Значи струјомерите што се ставаат по дома НЕ МЕРАТ пикови. Тоа е дефинитивно. Не навлегувам колку е сложено да се измери или дали е можно или не со дигиталната технологија и сл. Можеби е лесно, може тешко. Само факт е дека овие нашиве не го мерат тоа.
Можеби не го мерат, но дефинитивно се способни да го мерат. Тоа се во принцип мини компјутери, струјомери со микроконтролер... тоа е мини PC. Што ќе испрограмираш да мери, тоа ќе мери.
Значи ако во текот на еден месец, во период од 15 минути имаш уклучено потрошувачи со вкупна моќност од 10 kW, ќе си платиш паушал од 7.524,10 денари ПЛУС потрошените киловати од цел месец.
Ама зошто ова да го плаќам по некоја си сосема друга тарифа. Трошам електрична енергија, исто како и во секоја друга ситуација, кога ќе приклучам некој потрошувач (мислам на уред, не на домаќинство), само што во овој случај, тој потрошувач троши, на пример 5KW на час, и еве, да приклучам уште некој друг кој троши исто така 5KW на час, значи вкупно 10KW на час, треба да си платам по регуларна цена. Ако ги пуштам и двата по 15 минути само еднаш во текот на месецот, за време на скапа тарифа, треба да платам:
(15/60)*5.59*10 = 0.25*5.59*10 = 13.975 ~= 14 денари
Ама не, јас за тие 15 минути ќе платам 7000 и кусур денари паушал
. Зошто, ај објасни те молам.
И како тоа броилото не може да мери максимум, ама може да измери ако трошам 10KW во текот на 15 минути
. Ај, ке разберам да не може да измери ако повлечам 15, 20, 30KW во текот на милисекунда, ОК, тоа ќе го разберам, ама како тоа не може да измери ако континуирано трошам определено повисоко количество на електрична енергија во текот на 15 минути
.
И уште еднаш, кое од овие две е точно.
Инаку ангажирана моќност е максималната моќност која потрошувачот ја повлекол од мрежата во текот на еден месец.
33,3% ангажирана моќност е одржување на системот ЕЛЕМ +МЕПСО + ЕВН но со различен процент.