Author Topic: Далечинско за централна брава  (Read 2841 times)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Далечинско за централна брава
« Opened on 29.10.2010, Friday, 09:13:38 »
Прво, незнам каде отиде темата со монтажа на централната брава, сакав да се надоврзам на неа, ама ОК.
Значи, таму Борче објаснуваше како се поврзува приемникот, па сакам да прашам колку канални се обично далечинските и каков излез имаат - дали импулси даваат или on/off и сл.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Најчесто имаат 3 канали отвори затвори врати и контрола за гепек и еден канал за жмигавци тоа се 4 канили од кој каналот за шмигавци не се контролира преку далечинско.
Во централата има 4 релиња кој ги даваат овие контроли 3 те релиња за контола на врати и гепек се местат колку секунди да бидат вклучени а четвртото реле што е за жмигавчи дава ралични импулси на отварање затварање на отварање еднаш ке трепнат жмигавците а на затварање трепкаат два пати

Прво +реп за одговорот..

ОК. Значи тоа приемникот што се продава со даљинското во комплет е уствари централата, а дирекно на него се приклучуваат електромагнетите и жмигавците, ако добро разбрав... Од ова следи дека излезот од приемникот не можам да го користам за што сакам, (односно можам ама треба да правам модификации), и самиот излез е специфичен само за оваа намена.

Пошто мене ми треба даљинското за друга намена па си мислев дали може, на пример, колку време го држам притиснато копчето толку време да биде вклучено, на пример релето во приемникот?
Life is too short to remove USB safely ..

Offline DRAMAN

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 73
Одг: Далечинско за централна брава
« Reply #3 on 30.10.2010, Saturday, 00:01:27 (Edited 30.10.2010, Saturday, 00:03:31) »
@МаркоМК, постојат повеќе видови централи а соодветно на нив и повеќе видови на импулси кои истите ги даваат. Најчесто се продаваат оние кои даваат по неколку секунди електричен импулс а и тој може да се комбинира дали ќе биде  + или - зависно дали ќе ја монтираш централата на фабричко централно или на централно кое ти си го монтирал. Е сега има и поскапи централи кои имаат опција за заклучуваат и централно кое работи на компресор за воздух сто е случај кај постарите мерцедеси или да затвораат и прозори откога ќе ги заклучат вратите. Кај тие централи сигналот трае и 20-30 секунди. Излезот од централиве можеш да го користиш и за други намени доколку уредите работаат на 12волти или да ги комбинираш со релиња па да употребуваш и други напони.
Инаку што планираш да вклучуваш и во каков режим па можеби ќе помогнеме некако?

Споено мислење: 30.10.2010, Saturday, 00:03:31
Погоре објаснував за приемник заедно со модулот за контрола на моторите.

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Централните кој се продаваат немаат за автоматско затварање на прозорци а фабричките си имаат посебна електроника за затварање на прозори и на било кое централно може прозорите да се направат да се затвораат автоматски се продаваат посебни модули или пак може да се направат со тајмер или пак електроника која ке мери струја низ моторт на пример ако моторот кога го подига стаклото влече струја од 5А кога ке го затвори стаклото ке почне да се напиња моторот и во тој момент влече повеке струја и електрониката ке забележи дека моторот влече повеке струја и ке го исклучи ако сакаш централното  да го искористиш за друга намена и ти треба поголем импулс можеш да си направиш тајмер кој ке го штимаш колку сакаш да ти биде импулсот

За мерцедесите што се со пумпа ако се расипе централното или клучот и не се исплати да се поправи може да се употреби најобично централно за пумпата да ги затвори или отвори вратите од автомобилот доволни се 3-5 секунди пумпата да работи

Offline DRAMAN

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 73
Quote
За мерцедесите што се со пумпа ако се расипе централното или клучот и не се исплати да се поправи може да се употреби најобично централно за пумпата да ги затвори или отвори вратите од автомобилот доволни се 3-5 секунди пумпата да работи

Во право си Гоце, за тие 20-30 секунди се помешав со затворање прозори.

Quote
Пошто мене ми треба даљинското за друга намена па си мислев дали може, на пример, колку време го држам притиснато копчето толку време да биде вклучено, на пример релето во приемникот?

Марко, можеби наједноставна варијанта ти е да купиш евтин аларм па да ја искорисиш Panic функцијата со тоа што стискаш копче проработува излезот за жмигавци, стискаш копче престанува да работи излезот за жмигавци

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Фала за одговорите +реп имате  :) :)

Инаку имам една идеја сега незнам колку ќе може да ја реализирам ...
сакам да ја палам колата преку даљинско  ;D

Имам Југо, па сакам сега кога ќе почне да заладува на сабајле, да излезам на прозор да ја запалам и да загрее малце, па после да возам.
Значи ми требаат 2 команди: едната е контакт која ке треба да биде бистабилна и едната е верглање - е оваа команда сакам да трае колку јас ќе држам на копчето...
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
јас имам друга идеа
покрај бравата за клучот да се стават и 2 релиња, едно за контакт друго за верглање прво даваш контакт па верглаш

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Јас на моето југо имав направена електроника со pic кога ке ја отклучев колата со далечинското автоматски си пали контакт од кога ке се запали контакт се активира саух со степ мотор и сама вергла се дур не запали од кога ке запали електрониката контролира број на вртежи околу 1000 додека  моторот да направи температура од 80 степени кога ке ја постигне температурата го исклучува саухот исто така од кога ке стартуваше моторот за едно 20 секунди палеше светла целава електроника ја монтирав на друго југо бидејки човекот плати доста добро сеа си палам на клуч :) во план сум да ја направам истава електроника и со некој проширувања сакам да има и автоматика за брисачи кој ке се палат сами за време на дожд и некој други контроли

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON

you cant be serious....ти тоа што си го направил е авион бе, не југо...алал да ти е за тоа...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Уште ESP да му ставеше...  ;D Стварно браво за сработеното...  :)

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Електрониката не е многу сложена за саухот се користи еден степ мотор кој се монтира на карбуратор и два прекинувачи за крајни положби на моторот еден сензот кој ја мери температурта на мотор како сензор за мерење на температура го искористив ds1820 од како ке се вклучи контактот се активира саухот и почнува да вергла како PIC от знае дека е запален моторот мери број на вртежи кога вергла моторот се прават негде околу 50 до 100 вртежи кога ке надмине 200 до 300 втртежи моторот е стартуван и електрониката го исклучува алансерот потоа си го подесува саухот од зависност на температурата

Ее вакво нешто ми треба на мене  :)

Само што јас мислев малце попросто да го направам, ти стварно си го направил „авион“.

Со ова твојава електроника, не треба ни даљинско да правиш. Може на тајмер секое сабајле во одредено време да ти се запали и да ти се загрее колата. ;)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Електрониката не е многу сложена за саухот се користи еден степ мотор кој се монтира на карбуратор и два прекинувачи за крајни положби на моторот еден сензот кој ја мери температурта на мотор како сензор за мерење на температура го искористив ds1820 од како ке се вклучи контактот се активира саухот и почнува да вергла како PIC от знае дека е запален моторот мери број на вртежи кога вергла моторот се прават негде околу 50 до 100 вртежи кога ке надмине 200 до 300 втртежи моторот е стартуван и електрониката го исклучува алансерот потоа си го подесува саухот од зависност на температурата
А како се ограничува тоа за сензорот за да кога ќе дојде на одредена температура да се исклучи нешто?На пример некое реле,дали имаш примери за такво нешто??

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Малце офф топик.. Да не има некој шема на електрична инсталација за Југо ??? На интернет не можам да најдам.. А југото не го земав ново, така да немаше со него  ;D
Life is too short to remove USB safely ..