Други технологии > Електроенергетика

Помош поврзување на соларен панел со грејач од болјер

<< < (2/4) > >>

GigaWatt:

--- Quote from: LordZi on 21.09.2020, Monday, 14:41:06 ---Убаво си измислиле луѓето сончеви колектори за топла вода, не треба ни акумулатори, ни инвертори.
--- End quote ---

Со тоа што треба цевки за се тоа да пушташ, но, во конкретниот случај...


--- Quote from: DS on 20.09.2020, Sunday, 23:28:42 ---Затоа што во зграда не е изводливо да се влечат цевки сакам да ја искористам следнава шема и болјерот да се поврзе директно преку инвертер.
--- End quote ---


Вакви работи во станбена зграда се многу тешко изводливи... се исплати само ако цела зграда се согласи на ваква инвестиција. Во секоја друга комбинација, единствено место каде што би се исплатело нешто вакво е куќа.

И јас имав размислувано на оваа тема и сватив дека во зграда не се исплати. Ако веќе сакаш да скратиш на сметки за струја, размисли за купување на проточни бојлери и нови апарати во домаќинството (нови и економични фрижидери и фризови, микробранови печки, итн.). Со тоа ќе се искомепнзира потрошувачката на струја на бојлерот, а нема да чини колку инвестиција во фотоволтаични панели, ивертори и слични работи.

А и помал бојлер. Нашиот дома што го имаме е 50 литри. Повеќе од доволно е за еден човек да се избања, а се загрева за 20 минути ;).

bicikle:
Па вака треба жици да тегниш :)
Абе сега ти е таман 50 литра.... xD
Фрижидерите секако се економични, таков им е принципот, фризојте не знам што ти се :) технички на тараса или на надворешен ѕид можеш да обесиш соларни колектори за вода и се исплати, ама нема на ништо да личи а не знам и законски дали е изводливо, може да се појават и други компликации, башка ајде на 2ри ќе се испентариш некако ќе ги заштрафиш, ама ај на 10ти? По мое ако се покрие цела јужна страна  летно време ќе добиеш заштита од топлина, зиме секако нема да те загреат зраците преку ѕид, но таа тежина треба некаде да се држи... али да е плански и колективно по мое има есап.

mikromk:
За овој случај наједноставно е следново,
Примарен бојлер од 50л и секундарен бојлер од 100л.
Има фотонапонски панели со димензии 600мм х 1200 мм ,напон 70V, 1A  ЦЕНА 10ЕУР овде во Македонија.
Поврзуваш три сериски и добиваш 210V . Број на  вакви модули према потреба и место на поставување. Ги поврзуваш дирекно на греачот.
Зашто е потребен секундарен бојлер?
Тој е акумулатор на топлина кога ќе се загрее примарниот бојлер на потребна температура.
Со термостат се командува кој бојлер се грее.

LordZi:

--- Quote from: mikromk on 21.09.2020, Monday, 19:45:10 ---Има фотонапонски панели со димензии 600мм х 1200 мм ,напон 70V, 1A  ЦЕНА 10ЕУР овде во Македонија.

--- End quote ---

Кај ги има овие кај нас, да не си утнал една нула можда?

mikromk:
Не е грешка,
Братствоинох  Охрид ги продава по цена од 10 еур +ддв, неупотребени нови.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version