Да, тоа е типичен JDM програматор, го имаме направено и јас лично го користам него затоа што е практичен (не треба екстерно напојување) и мал. Има свои лимити (на пример неможе да програмира PIC микроконтролер на кој софтверски му е исклучен reset (MCLR) пинот и се случува еднаш програмиран PIC микроконтролер со таков код (HEX фајл) да неможеш веќе да го избришеш ниту репрограмираш преку JDM програматорот и мора да го направиш тоа на некој друг. Меѓутоа тие кодови се ретки и најчесто ти е потребно тој код да го програмираш само еднаш, така да и овој проблем не е проблем, воглавно работи за скоро сите PIC микроконтролери и се исплати за тоа што е многу едноставен.
Напомена: На шемата има ЛЕД диоди. Овие диоди да НЕ СЕ ВГРАДУВААТ бидејќи прават проблем на некои компјутери и програматорот не работи или лошо работи.
Втора напомена: За да работи како што треба овој програматор за програмата ICProg мора да биде инсталиран специјален драјвер (за детали видете ја веб страницата за оваа програма во секцијата за спуштање) и мора во опциите за хардвер да биде нагоден точно I/O delay бројот. Мене ми работи (на мојот компјутер) на 3, меѓутоа на некои компјутери работи на 5, некои на 2 и други броеви, да се проба!