Останато > Сè останато
Прашање за трофазен штекер - чудни волтажи
(1/1)
Alucard:
Здраво екипа,
Едно прашање, напонот помеѓу фазите и заземјувањето кај трофазниот штекер е со следните вредности:
Фаза 1 - Заземјување = 290V
Фаза 2 - Заземјување = 195V
Фаза 3 - Заземјување = 195V
Што би можело да биде причината за ова, и што би можеле да бидат последиците врз уредот со овие вредности?
Секое мислење е добредојдено.
mikromk:
Здраво,
Прво измери го напонот помѓу фазите. напиши ги резултатите.
Напонот по фази се мери со нула а не со заземјување ,измери го напонот на фазите со нулата и напиши ги резултатите.
Ако пак има одстатување во вредностите, измери го напонот на влез и излез од осигурачите .
Alucard:
Еве комплет:
Фаза 1 - Фаза 2 = 410V
Фаза 1 - Фаза 3 = 410V
Фаза 2 - Фаза 3 = 410V
Фаза 1 - Нула = 230V
Фаза 2 - Нула = 230V
Фаза 3 - Нула = 230V
Фаза 1 - Заземјување = 290V
Фаза 2 - Заземјување = 195V
Фаза 3 - Заземјување = 195V
Нула - Заземјување = 73V (и ова не е како што треба, треба 0V да биде)
Напонот кај осигурачите, за трите фази посебно, мерен со собирниците за Нулата и Заземјувањето, е како што треба, т.е. по 230V поединечно, а исто така, од трофазниот кога ги мерам сите три фази посебно со Нулата и Заземјувањето од соседниот штекер, во ред се, т.е. по 230V поединечно.
Alucard:
Излезе дека жицата за заземјувањето е прекината некаде во кабелот.
Navigation
[0] Message Index
Go to full version