made", нема све, ама ќе иамш претстава, инаку за појачало-претпојачало нешто чат-пат можа да ти подмогна, што е во мои можности, али во аналогна технологија-Искрено малку сум скептик према дигиталките.
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: batka on 20.12.2010, Monday, 18:18:47
Види можеш да направиш добра гитара! Потребно е да најдеш дрво,мајстор за дрво(ако го немаш дома ;D),алат -електрична пила,шмиргла ,фреза,доста стрпление и време и - љубов!! :D Најважно е на крај рачно да ја ишмирглаш,да ти легне на рака.Мораш да купиш штимери,електроника ( магнети можеш да направиш,ама малку е тешко треба гооолемо искуство!!),котир жица,жици за гитара,.Се друго се прави (држач,кобилица,конче..).Има една формула за растојанието на праговите.Добро дрво,штимери и магнети - половина гитара! Побарајте ја книгата * ИНСТРУМЕНТИ ЗА ВИС* од Јосип Клобучар,внатре има баш се!! :D
Моментално,до Нова Година од мене  туторијал нема да има,навистина сум -кнап со време! По Новогодишните празници - ке има- еве ветувам!! :D :D :D
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: bicikle on 20.12.2010, Monday, 18:23:02
Башка и праговите малце(0.1мм) да се понапред-поназад нема да можеш да ја наштимаш, и колку што иам гледано дисковери со некоја преса ги ставаше
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: SKOLS_OLD on 20.12.2010, Monday, 18:26:25
Батка,штимер што ќе ми е?Нели тоа е направа(мало уредче) за штимање на жиците?
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: batka on 20.12.2010, Monday, 18:32:53
Тоа е помал проблем: прво точно треба да измериш од кобилица до кончето,да ги поделиш праговите(да ги исцрташ),па ги сечеш со широка пила под 90 степени.Вратот е добро на краевите малку да биде заоблен.На крај најбитно е да ја трефнеш висината на жиците во однос на праговите и магнетите!Штимачите ти се метални механизми за жиците.Тие треба да бидат со мек ход,да не верглаат во место и да не отпуштаат.Мој совет - купете ги најдобрите и најскапите кои можете да си ги дозволите.Тие можат да бидат единечни(за секоја жица) или по 3 .Можат да бидат и шест на една шина,ама јас преферирам поединечни(иако се поскапи!).
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: bicikle on 20.12.2010, Monday, 18:38:35
хмм не знам на што мислиш, Батка највероватно мисли на тие што се како штрафови на кој едниот(може и двата) крај на жицата е прицврстен, не можеш жицата фиксно да ја прицврстиш(заковаш), мора да може да се разлабавува и затега.
Инаку иам и штимер за гитара, ама тоа е башка муабет, служи за интонација, на добар слухиста ен му треба, а горе-долу може да се наштима и према некоја снимка-песна или према друг инструмент (друга гитара, клавир труба хармоника итн,...)
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: batka on 20.12.2010, Monday, 18:50:20
Овие металниве ,каде се ставаат жиците и се стегаат - се викаат штимачи ! Штимер - е мајстор кој ја штима гитарата,а штимач како уред е свирче со тон 440 ХЗ или електронски утед со инструмент или ЛЕД ! Се разбираме - зборувам за метални штимаши за гитарата!Како овие- само што се за класична гитара ( по 3 на страна)

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=3311.0;attach=2109)
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: SKOLS_OLD on 20.12.2010, Monday, 18:53:09
се паре??
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: batka on 20.12.2010, Monday, 18:59:03
Па комплетот материјал,без рака,некаде околу 150ЕУ.Гитарата вреди барем 500ЕУ - рачна изработка и штима супер! Електрониката  е оригинална,купена дел по дел (бирана!) .Гитарата е помека од Телекастерот,повеке звучи како Гибсон! ;D :D ;)
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: SKOLS_OLD on 20.12.2010, Monday, 19:01:03
во Хубо има дрво едно 6м2 890 денари,мислам дека е бука!Да го зимам?
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: batka on 20.12.2010, Monday, 19:31:14
Не можам без да го видам да кажам дали одговара ;D
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: bicikle on 20.12.2010, Monday, 21:52:18
А што не побараш на старо? или кинеска за 150 ехехеее којзнајт каква ќе биде. Мисла дека ако немаш работилница(и искуство) ќе те фатит многу, а и сепак нема да биде ни фендер, ни ибанез ни ненам што.... Може поубава ќе биде, ама не како нив
Патем
Цитирам: Штимер, или штимерски клуч, е дел од гитарата или сличен инструмент, направа за затегнување и оттаму за штимање на жици, вообичаено сместен на главата. Една глава има повеќе штимери, по еден за секоја жица.
 превземено од
Code: [Select]
http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A8%D1%82%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D1%80
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: batka on 22.12.2010, Wednesday, 16:12:09
Не и верувај за се на Википедија,има триста глупости! ;D ;D ;D ;D Воглавном,се разбираме и со слика за што се зборува во муабетот :D. Рачната работа на гитари се исплатува,поготово уникатноста! На запад (видете на Гоогле!) такво нешто под 1500-2000 ЕУ нема! За да направиш гитара треба мајсторство,познавање на дрвото,акустиката,електрониката... И најбитно - треба брате да знаеш да свириш! ;) ;) ;) ;) Како ке познаеш дали е добар инструментот! Да не биде она народната: му купив на синот тарабука ,нека се учи,а ако е добар ке му купам армоника!! :D :D :D
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: bicikle on 22.12.2010, Wednesday, 16:48:44
да се разбираме, само колку некој стандарди да задоволиме. Башка и говорни подрачја ова она удел си има. Да се исплаќа и вреди, само баш дека не е едноставна работа, акко што пиша тредеба познавање искуство алат.... затоа предложив купување на старо или до кинескине.. Сега зависи за што ти треба, ама да ја направиш и да ја фрлиш  за 2 недели, откако ќе ти помине меракот... и тоа небива :) Еве на пример од мерак јас имам направено појачало за гитара, а го немам чепнато.т.е. дадено ми е на користење, добро пак татко ми го користи ама кога ќе видиш без цел сум го направил  :) Е сега да знаев да свирам и да свирев друг ќе беше муабетов. Највероватно баткиве што ја направиле гитарава или знаат да свират или знаат да наплатат :)
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: batka on 22.12.2010, Wednesday, 17:22:23
Баткиве се Ѓоре Југов,клавир-штимер и мајстор за поправка на инструменти,а Благој е веке професионален градител на акустични (фламенго) гитари.Ова им е прв заеднички проект на електрична гитара.Ја направија *ѓутуре*,значи без цел да ја продадат,туку од радозналост и пред се да научат нешто.Иако се веке 60- годишници- сеуште учат! ;) Од мене -разбира се! ;) Да се пофалам -до сега самостојно сум направил 5-6 гитари од кои само две сум продал,а другите сум ги поклонил.Сите се во *погон* - свират!!
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: bicikle on 22.12.2010, Wednesday, 17:32:02
iii bravo batka :)
Па добро пак со некоја цел ја направиле  :)
Aj стави некоја фотка од работилницава за гитари, ако сакаш? се надева дека и за другите ќе е интерсно  :)
Title: Одг: Електроника за Фендер Телекастер
Post by: batka on 26.12.2010, Sunday, 17:05:53
абе,немаат работилница.Ѓоре работи на работа во една училница,во Музичкото,а Оршата во подрум или на тераса кога е топло :D