Author Topic: Нарачка на делови и предмети од интернет  (Read 199359 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Тебе може тоа ти поминало иако толку чинело бидејки на кутијата во која било спакувано и до кога е пратено кај што пишува сигурно тој што го пратил има назначено дека е gift внатре и дека не чини поише од 6 долари. Кај мене на сите прати тоа го пишуваше.

Да, пишуваше "Total value: $10". Изгледа во право си ;). Кај "Item type" не беше штиклирано "Gift", туку беше штиклирано "Other". Е под тоа other, не знам што подразбираат и дали се наплаќа царина за тоа :D.

Иначе државава како што ни е некој ден ке неможеме ни пенкалце да увеземе од странство  :)

Па така ќе му дојде работава ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #346 on 15.04.2013, Monday, 03:59:35 (Edited 15.04.2013, Monday, 13:54:09) »
Вака, значи во службен весник број 117/2005 (четврток, 29 декември, 2005 година) е донесена „Уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“. Во оваа уредба, глава 4, член 9 (на страна 4 од службениот весник), го пишува следното:

Во член 194, точка 3 од царинскиот закон (страна 26), го пишува следното:

Quote
Од плаќање увозни давачки се ослободуваат:

...

3) државјани на Република Македонија и странски државјани за предмети од некомерцијална природа со мала вредност кои повремено се примаат од странство;

...

Во службен весник број 88/2007 (петок, 13 јули, 2007 година), е донесена „Уредба за дополнување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“ (знам, комплицирано е, but bare with me) во која не се спомнуваништо за ослободување од давачки на стока испратена од странство наменета за физички лица. Значи, од апсект на ослободување на стока која доаѓа од странство наменета за физички лица, уредбата останува непроменета.

Во службен весник број 64/2008 (четврток, 22 мај, 2008 година) е донесена „Уредба за изменување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“ (разликите меѓу уредбите се bold-ирани), при што се направени следните измени:

Но, оваа измена се однесува на овој член:

Од овде следува дека оваа промена не е од интерес за конкретната проблематика.

Во службен весник број 28/2010 (петок, 26 февруари, 2010 година) има уште една „Уредба за изменување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“, но промените во оваа уредба повторно се однесуваат на член 7, став 1 од првобитната уредба, при што е наведено дека зборовите „175 евра“ се менуваат со „350 евра“. Повторно, ова не е од интерес за конкретнава проблематика.

Во службен весник број 38/2012 (петок, 21 март, 2012 година) е донесена уште една „Уредба за изменување и дополнување на уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“. Притоа, измените се однесуваат на некои граматичко-правни корекции (ништо сериозно), а дополнувањето се однесува за ослободување од царина на спортска опрема и реквизити на спортските федерации... повторно, ништо од интерес за конкретната проблематика.

Последната промена на првичната уредба што е издадена во службен весник број 170/2012 (петок, 28 декември, 2012 година) во кој има промени во насловот на глава 4 и во членот 9 (членот релевантен за конкретната проблематика), при што насловот на глава 4 и членот 9, од формата во која се напишани (прва слика од post-ов), преминуваат во следната форма:

Quote
Член 1

Во Уредбата за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 117/05, 88/07, 64/08, 28/10 и 38/12) насловот на Глава 4 се менува и гласи: „Предмети со мала вредност испратени од едно физичко лице на друго“.

Член 2

Членот 9 се менува и гласи:
„(1) Стоката испратена од странство од физичко лице која ја прима физичко лице со живеалиште или одобрен престој во Република Македонија е ослободена од плаќање на увозни давачки во согласност со член 194 став (1) точка 3) од Царинскиот закон, доколку вкупната вредност на пратката не го надминува износот од 45 ЕВРА во денарска противвредност, стоката да е испратена бесплатно и таквиот увоз да е од некомерцијална природа.
(2) Кога вкупната вредност на пратката која се состои од два или повеќе предмети го надминува износот од став (1) на овој член, ослободувањето од плаќање на увозни давачки се одобрува до износот утврден во тој став за предметите кои доколку би биле увезени поединечно би биле ослободени од плаќање на увозни давачки.
(3) Кога вредноста на поединечен предмет го надминува износот од став (1) на овој член неговата вредност не може да се подели заради остварување на правото на ослободување од плаќање на увозни давачки до висината натој износ.“

Член 194, став 1, точка 3 од царинскиот закон е цитирана претходно и само дефинира за кого и за што важат овие царински олеснувања (за државјани на Република Македонија и странски државјани).

Како и да е, понетата е дека дури ни во последнава промена и дополнување на уредбата, никаде не е спомнато намалување на вкупниот износ од 45 евра на 22 евра. Така да, нема за што да се грижите ;). Сега за сега, сеуште стои дека не треба да се царини ништо со цена до 45 евра ;). Околу тежината... ништо не беше спомнато, така да, не знам колку е точно тоа за „до 1kg тежина не се царини“, можно е да нема лимит на тежината, под услов цената да не надминува 45 евра.

Еве линк за download на сите службени весници од кои ги извадив информациите, како и царинскиот закон.

download links:

Code: [Select]
https://www.box.com/s/69foy06gp3q14xlcnrja
Code: [Select]
https://www.megacloud.com/s/b6BrLFJW1JO/Carinski_Zakon_Sluzbeni_Vesnici.rar
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Почитувани,

се Ок освем последното, пред некое време се изгласа закон каде се над 22E пратено по пошта ќе се царини оти тапа ни е царинава!

Делумно е вистина, во право сте.

И јас имав забуна до пред извесно време..... па ќе се обидам да објаснам.

Кога нешто ќе порачаме и ни преистигне на "царина" се плаќаат две ставки/основи: ЦАРИНА и ДАНОК.

Тоа се две одделни работи. Процентите се различни. Граничните услови за ослободување се различни.

Последно е променет Законот за ДАНОК при Увоз. Процентот што се плаќа за ДАНОК обично е 10%, и сега со законот од декември 2012, ослободени се од данок само вредности помали од 22 EUR.

Законот за ЦАРИНА при Увоз, кој обично е 18% или 5%, мислам дека останува ист, ослободени сме од царина при вредност помала од 45 EUR.

Оваа промена на законот донесен декември 2012, почна да се применува тек во февруари 2013, и тоа во зависност кој цариник ќе ти се падни.....

Значи сега имаме три ситуации:
- ако вредноста е помала од 22 EUR, целосно сме ослободени, не се плаќа ниту данок ниту царина;
- ако вредноста е 22 EUR < вредност < 45 EUR, ослободени сме САМО од царина, но се плаќа данок од 10%:
- ако вредноста е поголема од 45 EUR, се плаќа и данок и царина. Царина 5% или 18%. Данок 10%. И тоа све мислам кумулативно (процент над процент).

Дополнителни зафрканци се:

- ако во пратката има вредност за поштенски трошоци (ако поштенски трошоци ги сносиме ние купивачите) и на НИВ се пресметува данок/царина ако се надминати вредностите за ослободување;

- ако се надмине вредноста од 45 EUR, се смета како да е увоз кон физичко лице, и мора постапката да се иведе преку шпедитер, кој за папирологија зема околу 3500 MKD (~60EUR), без разлика колку малку е порачаната вредност. Не сум сигурен дали и за вредности помеѓу 22 и 45 EUR, се покренува шпедитер, ама мислам дека ДА.

Заклучок:

Или треба да порачуваме роба, која вкупна вредност (заедно со поштенски трошоци) ќе биде помала од 22EUR, за да сме целосно ослободени.

Или да се собираме и групираме, да порачуваме заедно (вредноста ќе надмине 45 EUR), да си платиме царина и данок, но барем онаа вредност за шпедитерски трошоци (3500 MKD ~60 EUR) да си ја поделиме.

Поздрав,
mkfe.

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
За роба од 45 евра не е потребна шпедиција.За роба над 800 евра се потребни шпедитерски услуги.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #349 on 15.04.2013, Monday, 13:51:58 (Edited 15.04.2013, Monday, 16:52:04) »
Последно е променет Законот за ДАНОК при Увоз. Процентот што се плаќа за ДАНОК обично е 10%, и сега со законот од декември 2012, ослободени се од данок само вредности помали од 22 EUR.

Тоа никаде не го пишува! Баш цитирав делови од промените во уредбата за царинење и сите нејзини промени кои се однесуваат на примање на пратки од физички лица до крајот на 2012. Такво нешто никаде не е наведено. Баш напротив вредноста е непроменета, 45 ЕВРА. Дури и подвлеков што е променето и додадено.

Оваа промена на законот донесен декември 2012, почна да се применува тек во февруари 2013, и тоа во зависност кој цариник ќе ти се падни.....

Цитирај каде ја има оваа промена на уредбата за ослободување од царина. Јас ги прочитав сите промени до крајот на 2012, нема таква промена.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #350 on 15.04.2013, Monday, 16:02:50 (Edited 15.04.2013, Monday, 16:52:16) »
За роба од 45 евра не е потребна шпедиција.За роба над 800 евра се потребни шпедитерски услуги.

Колега имаше порачано Raspberry PI, со пластична опаковка..... заедно со поштенски трошоци за DHL, вредноста беше помеѓу 22 и 45 EUR.

Од DHL службата му објаснија дека мора да се направат шпедитерски ислуги за увоз од правно на физичко лице, и можеше да бира да си најде свој шпедитер, или да користи шпедитер од DHL (т.е. тие да му завршат работа и да си плати кон нив). Плус, требаше да плати лежарина од еден ден  :) , и му изнесуваше околу 1000 MKD.

Веројатно работите многу зависат од цариникот...... зависи како ќе ти се падне. Ова претходното ми е еден реален пример.

Споено мислење: [time]15 Април 2013, 15:10:32[/time]
Последно е променет Законот за ДАНОК при Увоз. Процентот што се плаќа за ДАНОК обично е 10%, и сега со законот од декември 2012, ослободени се од данок само вредности помали од 22 EUR.

Тоа никаде не го пишува! Баш цитирав делови од промените во уредбата за царинење и сите нејзини промени кои се однесуваат на примање на пратки од физички лица до крајот на 2012. Такво нешто никаде не е наведено. Баш напротив вредноста е непроменета, 45 ЕВРА. Дури и подвлеков што е променето и додадено.

Оваа промена на законот донесен декември 2012, почна да се применува тек во февруари 2013, и тоа во зависност кој цариник ќе ти се падни.....

Цитирај каде ја има оваа промена на уредбата за ослободување од царина. Јас ги прочитав сите промени до крајот на 2012, нема таква промена.

Да, во право си. Тоа што го цитираш е законот за Царина.

И јас имав погрешна предствава.

Значи станува збор за ДВА различни закони (а јас бев во заблуда дека е еден закон). Едниот се однесува што/како/кога се царини при увоз.... а Другиот закон се однсеува што/како/кога се даночи при увоз. Башка има разлики дали се увозува од правно на правно лице, или од правно на физичко лице.....

Истото и јас го барав, и го најдов законот за данок.

Ќе се потрудам да го најдам пак законот за даночење при увоз. Излезен е во друг службен весник од овај за царина законот.

Значи, ако примиш роба од 10 000 MKD, ќе се оцарини (18%) и оданочи (10%), или вкупно 10 000 * 1.18 * 1.10 = 12980. На ова треба да се додадат шпедитеркси трошоци кои се фиксни ~3500 MKD, и лежарина од (изгледа минимум) еден ден ~1000 MKD (цената/вредноста на лежарината незнам дали зависи од масата и волуменот на рабата, а претпоставувам дека зависи). Односно вкупно 17480 MKD.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да, во право си. Тоа што го цитираш е законот за Царина.

Не не, убаво пишав што е:

Вака, значи во службен весник број 117/2005 (четврток, 29 декември, 2005 година) е донесена „Уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“.

Значи, ова е уредба, која е нешто како надополнување на царинскиот закон, ова никаде не е наведено во царинскиот закон.

Башка има разлики дали се увозува од правно на правно лице, или од правно на физичко лице.....

Да, во право си, ама овој проблем може лесно да се реши (барем со Кинезите), може да замолиш кога ќе ти ја пратат пратката, да ти ја пратат како од физичко лице. Овен тоа, барем кога се купува од ebay и продавачот е од Кина, најчесто не ни пишуваат фирма (правно лице) на пратката, само има напишано до каде се праќа, вредност и дали е подарок (Gift) или не (многу често е штиклирано токму ова, дека станува збор за Gift), така да, нема проблем.

Да, ама нарачките за кои дискутираме имаат прилично ниска цена (далеку помала од 10.000 денари). Во принцип, јас барем, поскапа работа од 40 долари, немам нарачно online.

Како и да е, муабетот беше околу оние 45 евра, дали е нешто променето или не (дали е намалена или зголемена оваа сума). Убаво е наведено во уредбите (и нивните промени и дополнувања) дека ова важи само во ситуација кога се праќа од физичко лице на физичко лице, какви што се и 90% од пратките од ebay (па и од други сајтови). Дури и да е сменет правилникот за максимална цена на пратка за даночење, тоа важи само за пратки од правни на правни лица или од правни на физички лица, не важи за пратки од физички на физички лица, а секогаш можеш да се договориш со продавачот да ти ја прати пратката како физичко лице (ова е барем лесно, скоро сите сајтови за online shopping имаат опција за контактирање на продавачот ;)).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
Мислам дека проблемот со оданочување,шпедиции итн... настанува кога продавачот ке ти ја прати пратката преку некоја од брзите пошти.Тие го прават целиот проблем за да добијат додатен профит.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #353 on 15.04.2013, Monday, 17:11:20 (Edited 15.04.2013, Monday, 17:13:01) »
Мислам дека проблемот со оданочување,шпедиции итн... настанува кога продавачот ке ти ја прати пратката преку некоја од брзите пошти.Тие го прават целиот проблем за да добијат додатен профит.

Не мора да значи. Нив многу често им прават проблеми (не дека они сакаат) бидејќи преку брза пошта може скоро се да пратиш и овие пратки имаат определена зголемена „доза на приватност“, па мислам дека цариниците се само по сомнителни према овие пошти... и да, тоа доведува до подетална проверка, а со тоа и детална проверка на цената на стоката, што колку чини, итн.

Еве, на пример, мене ми се нема случено пратка од брза пошта да не ми биде проверена од царина. Сите пратки до сега ми биле проверени од царина (отворени, па пак залепени), но во околу 50% од случаите, пратките преку обична пошта не ми биле проверени од царина, само имало печат на нив дека се ослободени од царински давачки, ништо повеќе.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Да ми речеше дека по некоја друга пошта ти рекле царина данок и останато да платиш би ме зачудило, но од DHL ништо ново, очекувано е да направат таква глупост, преку федекс до сега сум нарачувал еден куп работи, еднаш само имаше некој сите проблем со адресата, па човекот ми рече да појдам да си го подигнам со лична карта инаку до сега никаков проблем, за разлика од нив, од DHL од 1 нарачка 1 на царина, и тоа со сметка и се останато колку кошта и така натака (се работеше за сума помала од 10$) требаше да платам нешто измеѓу 2900 и 3900 денари.
Поштено се откажав од пакетот им реков да си го задржат.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
Златна обична пошта :))) најретко царина на неа...на све друго...одма без размислување.

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Да, во право си. Тоа што го цитираш е законот за Царина.

Не не, убаво пишав што е:

Вака, значи во службен весник број 117/2005 (четврток, 29 декември, 2005 година) е донесена „Уредба за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста количината и видот или намената на стоката која може да се ослбоди од плаќање на увозни давачки“.

Значи, ова е уредба, која е нешто како надополнување на царинскиот закон, ова никаде не е наведено во царинскиот закон.

Башка има разлики дали се увозува од правно на правно лице, или од правно на физичко лице.....

Да, во право си, ама овој проблем може лесно да се реши (барем со Кинезите), може да замолиш кога ќе ти ја пратат пратката, да ти ја пратат како од физичко лице. Овен тоа, барем кога се купува од ebay и продавачот е од Кина, најчесто не ни пишуваат фирма (правно лице) на пратката, само има напишано до каде се праќа, вредност и дали е подарок (Gift) или не (многу често е штиклирано токму ова, дека станува збор за Gift), така да, нема проблем.

Значи, ако примиш роба од 10 000 MKD, ќе се оцарини (18%) и оданочи (10%), или вкупно 10 000 * 1.18 * 1.10 = 12980. На ова треба да се додадат шпедитеркси трошоци кои се фиксни ~3500 MKD, и лежарина од (изгледа минимум) еден ден ~1000 MKD (цената/вредноста на лежарината незнам дали зависи од масата и волуменот на рабата, а претпоставувам дека зависи). Односно вкупно 17480 MKD.

Да, ама нарачките за кои дискутираме имаат прилично ниска цена (далеку помала од 10.000 денари). Во принцип, јас барем, поскапа работа од 40 долари, немам нарачно online.

Како и да е, муабетот беше околу оние 45 евра, дали е нешто променето или не (дали е намалена или зголемена оваа сума). Убаво е наведено во уредбите (и нивните промени и дополнувања) дека ова важи само во ситуација кога се праќа од физичко лице на физичко лице, какви што се и 90% од пратките од ebay (па и од други сајтови). Дури и да е сменет правилникот за максимална цена на пратка за даночење, тоа важи само за пратки од правни на правни лица или од правни на физички лица, не важи за пратки од физички на физички лица, а секогаш можеш да се договориш со продавачот да ти ја прати пратката како физичко лице (ова е барем лесно, скоро сите сајтови за online shopping имаат опција за контактирање на продавачот ;)).

Законот за Данокот на додадена вредност е променет во:

Службен весник бр 155, од 10 декември 2012, страна 2:

Закон за изменување и дополнување на законот за Данокот на додадена вредност

Член 2 : ...во законот за додадена вредност во Член 27-б се додава нов став 26-а.

Во тој член 27-б се набројуваат условите под кои може да настане ослободување од данок (не од царина). А додадениот став 26-а гласи:

„26-а) пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност. Ослободувањата не се однесуваат на тутун и производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалаци, како и на парфеми и тоалетни води;“

односно дека се ослободува од данок на додадена вредност ако износот на пратката не е поголем од 22 EUR, ама не се ослободува и да е помала вредноста ако е тутун, алкохол, ....

Code: [Select]
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/4055A6C9AAC63D4B830B98E7FE80FEDC.pdf
Code: [Select]
http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0019/Zakon_za_danokot_na_dodadena_vrednost_Sl.vesnik_na_RM_br.155-2012__10.12.2012.pdf
Повторно нагласувам, ова е различен закон од законот за Царина.

Инаку, не сум правник, и незнам дали терминот "увозни давачки" (делови кои ги цитираш), ги опфаќа двете работи при увоз: царина & данок на додадена вредност.

Меѓутоа знам дека во правото важи последното.....донесено.

P.S.
Примерот што го дадов не мора да биде за вредност од 10000 MKD. Било која вредност поголема од 45 EUR (~2770 MKD).

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Денеска еден пријател од FedEx ми ја потврди информацијата дека е дозволено само 22 евра, и рече дека моментално полна била царината ништо не дозволувале да поминува. Тој ме советуваше доколку купувам нешто да се договорам со продавачот да ми го пратат преку ЕМС, преку нив било дозволено 300 евра ;)

Значи ова не се однесува само на правни лица (кога правно лице праќа на физичко лице или правно лице на правно лице), туку се однесува и во ситуација кога физичко лице праќа на физичко лице? Никаде во измената не пишува за какви лица станува збор. Ова е многу збунувачки. Примач... примач може да биде и физичко и правно лице, тоа сака да каже?

Која е таа пошта EMC? И дали е EMC на латиница или на кирилица напишано?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline mkfe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 151
Re: Нарачка на делови и предмети од интернет
« Reply #359 on 16.04.2013, Tuesday, 09:31:18 (Edited 16.04.2013, Tuesday, 09:44:59) »
Законот за Данокот на додадена вредност е променет во:

Службен весник бр 155, од 10 декември 2012, страна 2:

Закон за изменување и дополнување на законот за Данокот на додадена вредност

Член 2 : ...во законот за додадена вредност во Член 27-б се додава нов став 26-а.

Во тој член 27-б се набројуваат условите под кои може да настане ослободување од данок (не од царина). А додадениот став 26-а гласи:

„26-а) пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност. Ослободувањата не се однесуваат на тутун и производи од тутун, алкохол и алкохолни пијалаци, како и на парфеми и тоалетни води;“

односно дека се ослободува од данок на додадена вредност ако износот на пратката не е поголем од 22 EUR, ама не се ослободува и да е помала вредноста ако е тутун, алкохол, ....

Code: [Select]
http://www.slvesnik.com.mk/Issues/4055A6C9AAC63D4B830B98E7FE80FEDC.pdf
Code: [Select]
http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0019/Zakon_za_danokot_na_dodadena_vrednost_Sl.vesnik_na_RM_br.155-2012__10.12.2012.pdf
Повторно нагласувам, ова е различен закон од законот за Царина.

Инаку, не сум правник, и незнам дали терминот "увозни давачки" (делови кои ги цитираш), ги опфаќа двете работи при увоз: царина & данок на додадена вредност.

Меѓутоа знам дека во правото важи последното.....донесено.

P.S.
Примерот што го дадов не мора да биде за вредност од 10000 MKD. Било која вредност поголема од 45 EUR (~2770 MKD).

Значи ова не се однесува само на правни лица (кога правно лице праќа на физичко лице или правно лице на правно лице), туку се однесува и во ситуација кога физичко лице праќа на физичко лице? Никаде во измената не пишува за какви лица станува збор. Ова е многу збунувачки. Примач... примач може да биде и физичко и правно лице, тоа сака да каже?

Значи, за да дојдеш до комплетниот текст на законот, со сите измени, треба да почнеш на назад, кон каде се референцираат по службени весници, почнувајќи од првиот па натаму, да го изменуваш текстот (apply changes) според сите наредни измени. (На почетокот на овај закон, пишува кон кои броеви на службени весници се референцираат.)

Поконкретно [број на службен весник / година на издавање], сите референци на назад се:
44/1999
86/1999
8/2001
21/2003
19/2004
33/2006
101/2006
114/2007
103/2008
114/2009
133/2009
95/2010
102/2010
24/2011
135/2011

(Сите постари службени весници од една календарска година можат да се најдат без пари на линкот:
Code: [Select]
http://www.slvesnik.com.mk. Се наплаќаат само службени весници од тековната календарска година.)

Оние што се правници знаат кога (јас незнам), се издава прочистен текст на законот, односно текст во кој се извршени веќе сите промени (apply ALL changes), односно конечен/краен облик на текстот до датумот на издавањето на прочистениот текст.

Јасно сватив дека станува збор за два различни закони... "...царина..." и "данок на додадена вредност". Но, мене не ми е јасно, па ако има некој правник на форумот, нека ни објасни:
Q1.) Дали и за случаеви кога произлегува САМО плаќање на данок на додадена вредност, а сме ослободени од царина (односно вредност помеѓу 22 и 45 EUR), повторно мора да се ангажира шпедиција, односно постапка за целосен увоз, исто како и да кога ќе треба да се плати царина и данок?

или поопшто,

Q2.) Во кои случаеви се ангажира шпедиција (шпедитерски услуги)? - бидејќи ако си ослободен и од царина и од данок, колку што знаам, сигурно не се ангажира шпедиција. Нека ни ги објасни сите случаеви, физичко-физичко, правно-физичко, павно-правно, физичко-правно; a не мора да навлегува во деталите под кои услови се ослободуваат од плаќања на царина/данок.

Благодарам однапред, ако некој помогне во одговорите на овие прашања, или ни даде друг правен совет.

Поздрав,
mkfe.

Споено мислење: 16.04.2013, Tuesday, 09:44:59
Да ми речеше дека по некоја друга пошта ти рекле царина данок и останато да платиш би ме зачудило, но од DHL ништо ново, очекувано е да направат таква глупост, преку федекс до сега сум нарачувал еден куп работи, еднаш само имаше некој сите проблем со адресата, па човекот ми рече да појдам да си го подигнам со лична карта инаку до сега никаков проблем, за разлика од нив, од DHL од 1 нарачка 1 на царина, и тоа со сметка и се останато колку кошта и така натака (се работеше за сума помала од 10$) требаше да платам нешто измеѓу 2900 и 3900 денари.
Поштено се откажав од пакетот им реков да си го задржат.

И јас би ја одбегнувал DHL по секоја цена, од повеќе различни причини.

Но проблем е што некои испорачатели, испорачуваат роба само преку DHL. (Таков е примерот со Raspberry PI.) Па ако сакам нешто, а не се снајдам поинаку, ќе морам и така да "заиграм".

Или пак, ако сакам нешто посигурно и побрзо да ми пристигне, ќе морам да си платам дополнителни трошоци за услугата на DHL..... но дополнителните трошоци не застануваат тука.....бидејќи и платената услуга кон DHL како вредност се царини и даночи. (Aко DHL услугата чини за пример 8 USD, и вкупната сума заедно со робата не е испод границите за ослободување на царина/данок, она што треба да се плати не е само царина/данок кон вредноста на работа, туку и кон DHL услугата....8USD +18%/+10%)

Е сега зошто баш DHL е третирана ТОЛКУ ригорозно во нашата држава, што се "анализира" до влакно, тоа не ми е јасно.

Ево се споменуваат други услуги/пошти кои како да имаат по-лабави услови во поглед на царина/данок.