Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: at.koce on 30.07.2013, Tuesday, 08:21:44
-
Деновиве се зборуваше по вестите дека скопскиот „бувљак“ лоциран под Кале повеќе не постои поради тоа што полицијата ги избркала продавачите и местото се расчистува (најверојатно ќе се гради нешто). Дали е ова вистина или се само шпекулации? Јас скоро 2 недели не бев натака па да не ми биде џабе патот, што мислите вие ???
-
Татко ми викаше дека се избркани, он бесе пред една недела недела ипол одприлика и кажа дека ги нема, денеска едни другарчиња отидоа па они ќе кажат дали постои уште. Иначе избркани се мислам дека поради дискотеката што е :)
-
Преместени се подоле, кај малите полигончиња, ама нема толку продавачи како порано...
-
Иначе избркани се мислам дека поради дискотеката што е :)
Кај има таму дискотека? Има во паркот, ама тоа е од другата страна на Вардар. Освен тоа, бувљакот работи преку ден, нема зошто да пречи на работата на една дискотека која работи ноќе.
-
„Секотор 909“ е таму, ама нема зошто да ги бркаат ради дискотеката, на нив не им пречат сигурно.
-
Бидејќи дефинитивно се избркани од полигонот, во петокот продавачите беа наредени на тротоарот од главната улица, ама полицијата ги остави само тој ден бидејќи беше празник, веќе нема да им дозволуваат да продаваат таму, така што додека не си најдат некоја нова локација по се изгледа нема веќе да има бувљак...
-
А додека најдат нова локација па додека се расчуе, мислам дека ќе помине подолго време 8)
-
Па ќе видиме, сега ќе пробуваат на разни места, да видат дали ќе ги бркаат, веќе има еден што се постави на тротоарот заедно со дивите пазарџии пред зелен пазар.
-
Несмее да сопре бе овој пазар ;) имам фрлено на цигански повеќе од 10000денари, а тоа све ново да го ккупам сигурно би ме фатило повеќе од 2000 3000евра :D Некој ми викаше ке се префрлале кај автопазазр, ама не е сигурно не се знае.
-
Барем ако ја менуваат локацијата нека го сменат и терминот. ::) На пример среда и сабота не е лошо... Да може и тие што се на работа да отидат на раат :)
Споено мислење: 05.08.2013, Monday, 19:09:35
Да покернеме една петиција ;D ;D ;D
-
Хехе, добра ти е идејата, само што јас работам и во сабота ;D
-
Хехе, добра ти е идејата, само што јас работам и во сабота ;D
Епа ако си во приватна фирма тоа ти е. Да си од "обесправените" ке можеш да конкурираш за државна.
Најдобро да работи во Недела како што беше авто-пазарот. Барем повеќето луѓе ке можат да го посетат пазарот а не како сега вторник и петок во работно време.
-
За кого - како. Ако гледаме од себичната страна, подобро е помалце посетители да има, повеќе избор за себе 8) . Сепак недела е добар термин, секој би можел да го посети пазарот, продавачите би имале поголема заработувачка и би се зголемил бројот на робата најверојатно. Сепак, нека биде кога сака, само нека го има :)
-
епа тоа е точно, и онака стално имаше гужва (бидејки огромна невработеност - е*ате државата) а тек ако е во недела нема да може да се помине.
-
И тие што се вработени, ќе излезат да продадат по некој стар апарат што не им треба или некој дел, да земат некој денар. Гледам на Дискавери има 2-3 емисии поврзани со аукција, интересно би било и кај нас да постои нешто такво :)
-
Во Америка имаат таканаречени flea markets, само што кај нив се изнајмува просторот или евентуално е на државно земјиште и е неофицијално оставен на продавачи за продажба (нешто слично на нашиот Бувљак).
Може да се покрене иницијатива и официјално државата да определи некое земјиште кое ќе биде за оваа намена. Инаку, секогаш вака ќе ги бркаат продавачите и они ќе треба да бараат нови локации, па дур да најдат, па дур да се координираат... поминаа недели, ако не и месеци. Се разбира, ова е веќе во сверите на „научната фантастика“ бидејќи вакво нешто официјално нема да се дозволи, се смета за нелојална конкуренција бидејќи на тие пазари често се продаваат и нови или крадени произоди. Така да, ова нема шанси да се случи.
Пазарџиите се бркаат само во ситуации кога на тие локации требаше нешто да се гради. Ова се случи два пати со Бувљакот. Првиот пат, требаше на локацијата на која беше Бувљакот на Бит пазар да се доградува објект за техничка опрема (онаа зграда што личи на склад, во внатрешноста околу средината има продавнички, а во средината тезги), а вториот пат е сега (мислам дека пак требаше нешто да се гради на таа локација). Секогаш ќе се јавува овој проблем освен ако ова не се регулира законски или со правилник.
Но, од друг аспект пак, државата успеа да ги регулира дивите продавачи на книги, плочи и што уште не, што продаваа на кејот на Вардар. Може на сличен начин да се регулира и ова. Но, доколку се случи ова, сметајте дека цените веќе нема да бидат толку „ниски“ како сега (ни сега не се ниски, барем според мене, а камо ли тогаш). Ќе треба да плаќаат за тезга, простор, ДДВ... така да, што знам... конкретно за купувачите, ова не оди во прилог. Но, од друга страна, веќе никогаш нема да бидат избркани од таа локација (која и да е).
Да бидам искрен, не верувам дека ќе најдат нова локација. Локацијата која ќе ја најдат, треба да биде блиску до центар, да не се користи за ништо друго или евентуално да не се бунат оние кои ја користат и за нешто друго (како што беше случајот со претходнава локација на Бувљакот, авто полигонот), да биде доволно голема и луѓето од претходно да ја знаат како локација за „диви пазарчиња“ од било каков вид (за да не мора да прашуваме „е кај е сега тоа“). На крајот мислам дека ќе се распадне овој пазар. Едни ќе продаваат на едно место, други на друго, а купувачите сигурно нема да „трчаат“ од еден Бувљак на друг и на крајот, ќе се откажат.
Јас и онака одамна се имам откажано од овој пазар, така да мене, не ми е многу гајле ;). Мислам дека цените се превисоки и нереални.
-
Бувљакот се пресели под Американската амбасада
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/kale-1-515x320.jpg)
Откако беа отстранети од просторот под скопското кале, продавачите на дребулии денеска ги поставија своите импровизирани тезги на фреквентната улица Самоилова под Американската амбасада во Скопје сè до француските гробишта, објави Канал 5.
Продавачите најавуваат дека секој вторник и петок ќе продаваат на тоа место додека општината Центар не им даде соодветна локација.
Извор:
http://a1on.mk/wordpress/archives/191927#.UgpCwePE-lo.facebook
-
Се надевам уште е тука, планирам да одам утре :)
-
Се надевам уште е тука, планирам да одам утре :)
Тука е јас денеска бев, нема некои многу интересни работи, ама сепак постои.
-
Ту на ова бувљакот што све немав земено од стари радија до компјутери имаше ;D ;D ;D.Мислам дека уште постои.
-
И јас бев денеска ама немаше речини ништо, а и тоа што го има продавачите летаат со цените и уште се лутат кога се ценкаш. Купив некои ситници само и тоа е тоа.
-
Ни бувљакот не е тоа што беше. 8).Ги дуваат цените.
-
Taмо дефинитивно не е за одење! Попрво да се пазиш да не те тресне некоја кола или да дледаш ѓубре од канта вадено и со високи цени. Од друга страна, иде по полиција и пазарџиите бегаат. Кутија од CD-rom е 150 денари, некаде има и за 100ка. Ако се исценкаш ке ја добиеш може и за 50ка. Порано тие кутии беа по 20-30 денари и ништо више!
-
Да да многу се скапи во последно време, сега зависи и во кое време одиш, ако ги начекаш пред одење ќе ти го даде пошто зашто да не го мкне наредниот пазар пак, ама сепак поскапено е заразлика од претходно :) и за колите си во право :) а за ѓубрето, да тоа е ѓубре ама ете на некого може да му послужи и има многу исправни работи :D
-
Моите биле баш по кутии ги пратив исто и стварно кутиите поскапени.Како што спомна DX-er претходно кутија од ЦД Ром беше до кај 30 денари а сега дигнати цените тродупло.За ѓубре.А да не зборам за тоа што ќе те изгазат коли 8).
-
nsu, зошто наместо Г, пишуваш Ѓ ???
-
Упс некои глупи навики се одвикнав божем и пак. :-[Се извинувам :-[
-
цените многу се качиа одкако се затвори автопазар, тие таму што продаваа отидоа да продаваат на бувљакот и повеќе луѓе има сега одколку порано...
-
nsu, зошто наместо Г, пишуваш Ѓ
Ако мислевте на ѓубре тогаш е во право !http://www.makedonski.info/search/%D1%93%D1%83%D0%B1%D1%80%D0%B5
Ако се мисли на оваа „ ѓ “ http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10015.msg99424#msg99424 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10015.msg99424#msg99424)
Стварно од кај дојдоја тие 0,23мм може да ми кажеш така ли си ѓи претпостави или имаш слушнато некаде.
Е овде не е по правописот !!!
-
Готово поправено.Во иднина ќе пазам за тоа фамозно мое Ѓ.Ова нека биде опомена.Така се бев свикнал ете сите мои постови си ги корегирав до сега.Знам дека ја правам најголемата грешка со тоа Ѓ.Се извинувам. :-[
-
Исто така „бувљак“ не е македонски збор. Би требало да биде „Болвји пазар“ или некои го викаат „ѓубриште“.. Ама изгледа дека пократко е „бувљак“ па затоа се користи тоа име.
-
Да да бувљак е србизам. ;D ;D
-
Одомаќен е веќе терминот, сеа ние да се правиме „паметни“ и да го менуваме ;D... некако не иде ;).
-
Ѓубрепазар ;)
-
Одомаќен е веќе терминот, сеа ние да се правиме „паметни“ и да го менуваме ;D... некако не иде ;).
Во потполност се согласувам со мислењето.. :)
Понекогаш се наоѓаат одлични работи, но тоа е само понекогаш :)
-
Порано имаше и стари радио станици.Се наоѓаа.Сега тешко само ѓубрето е останато. 8)
-
Има многу српски зборови што се "издомакиниле" кај нас за жал. Нашиот јазик е доволно богат со зборови, но ете ние во Скопје и Куманово користиме српски зборови, во другите градови вероватно не или не до толку! Ние сеуште не можеме да се излечиме од менталитетот кој ни го наметнале турците и од турцизмите веќе100 години, а за србизмите ке ни треба уште мнооогу време за да ги исфрлиме од нашиот јазик. Бувљак не знев што значи до пред 1-2 години. Го прашав Гига или ЛордЗИ за тоа што значи во превод на македонски.
-
Секој јазик пати од истите * болести*! Поготово овде на Балканот.Толку се работите измешани ,што веќе многу зборови ни станаа * заеднички*,одомаќинети.А,за Турците,тоа е посебна приказна- само тие биле присутни не 100,ами 500 години! Сепак, по едно истражување ,и тоа од турски лингвист,се кажува дека има многу зборови кои Турците ги превзеле од нас и од другите народи каде тие владееле.Пример,има една песна,чалгија ја изведува,се вика ПЕМБЕ.Ја свират и во Србија,Бугарија ,Македонија,Турција.Секаде и сите викаат - наша е ! Ама вистината е што Македонец ја компонирал во чест на родениот ден на еден турски султан!! Тоа Турците го открија ( а ние донекаде им помогнавме! ;) ;D) Да не ве замарам со историја,ама на ова песна турската војска маршира и врти со пушките,слично како американските војници со оние нивни стари * ремингтон* од прва светска војна.Се е веќе видено на овие простори. 8)
-
Не тоа, викам и после 100 години ние користиме турцизми, иначе да 570 години сме биле поробени од нив. Добро е ако турците користат наши зборови :) за бугарите знам дека користат ;)
-
Друже Dx-er Македонија не била под турско ропство 570 години
Не тоа, викам и после 100 години ние користиме турцизми, иначе да 570 години сме биле поробени од нив. Добро е ако турците користат наши зборови за бугарите знам дека користат
туку помалце 522 години некој викаат некој викаат 517 години.Нели битката на косово поле била 1389 а битката на марица била 1371 а турците биле протерани од балканот 1912 со првата балканска војна.Пресметај од 1371 до 1912 тоа се 541 година.Немојте да се љутите ова е форум за електроника не за историја но видов години а кога ќе видам некој да греши години одма го поправам навика.Се шалам ;D ;D ;D ;D ;D
-
нема лутење, но јас така имам учено по историја ;) Порано учевме за Тодор Александров дека бил нај лошиот човек кој работел против Македонија, и ги убивал нашите дејци и херои (знаеме сите за кои зборам), сега пак истиот тој има споменик на првомајска во Скопје. Од непожелна личност стана
непожелна личност. Арно викаше еден познаник, на историчарите и на гатачите за ништо не им верувам.
-
Богами и ние учевме дека Тодор Александров е најголемиот олош.А ене му го споменикон на првомајска дреме.Уште на коњ е качен.Незнам више на кој да верувам.Но батали историја глеј електроника тоа е иднина.Сега електрониката ќе гради историја,науката ќе гради историја ;D.
-
јас мислам дека неможе да се каже точен број на години колку турците османлии биле на балканот бидејки тие не биле фрлени од авион па да дошле 1371 и си заминале 1912 туку тој процес траел подолг период затоа мислам дека најдобро е да се каже повеке од 5 века. ;D инаку да некои сметат дека тодор александор придонел многу за тогашната организација вмро, а некои сметаат дека бил бугарофил.кој што навидум и помагал на организацијата, ама и тоа не можеме да го знаеме со сигурност, иако и јас се сложувам со тоа дека тој бил еден од лугето кој што работел контра интересите на вмро.
-
и од тоа дали работи бувљакот стигнавме до историја... ;D
-
Од бувљак до историјата има разлика ;D ;D ;D ;D ;D ;D
-
Инаку ако планирате да одите на бувљак одете без кола или паркирај те ја некаде подалеку :) :)
Пајакот работи:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/DSC_0108.jpg)