Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: bicikle on 01.01.2011, Saturday, 20:01:32

Title: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 01.01.2011, Saturday, 20:01:32
Имам опел корса б од 94. Ми го загинаа клучот, ама срека бравите се расклатени па се отвара со штрафцигер. Е арно ама кодот не ми дозволува правилна работа на електрониката, т.е. не можам да ја запалам. Да не знае некој дали  може да се направи нешто?
Благодарам.
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: Devil on 01.01.2011, Saturday, 20:06:54
дали може да се чипова ?
ако може би требало да можи да ја средат
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 01.01.2011, Saturday, 20:41:55
Епа во клучот има чип. ако мсилеше на тоа?

Споено мислење: 01.01.2011, Saturday, 20:44:51
има неколку жици на кои е поврзан код-читачот со некои се гаси сијалицата што сигланизира погрешен//нема код, ама па не пали....
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: sini6a on 01.01.2011, Saturday, 21:14:55
Имаше едно апаратче напред кај моторот се ваѓаше. Види потражи по електрониката ќе најдеш. И мене исто ми се зезна. Поздрав
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 01.01.2011, Saturday, 21:47:39
На корса ти се зезан или...? отприлика кај да го бара тоа апаратчето ?
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: sini6a on 01.01.2011, Saturday, 23:35:11
На фиат пунто, беше лоцирано доле кај што седат релињата, и електрониката, и ка за беља на пат ме снајде :)
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 01.01.2011, Saturday, 23:50:13
е ама овде поинаку изгледа е, ништо не се менува кога ке го извадиш... :(
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: Devil on 02.01.2011, Sunday, 12:43:24
види бе дали конектор за OBD ако има однеси го кај некој сервисер да уклучи на компјутер, ќе го изгибаат софтверски и би требало да се среди :)
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 02.01.2011, Sunday, 12:49:03
A каков е тој конектор кај се наоѓа .. ? околу бравата имат едно црно кутивче во него влага конектор, во кутивчето имат некој една полочка со чипој и уште 500 глупости, и на неа поврзан е калем.
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: Devil on 02.01.2011, Sunday, 12:53:20
негде 10-15 пина има незнам колку се точно
и не би требало да има ништо поврзано на него
може да биде напред кај осигурачите може на некое друго место да е
дали фабрички колата имаа кодирана брава ?
или некој накнадно ја има поставено
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: Bojan on 02.01.2011, Sunday, 13:28:14
а да си го побараше клучот подобро???
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 02.01.2011, Sunday, 13:46:05
 ми го загина а не го загинаф јас :-[ инаку цела куќа ја пребараф  ??? ??? ???
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: batka on 02.01.2011, Sunday, 17:18:56
Оди во Ск  во овластениот сервис (кај базенот беше порано) за ОПЕЛ и од нив нарачај нов клуч.Ако мајстори те закачат три пати ке го преплатиш клучот! ;D Иначе шема за ОДБ 2 има,мислам имам и некои кодови за ОПЕЛ,ама ке се намачиш многу.
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 02.01.2011, Sunday, 20:11:02
велиш по мајстори да не одам ? само во сервис?
пууу ја реков може некако со премостување ама тешко... ги пробав сите варијанит ама не сака...
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: Bojan on 02.01.2011, Sunday, 20:50:43
а 100% ли е твоја колата??? не ме сваќај погрешно, ама да си прашам јас :D
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 02.01.2011, Sunday, 21:21:04
моја е,ти кажав се изгуби единствениот клуч  :(

Споено мислење: 02.01.2011, Sunday, 21:24:12
негде 10-15 пина има незнам колку се точно
и не би требало да има ништо поврзано на него
може да биде напред кај осигурачите може на некое друго место да е
дали фабрички колата имаа кодирана брава ?
или некој накнадно ја има поставено


Фабрички е кодирана!
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: batka on 02.01.2011, Sunday, 21:26:11
Ако имаш документација лесно е.Види кај бравата мора да има некоја налепница ,метална плочка или сл. на која е напишан кодот на бравата.Тој код Германците го имаат дадено и во она книжурина што оди со колата.Спрема тој код може да се изработи клуч.Во најлош случај извади ја бравата и однеси ја во Ск во Трговски,во подрум има овластен клучар,кој изработува клучеви со код.
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 02.01.2011, Sunday, 23:34:17
E книжулињата ги фрлиф сите... кој се надеваше дека ке ми загинат клуч... а иначе на бравата и на  тоа кутивчето кај што  е електрониката за кодот немат ништо ознака, али лесно се вади пе ќе видам утре во гтц кај тој во подрумот.  Да не знаеш што пари  е отприлика ?
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: GigaWatt on 03.01.2011, Monday, 14:29:04
E книжулињата ги фрлиф сите... кој се надеваше дека ке ми загинат клуч... а иначе на бравата и на  тоа кутивчето кај што  е електрониката за кодот немат ништо ознака, али лесно се вади пе ќе видам утре во гтц кај тој во подрумот.  Да не знаеш што пари  е отприлика ?

Па не би требало да биде евтино, 800, 900 денари, а можеби и повеќе (за еден клуч, барем според моја претпоставка), дека и мене за еден од новите цилиндри што се продаваат (обични, за на врата, ги викаат кодирани, ама навистина не гледам што е разликата, скоро исти се со старите, само што дупчињата им се од старана, како на колите) ми побараа околу 600 денари за еден клуч за да ми направат копија... се фатив за глава и си купив нов цилиндар, од обичните, не планирам секој пат кога ќе ми притреба нов клуч да фрлам по 600 денари за копија на клучот, иако овие новиве цилиндри се доста поевтини од старите (старите се околу 600 денари, а новиве околу 300 или 350).
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: LordZi on 03.01.2011, Monday, 15:44:57
E книжулињата ги фрлиф сите... кој се надеваше дека ке ми загинат клуч... а иначе на бравата и на  тоа кутивчето кај што  е електрониката за кодот немат ништо ознака, али лесно се вади пе ќе видам утре во гтц кај тој во подрумот.  Да не знаеш што пари  е отприлика ?

Нејќам да те разочарувам, ама очекувај неколку илјадарки...
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 03.01.2011, Monday, 19:07:52
ех срека го најдов пинот од електрониката, па зашпартав 20 еура иначе сосе шлепање ме фато 50 евра. Али добро некој си мајсори бараа 110
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: Gestak on 03.01.2011, Monday, 19:34:43
Нај убаво е со OBD 2 или ОBD ii  би требало од таа година да има конектор таков не се наоша кај моторот него во масаката е семстен негде или под воланот,кај мењаќот,кај рачката за хаубата и кај фиоката-рафтот пред совозачот тука негде треба да биде.
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: bicikle on 03.01.2011, Monday, 19:49:14
kaj осигурачите. Арно ама обд конектор, чипче магнетизер(програматор) за чипот.. башка софтвери,... пак истите пари (50 еу се на се)
Title: Одг: Помош околку кодирана брава
Post by: GigaWatt on 03.01.2011, Monday, 20:11:54
kaj осигурачите. Арно ама обд конектор, чипче магнетизер(програматор) за чипот.. башка софтвери,... пак истите пари (50 еу се на се)

Епа, тоа е тоа, освен ако не сакаш да лемиш директно на плочката, мораш да купиш таков конетор, а за електрониката, мислам дека некој спомна дека има еквиваленти за тие шеми, дури мислам дека и линкови имаше за еквивалентите на шемите за електрониката за конекторот ;).