Author Topic: Ми треба помош за реле во плински систем  (Read 897 times)

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Дечки ми треба помош за едно чудо што изгледа е реленце. Се наоѓа во прекидачот за плин на колата и приметив дека многу грее кога го отворив баш ова реле е многу жешко. Дали е тоа нормално?
Иначе компонентата носи ознака HFKA 012-1ZSPT 555. Според тоа што најдов на интернет тоа е ова:
Code: [Select]
http://senrise.en.b2b168.com/shop/supply/4074932.htmlДали може да се најде ова кај нас или па кажете ми некоја солуција...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Нормално е да грее.Ама,ако не се фаќа со рака ,тоа е проблем! Мери дали е постојано под напон и  колкав е напонот.Може во серија да ставиш некој отпорник,само треба да пробаш со експеримент колкава вредност треба да биде ,а релето * да држи*.Ова сепак направи го со консултација со поискусен електроничар или авто-електричар!

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Не е константно под напон се вклучува само кога колата префрлува на плин. Низ него мислам дека одат некои си 30 вати(99% сум сигурен за бројкава). Штом е нормално греењето ме интересира колку отприлика може да грее? Дали би направило разлика дали е вклучено 1 час или 3 часа. Односно дали после 3 часа можеби би станало толку топло да неможе да се фати

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не сум имал прилика токму тој твој систем да го видам,ама од некое искуство - треба да грее.Види со каква електроника(електрика!?) е поврзано,ако можеш и електронска (електрична) шема да најдеш - уште подобро! Побарај па ке видиме. Ако работи директно на 12 V и троши 30W,значи отприлика 30: 12 =2,5А влече, што не е за занемарување!!

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Вака на кратко е системот значи тој прекинувач всушност. Има на него селектор за плин или бензин. Кога е ставен на позиција плин кога возилото ке надмине 2000 вртежи го штракнува релето и со тоа го отвара доводниот вентил за плин и колата почнува да си работи на плин.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Знам.знам го имав порано истото... сепак мислам дека иако грее  не е тоа толкав проблем! Проблем е ако контактите зашмелцуваат па застанат само во положба * плин*!! Некои возила тогаш имаат проблем со палењето.Ако се си функционира, не го чепкај.

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Абе работата е имав проблем контактите шмелцувале се топеле се беше за никаде. И имав што да видам под хауба некој мајстор жиците од инсталацијата од плинот не му стигале па ги продужувал на 2-3 места. Општо речено хаос беше искорнав се тоа си залемив убаво си ставив термички црева направив се цакум пакум ко што треба да е. Исто конекторот што доаѓа до прекидачот беше растопен(и тоа баш на тој контакт кој служи за отворање на вентилот за плин), најдов конектор го заменив. И сега приметив дека и релето си грее(меѓутоа незнам дали пред тоа греело). Ова се го напраив дека татко ми имаше проблем на пат му гасела на плин и кога го пипнал конекторот се изгорел(значи до толку била работава). И сеа не сум сигурен дали со тоа што ја средив инсталацијата и конекторите го решив проблемот, па мислев ако не и релето да го заменам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако е така,најдобро е ,за да бидеш сигурен - замени го релето,ама види и дали водовите имаат доволен пресек за да го издржат протокот на струја!

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Дел од каблите беа оргиналните тие што јас ги заменив ги ставив со истиот пресек како што си беа оргиналните од фабричкиот сноп(што си доаѓа со плинскиот систем). За релето кажи ми не најдов карактеристики на интернет. Што да барам за замена?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не знам оид каде си,ама оди до сервис на плинска опрема и таму сигурно имаат такво или слично реле.