Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 01:03:28
-
Ова е светломерче кое логира колку било светлото преку денот, дали имало сонце или не...и запишува во EEPROM и потоа податоците се читаат преку сериски порт (се закачува уредчето на сериски порт) Ова исто така нема шема (многу лоша навика) ама за да не ми го копираат дизајнот малку претерав со врските на плочата (видете ги сликите) :D :D
(https://s20.postimg.cc/lx0ygj6al/image_01.jpg)
(https://s20.postimg.cc/599ge1j8t/image_02.jpg)
-
друже те молам отвори нова тема за како се прават такви плочки...со многу дупчиња што се...дека јас незнам да ги правам така сите со калај...и сигурен сум дека има луѓе што незнаат исто така да прават такви плочки...
-
плочите се купуват готови
перформирани ги викаат
-
За техниката на поврзување на точките со калај (не е едноставно) ќе мора да снимам и да ставам на јутуб, иначе ништо од туторијалот :)
-
ако де...само да не научиш нешто нас....и глеј на македонски да е...
-
Леле како се мачев јас со таа мрежата од лед диоди, исто вака со издупчена плочка. Никако не можев да ги спојам едно со едно, или пак стави му повеќе калај па се одоколу се залепило... xD
-
Има „финта“ како и секогаш, ќе пробам да снимам и да објаснам после со малку текст во што е штосот. Иначе вака може човек да си направи релативно добра плочка за 15-20 минути, единствен проблем е само големиот трошок на калај и тоа што освен само за 1 уред, ако правите сериски плочки ова не ви брка работа.
-
Кога ќе можиш тогаш, чекаме ние... :)
-
баш ме инересира на кој начин ај лемиш
-
Од овие 2 слики може лесно шема да се направи :))))
-
Не им ставаше жици, па над и околу нив нив калај или само калај? Воопшто немаш споеви, се гледа дека си искусен, браво!
-
Не се перформирани ,ами перфорирани плочи или растер -плочи поточно.
-
е ајде исто ти е тоа :)
една буква кај била кај небила
-
Многу да пазите бидејќи некои кинески растер плочи не се стандардни (како и обично или на кинезот не му чини машината или ги прави во инчи (mils)) и долги интегрирани кола (како на пример PIC16F876) воопшто неможат да влезат бидејќи дупките при крајот не одговараат!!!
-
Стварно, ја сум начекал таква, ене ја уште ми стои за украс... >:(
-
Може шемата да ја прикажете ??? ве молам 8)