Кога СТК има само напон за напојуванје а другите пинови се одлемени од плочата на стк на пиновите има 2В, а на лемните точки на плочата нема напон.
Тие 2В кои ги имам на плочата не доагјаат до СТК туку излегуваат од СТК, затоа мислам дека се остетени СТК. Тоа се случува со двата засилувачи со 2 сета "нови" СТК.
Ваљда добро те разбрав. Значи тој напон од 2V е всушност „повратен“ од влезовите на STK, така? Значи тој напон се јавува на пиновите од STK кога се друго е одлемено, само Vcc му носиш на STK.
Со извадени СТК не покажува amp err.
Тоа е сосема нормално бидејќи заштитата реагира на излез од засилувачот. Ако нема STK, нема излез, нема на што да реагира
.
... изгледа и тие СТК кои ги набавив не се како што треба.
Мене се поверојатно ми изгледа ова објаснување.
Ги зедов двата засилувачи за 10е не вредат да се замарам повеке со нив, ако од некаде најдам половни оригинални стк можеби ке пробам пак ако не во купот со делови
Види, излезен степен е. Може да гo изведеш со два LM3886, со што ќе добиеш 4 канали, без центар, ама за центарот може да додадеш некој TDA, или нешто слично. Води се по пропорции, колку можат да испорачаат двата STK на каналите и направи ги толку моќни и излезите со LM3886. Извади ги сите околни компоненти околу STK-та (ако не знаеш кои, а сакаш да се нафатиш на оваа преправка, може да ти помогнам) и задржи ги само C371 и C372 и заштитата на излез (и за ова можам да ти помогнам). Направи посебни полочки за LM3886 и со жици врзи ги за адекватните влезви/излези на оригиналната плочка. Да, ова бара малку време и труд, ама не е прекомплицирано... сакам да кажам изводливо е... под услов да си сигурен дека се останато работи како што треба. Ова може да го провериш со тоа што од C371 и C372 (и адекватните еквиваленти за Rear Left, Rear Right и Center) ќе го донесеш сигналот на влез на некој друг засилувач.
Ако сакаш да се нафатиш, да знаеш дека ќе имаш помош од моја страна. Ако не, вади трафото и се што може да се искористи и другото фрлај. STK оригинал нема да најдеш, а заменските може да се исти како што ги набави.
Пак ќе пишам. Ова е мој личен заклучок, што не значи дека сум во право, но
мој совет е да бегате од засилувачи со STK како ѓавол од темјан! Лесно горат, оригиналите се скапи, а копиите катастрофа. Во превод, ако ви изгори излезот, фрлете го засилувачот во ѓубре или зае*авајте се со преправки со LM3886.