Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: batka on 27.02.2011, Sunday, 17:31:13
-
Овој димер е преземен од ЕЛЕКТОР, и работи прекрасно со индуктивни товари.Јас го направив за регулација на трансформатор со сек.од 24В /3А.Триакот е БТА 12 (12А) и со мал ладилник работи беспрекорно.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=4219.0;attach=4122)
-
Корисна шема :)
-
Добро е што исклучувањето на тријакот е во “0“ точка, и нема дисторзии, а и греење на самиот тријак.
:)
-
Кој сака да го прави овој димер еве му и плочка, проверена во пракса...
-
Како треба на плочка да изгледа, т.е. кое му е лице?
-
Не ти го разбирам прашањето, ај дообјасни малце...
-
За тонер трансфер треба да е штампам како што ја штампа спритлајаут или како во огледало?
-
Мислам дека одеше „како што е Sprint-Layout, така печатиш, така префрлуваш со пегла на плочката“... нека пише LordZi, он има повеќе искуство ;).
-
Како ќе ја испечати спринтот така ја пеглаш... ;)
-
со бта25 ми работи он/офф :S
-
Си пробал со друг триак?
-
Немам.. Чудно е да не е исправен и да работи он/офф
или мислиш друг модел?
-
Да, мислев на некој со други ознаки... бидејќи можно е диакот да не го окида како што треба тој триак, затоа.
Пробај со некој со други ознаки. Ако и тогаш се случува пак истото, можно е диакот да е проблематичен.
-
Све мислам дека овај бта25 може едино со пулс да се заузда, али па не знам што друго би крепело 2,5 kw.
-
Не мораш на максимум да го тераш. Само провери дали работи како што треба диакот. Ако работи, тогаш, или триакот е проблематичен или диакот не може да го окида како што треба.
Пробај и со зголемување и намалувња на вредноста на C1. Би требало со зголемување на C1 да се добие линеарна регулација, под услов триакот и диакот да се исправни.
-
Па со оваа контрола работи како он/офф, не ни има регулација некаква. До пола на потенциометарот е исклучен а потоа наеднаш се пушта на максиум.
-
Нешто не е во ред кај тебе! ???Провери потенциомтар,диак,конднзатори.... :-\ Шемата проверено работи! :)
-
Пробај со оваа шема, со тоа што за тест проба не мораш да ги ставаш L1, R6 и C2 ;). Горе долу, истата е, со тоа што тука има и R3 и R2.
(http://www.mediafire.com/convkey/8e2f/boe6dctg6q350pmzg.jpg)
-
Нешто не е во ред кај тебе! ???Провери потенциомтар,диак,конднзатори.... :-\ Шемата проверено работи! :)
Ама со кој триаци... Нови се сите елементи, мала е веројатноста да е до некоја компонента.
И на други контроли тој тријак слично се понашаше. Така да не верувам дека и таа што ја постира гига ќе работи, едино со не555 или нешто слично, али тоа за во други времиња ќе остане.
-
И на други контроли тој тријак слично се понашаше.
Или диакот или триакот се проблематични. Очигледно диакот не го окида како што треба триакот... зошто... тоа е веќе друго прашање.
Побарав нешто online и видов дека во шемите за повеќето вакви моќни триаци, најчесто се користи DB3 како диак. Еве примери.
(https://s20.postimg.cc/6yle5szod/Power_Regulator.png)
(https://s20.postimg.cc/g6dmmkrbx/Power_Regulator_01.jpg)
Пробај со друг диак.
-
Во последно време добивам опклади ! ;D Шемата барем 10 пати сум ја работел без проблем.Значи- не омски со инструмент, туку менувај елементи, еден по еден! Извади, стави друг (по можност нов!)и пробај, па кажи. Бидејќи ти прави отвори/затвори, нешто веројатно пулсира.Започни со тријакот, дијакот.....
-
Db3 е дијакот, кога земав триак бта 16 и 25 имаше, па само 25-ката задоволуваше.
Не велам дека не е ок шемата, ама не е за овај триак најверојатно.
Секаки ќе птобам со друг триак.
-
А да земеш и омски да провериш како се движи и менува отпорноста на лизгачот на потенциометарот 8)... да не излезе дека е логаритамски или дека губи контакт :D.
-
И тоа проверив :) не ми текна уште да го врта обратно триакот т.е. А1 и А2