Други технологии > Сè останато

GPS Tracker

(1/2) > >>

kiko_juve:
Најпрво би сакал да се извинам но некако најсоодветно место за поставување на моето прашање ми беше оваа категорија, доколку мислите дека може да оди на друго место слободно преместете ја темата.

Моментално развивам некој мој GPS Tracker за велосипеди и мотори кој што планирам да го пуштам во употреба, односно да може секој да си го купи и да следи каде е неговиот велосипед, мотор итн. колку км изминал во одреден период, каде најчесто се движел...
Уредот е правен во комбинација од готови компоненти како Arduino, GPS module, OLED display.

Прашањето ми е: Дали за ваков тип на уреди потребна е некаква дозвола за продажа или некакви сертификати кои треба да се извадат за уредот ?

П.С: Уредот е наменет за МК пазар.

Сите информации околу пуштање на електронски уред во продукција се добредојдени! :)

GigaWatt:
Мислам дека не, бидејќи не користи никакви услуги или технологии кои се достапни само во оваа држава, но сепак, би се консултирал со адвокат за ова ;).

Патем, вакви уреди веќе постојат и се достапни по релативно ниска цена на интернет... чисто информативно ;).

kiko_juve:
Ти благодарам на одговорот и советот за консултација со адвокат. :)

Знам дека постојат вакви уреди но целта мене ми е да ги направам да комуницираат со мој бекенд систем кој потоа ќе прави многу работи со тие податоци. Не сум баш сигурен дека може тие кинеските решенија да се флешоваат со нов firmware но ако постои нешто такво може да се проба. Моментално сум во прототип фаза такада сите опции се отворени :)

Devil:
Доколку никој друг во државава не поседува индустриски дизајн (заштитен) за уредот најверојатно нема да имаш проблем, убаво е да се направи атестирање на уредот, доколку си во можност за истото.

Од искуство до сега никогаш не сум налетал на некој проблем од типот да не смее да се продава нештото.

kiko_juve:
Супер инфо. Ти благодарам многу. Прашањата ми дојдоа бидејќи налетав на еден тип што ми спомна нешто CE сертификат за ЕУ, па можеби тоа важело и за тука итн итн. па најдобро да бидам сигурен пред да продолжам да правам нешто :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version