Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: Aleks on 01.05.2010, Saturday, 18:13:26

Title: Полнач за акумулатор
Post by: Aleks on 01.05.2010, Saturday, 18:13:26
Зедов 2 полначи за оправка модел GC12V10A од GAUS - Србија. Полначиве се од тип на SMPS напојување па до сега еве едно 3 часа ги дебагирав излезните транзистори и изнезните намотки кои што се покажаа добри. За пулсирање користат PWM чипче со ознака UC3525AN. Главни транзистори за пулсирање се користат 2 x IRF840 кои што истотака се во ред.

Проблемот е што тие не се активираат т.е. после нив нема никаков напон. И двата трназистора се поврзани преку Gate преку некои "A T350 0721" кола на PWM чипчето.

Е сега понатаму незнам што и како да дебагирам. Како би можел да го издебагирам чипчето да видам дали тоа воопшто работи или пак некој ги знае што се овие 2 компоненти од типот "A T350 0721" затоа што не најдов никакви информации за нив на интернет.

Пои.
Title: Одг: Полнач за акумулатор
Post by: BorceBT on 02.05.2010, Sunday, 00:42:33
Пин 11 и пин 14 на UC3525AN се излезите. Во суштина излезите мора да даваат некој сигнал кој на старт треба да има многу мала ширина на импулсот. A T350 0721 се најверојатно драјвери за гејтовите на фетовите (за да има поквалитетен импулс) значи освен ако влезовите им се краткоспоени на излезите од UC3525AN треба да има сигнал спомнат погоре (импулси со многу мала ширина, можда 1 или 2%. Доколку нема... или колото UC3525AN е изгорено или не се напојува! напојувањето на колата за контрола на PWM на вакви напојувања се напојува отпорнички или капацитивно. најчесто е отпорнички и тоа директно од +300V DC. Отпорникот кој го „паѓа“ напонот и зенер диодата пред колото често страдаат (на пример краткоспојува диодата или отпорникот од 100К станува 1М и повеќе (од ефектот на корона)) и колото останува без напојување. Провери ги прво овие работи и кажи што е и како е.
Title: Одг: Полнач за акумулатор
Post by: Aleks on 02.05.2010, Sunday, 00:57:05
Колото се напојува со 14V (15 можеби, мултимерот не ми е саглам поради празна батерија), на излез неможам да проверам пулсовите моментално оти немам осцилоскоп, тоа ќе го проверам за 1 недела во школо...  На странски форум ми сугерираа дека електрониката позади PWM чипот можеби е рикната, ќе остани и тоа да го проверам дел по дел, но воглавно деловите се транзистори, отпорници и кондензатори, нема нешто сложено но сепак, нема ни видлива *дамка* дека нешто прегорело површински. Би требало да е некој *внатрешен* проблем на интегралците.
Title: Одг: Полнач за акумулатор
Post by: BorceBT on 02.05.2010, Sunday, 01:03:25
Во суштина UC3525AN може директно да ги „вози“ транзисторите но треба да се проба ова како last resort бидејќи има шанси се да изгори :)
Title: Одг: Полнач за акумулатор
Post by: Devil on 02.05.2010, Sunday, 01:05:35
а на излез од него да стави уште еден транзистор ?
нешто да му дојде како дарилингтон ?
и од прилика као се импулсите 30-40kHz тој може да мере дали дава нешо на излез не мора на осцилоскоп да бара
Title: Одг: Полнач за акумулатор
Post by: Aleks on 02.05.2010, Sunday, 01:16:24
Не верувам дека дава. IRF850 се логички транзистори, ако даваше импулси ќе ги активираше и ќе имав 220 волти на првиот калем кој што напон го немам. Можно е само овие „посредниците“ да се сје*ани, иако неможам никаква информација за нив да добијам од интернет.
Title: Одг: Полнач за акумулатор
Post by: Devil on 02.05.2010, Sunday, 01:17:18
а дали може да ги сликнеш да видиме ?
ако не ти е проблем :D