Аналогна електроника > Звучници

Звучници и активна скретница

(1/5) > >>

mikromk:
По подолго време се зафатив со еден поголем проект.
Се работи за  тросистемски звучници и активна скретница за нив кои се комплет DIY ,а појацалата се три исти Denoni  50W
Бас звучниците(B&W 8 ")  сместени се во посебни кутии со волумен од 30литри.Кутиите се изработени од балтичка шперплоча 18 мм,
појачани од внатре,маската е од орев.Лакирање шелак.Кутиите за среднотонец(Davis 13)и високотонец(Davis ili B&W) се посебни и уште работам на нивниот краен изглед.За проба се ставени во стари кутии со волумен од 5л.
Активната скретница е вметнав во еден EQ кој може да се користи или да се прескокне.Резот на фреквенции е 300Hz и 4500Hz фиксен.
Се надевам дека слики ке има утре.

mikromk:


GigaWatt:
Во посебни кутии ќе бидат високотонецот и среднотонецот?

mikromk:
Да, љубов од студенски денови Kef 105
Во тоа време сосема нов поглед на звучни кутии, прекрасен дизајн како уметнички така и конструктивен за тоа време.
Засега имам само две скици ,едно класично решение ,друго Арт Деко со кутии од инох полутопки и орев предна плоча.

LordZi:
Колега браво, одлично изгледа, баш ме интересира како ќе изгледа се заедно во комплет.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version