Ако беше ова решение ќе го направеа за 500 ден и ќе беше комерцијализирано.
Проблемот што го посочуваш е начинот на прриклучување на потрошувач на енергетска мрежа.
Затоа постојат неколку видови на приклучок каде голема улога има заземјувањето.
Изворот на напојување од дистрибутивна трафостаница има заземјена нула, односно работно заземјување.
Заштитното заземјувањее на сите останати метални делови на трафостаницата. со спроводник од 50мм
2 и растојанио од 20-30м се поврзува триогалник со сонди каде е тоа заземјување поврзано со нулата односно звездиштето на трафото. Ако доводот на трафостаницата е кабловски(во земја) нема услови за атмосверски пренапони, тогаш работното и заштитното заземјување се премостени (споени).
Кај потрошувачот имаме исто изградба на заземјувач, но во условите на град Велес е многу слабо (120 оми) во просек по ридестиот дел од градот.
Ако имаме дефект да дојде до прекин на нултиот спроводник, или пак имаме асиметрија на потрошувачката во однос на трите фази тогааш исто така се појавува потенцијал на нултиот спроводник, ова е случај кај воздушните нисконапонски водови, додека кај кабловските напојувања се “влече“ заземјувачка поцинкована лента од трафостаницата па до потрошувачот кој го поврзува својот заземјувач на истата. Во овој случај во кабловските разводни ормари исто така се премостува неутралниот “нулти“ спроводник со заземјувачот. и никогаш нема да се јави асиметрија или “фаза“ на нулата бидејќи има многу мал отпор спрема земја и осигурачите брзо реагираат и потенцијалот нема да добие висока вредност на нултиот спроводник, односно не би реагирал вариосторот за заштита. И тој не реалира на 250в туку неговото “пробивање3 е на околу 360в
Ако заземјувањето е солидно и помало од 1-5оми, соподебел спроводник може да се премостат нултиот спроводник и заземјувањето па ќе го немаш проблемот од пренапон на неуттралниот ПЕН спроводник.
Ако сакаш добра заштита се прави со тријак и се подесува нековиот гејт да се активира на 250в кој прави краток спој помеѓу фаза и нула так да на првиот инпулс се активира заштитата, но претходно добро е да имаш и П- филтер со индуктивитети и кондензатори.
Споено мислење: 11.05.2015, Monday, 19:54:12
http://www.tradeofic.com/Circuit/13305-Triac_overvoltage_protection_circuit_with_automatic_reset.html